Дежурна Ординација! #2

@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
931
Поени од реакции
1.312
Анксиозност?
Може и штитната жлезда да создаде хипертензија к'д е нарушена работата. Треба да си направи испитувања, вакој може само да се нагаѓа.
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.154
Поени од реакции
17.475
Може и штитната жлезда да создаде хипертензија к'д е нарушена работата. Треба да си направи испитувања, вакој може само да се нагаѓа.
Затоа прашав. Може да е и нутритивен проблем, или гојазност како што кажа @Kadaif
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.371
Поени од реакции
2.508
Ми треба мислење од докторите овде, а поготово ако има интернист...
Пред два месеци се породив и после тоа добив напад на жолчката. Отидов на неколку прегледи во различни болници и сите ми рекоа да ја вадам жолчката бидејќи е полна камења. Меѓувремено земав антибиотици и спазмолитици и еден период се смирија нападите.
Закажав операција во Ремедика и дури ја чекав истата дента на Нова Година добив силен напад и како хитен случај бев примена во Градска болница. Констатираа билиопанкретит, крвната слика беше ужас, а ултразвукот покажа дека еден од камењата од жолчката преминал во жолчниот канал и како резултат на тоа се воспалил панкреасот. Ме задржаа на интензивна нега цели 4 дена со еден куп лекови и инфузии и после тоа ми направија операција лапароскопска. Жолчното ќесе е отстрането, ама жолчните канали се оставени.
Сабајле си дојков дома во добра состојба, но ме загрижува страшно што хирургот рече дека не би требало каналите да прават проблем иако има каменче во едниот од нив ама ако се јават болки имало и за тоа решение без операција...
Колку се шансите да ми се направи пак проблем од типот на болка или напад? Јас не би го издржала тоа бидејќи два месеца оваа жолчка ме истошти мислам комплетно...Се плашам веќе и од најмала болка...
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
4.215
Поени од реакции
3.524

Долколку билирубинот се нормализирал постоа, најверојатно камененчето од жолчните патишта се има спуштено надолу и така се одстранила препреката. Така да не би требало да добиеш нов напад на болки. Доколку повторно се појави болка и сонографски има знаци за ненормално раширени жолчни патишта кој зборува за обструкција. Можно е да се направи MRCP или магнетна резонаца на жочни патишта. Тоа е неинвазивна метода. Доколку има навистина каменче и прави обструкција тогаш се прави ERCP. Едноскопска процедура за одстрануване на каменчето.
Автоматски споено мислење:

Vidi, novite antikoagulanti (Noak-pradaksa, eliquis, xarelta) ne se prepisuvaat kako tromboprofilaksa(prv izbor za tromboprofilaksa se niskomolekularnite heparini bidejki imaat dokazan podobar tromboprofilakticen ucinok i pomala incidenca na krvarenja vo sporedba so Noak).
За еликвисот има студии кои кажуваат дека е подобар за тромбоза профилакса од нискомолекуларен хепарин.

Последно уредено:
Член од
9 декември 2014
Мислења
495
Поени од реакции
942
Долколку билирубинот се нормализирал постоа, најверојатно камененчето од жолчните патишта се има спуштено надолу и така се одстранила препреката. Така да не би требало да добиеш нов напад на болки. Доколку повторно се појави болка и сонографски има знаци за ненормално раширени жолчни патишта кој зборува за обструкција. Можно е да се направи MRCP или магнетна резонаца на жочни патишта. Тоа е неинвазивна метода. Доколку има навистина каменче и прави обструкција тогаш се прави ERCP. Едноскопска процедура за одстрануване на каменчето.
Автоматски споено мислење:

За еликвисот има студии кои кажуваат дека е подобар за тромбоза профилакса од нискомолекуларен хепарин.

Kaj nehirurski pacienti (sto covid pacientite vsusnot predstvavuvaat, tromboprofilaksa se vrsi so NMH). Edinstven novitet kaj nehirurski pacient e kaj bolni so karcinom odredeni studii pokazale potencijal za tromboprofilaksa so Noak, iako seuste ne e generalna praksa.
Inaku drzi, pred hirurski zafat moze Noak.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
1.371
Поени од реакции
2.508
Долколку билирубинот се нормализирал постоа, најверојатно камененчето од жолчните патишта се има спуштено надолу и така се одстранила препреката. Така да не би требало да добиеш нов напад на болки. Доколку повторно се појави болка и сонографски има знаци за ненормално раширени жолчни патишта кој зборува за обструкција. Можно е да се направи MRCP или магнетна резонаца на жочни патишта. Тоа е неинвазивна метода. Доколку има навистина каменче и прави обструкција тогаш се прави ERCP. Едноскопска процедура за одстрануване на каменчето.
Автоматски споено мислење:

За еликвисот има студии кои кажуваат дека е подобар за тромбоза профилакса од нискомолекуларен хепарин.

Најпрво ти благодарам за мислењето. Истово твое мислење ми го даде и еден од врвните абдоминални хирурзи кај нас...Така да морам јавно да те пофалам...
Дента кога ме испишаа од болница ми правеа комплетна крвна слика и хирургот рече дека резултатите се во граница на нормала и дека можно е тие камчиња од жолчниот канал да се спуштат низ тенкото црево...Така да се молам да е таа варијанта кај мене бидејќи јас немам сила веќе да издржам ни минимална болка после сите тие патешествија со тежок пораѓај, па после тоа напади во жолчка и секоја втора вечер на ургентно итн...
А, според моето скромно знаење од медицината би рекла и дека сега кога нема жолчен сок - нема што да го турка каменчето...Ваљда има некоја логика во ова...
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
9.224
Поени од реакции
14.889
...те прочитав претходно кога напиша што мака имаш со нападите, ама некако исчезна од форумов и не ти пишав ЛП, те читам сега и реков ќе постирам, иако мислев малку да паузирам со постирање,
а ултразвукот покажа дека еден од камењата од жолчката преминал во жолчниот канал и како резултат на тоа се воспалил панкреасот. Ме задржаа на интензивна нега цели 4 дена со еден куп лекови и инфузии и после тоа ми направија операција лапароскопска. Жолчното ќесе е отстрането,
... пред хирушка интервенција на присуство на камен во жолчка и во жолчниот канал, секогаш приоритет има остранување на каменот од жолчниот канал чија ситуација е опасна по живот за разлика од жолчката со камења, велиш „врвни хирурзи“, можеби се не велам не, но според твоето објаснување дека со ултразвукот увиделе дека некое камче излегло од жолчката и влегло во жолчниот канал тоа е веќе опасна ситуација со жолчниот канал, може да дојде до толку силна инфекција поради затнато жолчен канал, жолчните киселини „се враќаат назат“ „удира“ на панкреас и на крај во јетра со што поради инфекцијата преку јетра може да се прошири низ целото тело таа инфекција и да настане сепса што е животно загрожувачка ситуација,
и затоа првенствено требале ИТНО да ја санираат ситуацијата со каменот во жолчниот канал, евентуално прво да се проба со метода ERCP со што требаше или да се „вшмукува“ камчето низ жолчниот канал до цревото или да се проба со „метод на балон“ со што се проширува жолчниот канал и „се гура камчето“ во цревото, еве пример визуелен (педијатриски) како би идело тоа, а потоа да се разгледува опцијата на хирушко остранување на жолчката,

Дента кога ме испишаа од болница ми правеа комплетна крвна слика и хирургот рече дека резултатите се во граница на нормала и дека можно е тие камчиња од жолчниот канал да се спуштат низ тенкото црево..
...со отстранување на самата жолчка која ти била полна со камења (всушност жолчката е само еден поврзан страничен „магацин“ на жолчни киселини кои се слева од јетра кон црева и тебе ти го остраниле тој „магацин“ но не ти го решиле прашањето со камчето во жолчниот канал што всушност највероватно од тоа ти биле нападите, а не од внатрешноста (камењата) на жолчката, затоа ти беа неподносливи болките и ти се случи „билиопанкреатит“ , така да не знам кој хирург би те оставил со камче во жолчен канал и само да ти ја извади жолчката „крстејќи се “можеби дека природно загалвеното камче ќе се слева низ жолчниот канал во цревата,

А, според моето скромно знаење од медицината би рекла и дека сега кога нема жолчен сок - нема што да го турка каменчето...Ваљда има некоја логика во ова...
... не знам како мислиш тоа дека „сега нема жолчен сок“ ??

Zucni-kamenac.jpg

жолчните киселини (сок) служат за дигестија на храната во цревата, јетрата ги лачи тие киселини посебно појачано кога јадеме повеќе мрсничко, обилно, од јетра иде жолчен канал до „магацинот“ т .е. жолчка и се собира за да биде регулирано тоа присуство на жолчни киселини „да задржи“ ако се во вишок или да „пушти“ ако има потреба а е во намалена количина испуштено од јетра!

kamenja-750x540.jpg

ете онака народски кажано да разберат и другите, а и да се потсетиме сите околу жолчката и жолчните канали и некои совети околу таа проблематика,

Последно уредено:
Член од
27 ноември 2007
Мислења
27.927
Поени од реакции
52.382
Еве ви резултати за дискусија. Да не мислите дека се заебавам, @CoolIris знае колку бев испаничен кога ги добив првите резултати, а @faust.mephistopheles знае колку напор вложи за да ме снабди со клексани <3

Ќе објаснам повторно.
Постар човек (67 години) крева температура која за кратко време од 37.2 скока на 38.4. Вечерта не му се спушта значајно со парацетамоли, па уште сабајлето закажуваат ПЦР тест за корона. Излегува негативен. Температирата му варира, т.ш. му паѓа од 38 на 36, па скока на 38.8, па паѓа до 37 со нешто итн. Има болки во мускули, не губи ни мирис, ни вкус.
Третиот ден од температурата, успеваме да издејствуваме да прави анализи на клиника.
На брзиот тест е негативен, па му земаат крв за тестирање на ДДимери, најразни анализи од крвна слика, му прават РТГ, бактериолошки тестови на микро итн. Може уткам некои термини, не ми замерувајте.

Спомнав и во претходниот пост. Фатија празници и резултатите ги добивавме последователно во различни денови.

Втор ден од температурата (ПЦР тест на државно):
1. Добива негативен ПЦР.

Трет ден од појава на температурата (Анализи на крвта во државна клиника):
2. Стигнуваат резултати од трансфузиологија, ДДимерите се 3800. Добива негативен брз тест. Поради сомнеж дека тестовите се направени прерано и поради негови хронични болести (шеќер и притисок), му даваат сумамед и еликвиз како антикоагулант.

Четврт ден од појава на температура:
3. Температурата конечно му паѓа и повеќе не крева температура. За цело време мериме сатурација и истата се движи меѓу 93 и 96. Болките од мускулите ги снемува, враќа и апетит.
4. Попладнето добиваме резултати од крвната слика, ја гледаат доктори и викаат КЛАСИЧНА корона слика.
Од прилика:
Седиментација 41
ЦРП 96
Wbc 8.5 од 4-9
Lymph 8 од 15-50
Neut 89.3 од 35-80
Железо 4.3
Од три страни со резултати, воглавно повеќето си беа во граници, ама правеле и тумор маркери, па ми падна во очи дека Ferritin има 554, а границите се 0-300. Го изгуглав нештото и ми искочи дека ковид пациентите кои се дијабетичари имаат покачен ваков параметар. PSA му беше во граници. Креатенинот му е покачен до 127 (горна граница 109).
5. Докторката се одлучи да вклучи и Панцеф. Ми сугерираат ако можам превентивно да снабдам и клексани.

Шестти ден од појава на температура (втори анализи на крвта во државна):
5. Веќе трети ден како е во добра состојба. Нема температура, почнат со второ пакетче Сумамед, си пие и Панцеф и Еликвиз, покрај витамини и се' останато.
6. Стигнуваат новите резултати. ДДимерите за три денови паднале од 3800 на 1300. What the fuck? Да напоменам дека тестовите се правени на исто место, на трансфузиологија. Зарем е можно толку да имаат ефект лекарствата за само три денови? Да земеме предвид дека првите тестови се направени при НИКАКВО пиење на лекарства, а овие по пиење на лекарства.
7. Видете ги параметрите од крвната слика:
Седиментација 51 (порасната)
ЦРП не е тестирано
Wbc 7.5 од 4-9
Lymph 30.1 од 15-50 (скока за 20-тина од минатиот пат)
Neut 60.9 од 35-80 (паѓа за 30-тина)
Железо 25 (скока за 20-тина, слично како што имал во мај 2020)

Интересно е што во меѓувреме, му скокаат триглицеридите и хемоглобинот за да ја поминат горната граница. Креатенинот е уште 127.
8. Добиваме РТГ од третиот ден. Чисто.

И сега? :D Дали е возможно за само три дена да има вакви резултати? Сега докториве и не се баш најсигурни дека претходната слика била предизвикана од корона. Викаат грип е.
Ама, стигнуваат резултатите од микробиоплогија, правени на третиот ден и испаѓа негативен на грип. Има некоја небитна бактерија во грло, која со антибиотициве е пратена во заборав.

Што мислите вие? Може ли да им се верува на резултативе од клиника? Ако терапијата е поставена врз грешни резултати, кој ќе одговара на крајот? За среќа пациентот ни е во одлична состојба, да не го заречам...
Одлучија да си ја дозаврши терапијата и за недела дена нови анализи. Факт е дека има жариште, седиментацијата е висока. Да не излезе некој рак на крајот, не дај боже...

п.с. ќе прикачев и слики ако мислите дека се заебавам, ама не функционира прикачувањево :)
 
Што ќе лечете сега? Покачена седиментација кај покачени триглицериди и малку покачен креатинин? Која ви е дијагнозата бре луѓе? Кои се симптомите? Што му праете на чоекот со тие антибиотици, еликвиси, сеа па и клексани и д-димер контроли???

Уште да му даете хемотерапија превентивно за да не фати рак е работава. Свашта.
 
@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
931
Поени од реакции
1.312
Што ќе лечете сега? Покачена седиментација кај покачени триглицериди и малку покачен креатинин? Која ви е дијагнозата бре луѓе? Кои се симптомите? Што му праете на чоекот со тие антибиотици, еликвиси, сеа па и клексани и д-димер контроли???

Уште да му даете хемотерапија превентивно за да не фати рак е работава. Свашта.
Ја не знам што те чуди овој. Позитиван човек на корону едну недељу тураа му само инфузије дома, а немаше симптоми развиено. На човекат осми дн му се слошило и си умре. Куде нас е ако га погодит иљач арно, ако не јбг тој ти е што ти е.
 
Wait a second. Јас не сум доктор, туку кажувам како се одвива лекувањето на татко ми. Никој од форумов не поставил дијагноза, само дискутираме. Во Македонија не функционира преглед од матичен лекар и затоа беа направени првичните анализи. Врз основа на нив, во консултација со еден куп доктори, му беше одредена таа терапија. И нормално дека на таква крвна слика би реагирале на тој начин, во случај кога пациентот три дена има температура над 38 и е високо ризичен за корона.
После три дена, излегоа сосема други резултати. Очигледно е дека нешто не е во ред, дај боже тоа да се првите резултати.
Во темата за короната, често зборував за тоа зошто короната во Македонија е пострашна од друго место. Затоа што системот е трул, матичните ги боли кур, не примаат пациенти од февруари. Луѓе со мака бараат чаре кај доктори познаници. Од друга страна, не можеш да се потпреш ни на резултатите од снинањата и анализите, ем доцнат, ем не знаеш дали се точни.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
4.215
Поени од реакции
3.524
Ја не знам што те чуди овој. Позитиван човек на корону едну недељу тураа му само инфузије дома, а немаше симптоми развиено. На човекат осми дн му се слошило и си умре. Куде нас е ако га погодит иљач арно, ако не јбг тој ти е што ти е.
Инфузии дома недељу дена без крвна анализа не се прави. Секое разредување на електролитите со инфузии е може да предизвика аритмии опасни по живот.
 
@Fluffy_bunny

Зајко кокорајко
Член од
24 декември 2020
Мислења
931
Поени од реакции
1.312
Инфузии дома недељу дена без крвна анализа не се прави. Секое разредување на електролитите со инфузии е може да предизвика аритмии опасни по живот.
Епа на крај срце му откажа. Удар доби човекат.
 
Kadaif

M.D.
Член од
21 јануари 2008
Мислења
4.215
Поени од реакции
3.524
Wait a second. Јас не сум доктор, туку кажувам како се одвива лекувањето на татко ми. Никој од форумов не поставил дијагноза, само дискутираме. Во Македонија не функционира преглед од матичен лекар и затоа беа направени првичните анализи. Врз основа на нив, во консултација со еден куп доктори, му беше одредена таа терапија. И нормално дека на таква крвна слика би реагирале на тој начин, во случај кога пациентот три дена има температура над 38 и е високо ризичен за корона.
После три дена, излегоа сосема други резултати. Очигледно е дека нешто не е во ред, дај боже тоа да се првите резултати.
Во темата за короната, често зборував за тоа зошто короната во Македонија е пострашна од друго место. Затоа што системот е трул, матичните ги боли кур, не примаат пациенти од февруари. Луѓе со мака бараат чаре кај доктори познаници. Од друга страна, не можеш да се потпреш ни на резултатите од снинањата и анализите, ем доцнат, ем не знаеш дали се точни.
Имал инфекција, земал антибиотици и нема напраено CRP туку тумор маркери, контроли на д-димери, па и феритин и железо и истиот тој не се нашол ниеден да го протолкува како што треба. Остаете го чоекот на мира бре.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom