Дежурна Ординација! #2

Член од
7 септември 2016
Мислења
19.524
Поени од реакции
34.672
Ne na vrat e stranicno vo pravec na uvoto samo podolu, Go boli samo na dopir i ne e bil bolen vo posledno vreme
...според мене е обична внатрешна бубулица која не може да избие, а можно да има и влакненце кое дополнително го усложува затоа боли на допир, највероватно пробал и да го истисне...
 
Black Hok

CRUISE
Член од
11 декември 2012
Мислења
2.346
Поени од реакции
1.215
Кога цепам дабови дрва,значи само дабови дрва,од самата прашина што испаѓа од дрвата при цепењето,од првото дрво што ќе го расцепам веднаш имам отежнато дишење,носот ми тече,ми солзат очите..
Дали во тие ебани дабови дрва има нешто што предизвикува алергиска реакција или слично..

Не е заебанција,чувството е ептен непријатно..
Освен маска да турам на носот и устата,друго чаре има ли нешто,и дали некој имал сличен проблем..
 
ruller

Expert
Член од
5 септември 2011
Мислења
493
Поени од реакции
317
Дечки ве молам лек за замастен џигер, поточно за вредностите АЛТ и АСТ ми се високи веќе неколку години. Силимарин пиев на повеќе пати ама пак се замастува.
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Дечки ве молам лек за замастен џигер, поточно за вредностите АЛТ и АСТ ми се високи веќе неколку години. Силимарин пиев на повеќе пати ама пак се замастува.
Смени си го начинот на живот најпрво и консумирај сок од грозје.
 
ruller

Expert
Член од
5 септември 2011
Мислења
493
Поени од реакции
317
Смени си го начинот на живот најпрво и консумирај сок од грозје.
Значи ниту сум хроник ниту пак јадам мрсно или месо секој ден. За да го сменам начинот на живот треба да станам алкохоличар или месождер? Сок од грозје = вино? Ако имаш некој конкретен предлог супер.
 
Омг, па што не пиша опширно што е проблемот? :tapp: 95% со покачени АЛТ и АСТ се со нездрав животен стил. Наместо опширно да пишете се што треба, само нафрлате "cena?" муабет. Не е сокот од грозје = вино, да беше вино ќе ти кажев вино, се работи за сок што скрос од регенерира црниот дроб, од алт, аст, до намалени билирубини ама чим си циничен и саркастичен, терај си.
 
Член од
14 декември 2017
Мислења
1
Поени од реакции
0
барам некој да ме посочи кон солидно решение на мојот проблем. Скоро станав мајка и околу четириесетиот ден добив напад од болки станав жолта во очите и на кожата а урината ми беше туку речи црвена. Бев на лекар и ми кажаа дека имам повеќе ситни каменчиња во жолчката но проблемот настанал кога едно каменче се заглавило во каналот до панкреасот. Во текот на идната недела треба да посетам доктор од гастро од скопје за да видат што може да направат со каменчето . Во меѓувреме ме интересира дали некој имал вакво искуство и како се отстранува заглавениот камен. во мојот случај операција отстранување на жолчката е неизбежно но откако ќе се реши проблемот со заглавениот камен.
 
ruller

Expert
Член од
5 септември 2011
Мислења
493
Поени од реакции
317
Омг, па што не пиша опширно што е проблемот? :tapp: 95% со покачени АЛТ и АСТ се со нездрав животен стил. Наместо опширно да пишете се што треба, само нафрлате "cena?" муабет. Не е сокот од грозје = вино, да беше вино ќе ти кажев вино, се работи за сок што скрос од регенерира црниот дроб, од алт, аст, до намалени билирубини ама чим си циничен и саркастичен, терај си.
Значи кажав дека години ми е ова, значи нема логика да барам спас од нешто а да се тепам со него нели? Уживај си
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Значи кажав дека години ми е ова, значи нема логика да барам спас од нешто а да се тепам со него нели? Уживај си
Антиоксидантите се успешен третман за многу болести, се зависи од тоа колку би бил дисциплиниран, колку веруваш, и колку си спремен да уложиш финансиски.
 
Член од
23 август 2010
Мислења
38.137
Поени од реакции
107.437
Не можев да најдам соодветна тема па да прашам тука... Значи брат ми има некое црвенило кое ваљда ќе го приметите на сликава, и тоа станува се помасовно и помасовно, на почеток беше помало па сега се подрашири и стана како цела дебела линија. Кога ќе го пипнеш е како закоравено, а го пече и го чеша и плус има изразито црвена боја, онака дречава. Сега ми кажа дека и доле кај препоната му се појавила мала линија, али ајде таму мислам и не е чудно затоа што некогаш знае така црвенило да се појави од пот или ако не се избањаш веднаш после тренинг/физичка активност.

Некој совет или мислење да каже што би можело да е ова и ако може да се реши со алтернативна медицина, а ако не каде да се упатиме, односно кај кој дерматолог. Ви благодарам однапред.

П.с. Ова на рамото што му го гледате и малце под него му е becker nevus бемката, не верувам да има некаква врска со ова погоре ама чисто да напоменам.
 
Ke ti repliciram utre, najkasno popladne i dermatolog ke ti preporacam
 
Psyside

Nocturnal
Член од
30 јануари 2009
Мислења
18.720
Поени од реакции
18.457
Некој совет или мислење да каже што би можело да е ова и ако може да се реши со алтернативна медицина, а ако не каде да се упатиме, односно кај кој дерматолог.

Може, али вака од слика тешко се гледа што е, може да е алергиска реакција, може да е габична инфекција, така да што треба прво да направиш?

1. Дијганоза на доктор (за секој случај или дерматолог)

2. Избор на третман (не по секоја цена да лупате антибиотици или кортиоко)

Се решава со есенцијални масла, сем ако не е некоја систематска габична инфекција, која пак ќе се реши топично, но внатрешно третманот е скроз друг.
 
ruller

Expert
Член од
5 септември 2011
Мислења
493
Поени од реакции
317
Антиоксидантите се успешен третман за многу болести, се зависи од тоа колку би бил дисциплиниран, колку веруваш, и колку си спремен да уложиш финансиски.
Благодарам на одговорот. Дали може пооширно за ова ако сакаш во ПП да не досадуваме тука?
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.524
Поени од реакции
34.672
Дечки ве молам лек за замастен џигер, поточно за вредностите АЛТ и АСТ ми се високи веќе неколку години. Силимарин пиев на повеќе пати ама пак се замастува.
Џигерот ... како велиш, ти е замастен односно не функционира како што треба, тоа може да биде од две причини :
едната, т.н. надворешен фактор во кој спаѓа внес на исхрана, алкохол, кофеин, лекови и стрес
другата, причина т.н. внатрешен фактор во кој спаѓа состојбата на внатрешна хемија, пореметен метаболизам, нефункционирање на друг орган поврзан со јетрата, генетска предиспозиција !

...јетрата која преставува најважен прочистител орган, но и место каде се формираат и други важни супстанции, како пример можам да ти кажам дека намалена работа на штитната жлезда има врска со неалкохоличарското стеатохепатитис или т.н. ,,масно воспаление на јетрените клетки,, претежно кај жените, но и мажите често пати поради неактивноста на штитната жлезда од недостаток на Јод, оти формирање на хормон Т3 се одвива во јетрата, односно тироидниот хормон Т4 кој се создава во штитната жлезда кога доаѓа во јетра под дејство на ензимски реакции се разложува од 4 молекули јод- Т4 во три молекули -Т3 , така и обратно секоја промена на јетрата негативно делува на формирање на хормонот Т3 при распад на неговиот прохормон Т4 (во контекс на поврзаноста на органите т.е жлездите).
велиш, АЛТ и АСТ се високи, колку тоа се високи, што не напиша колку се, десет пати повисоки ли? или се малку повеќе од наведените референтни вредности и тоа е репер за нефункционирање на јетрата?

... умор при минимален напор,болки во мускулите и зглобовите, појачано потење(поради неуспешност на исфрлување на токсините преку јетра па телото го исфрлува преку претераното потење) или создавање акни и егземи (исто поради неможноста на јетрата на исфрлување на токсичните соединенија во телото) често пати појава на алергиски реакции како што велам од мирно седење (пак поради неможноста на јетрата да ги исфрли веќе насобрани), дебелење и покрај невнес на храна, наизменично дијареа и запек поради неправилно функционирање на јетрата, главоболки во позадина на окото, лош здив, хормонска нерамнотежа поради неможност на исфрлување на вишокот на хормони, за да на крај делува во ,,централата, со појава на деконцетрација, депрсија, анксиозност па дури ,,црно гледање,, негативно размислување дека нешто лошо ќе се случи... кога од сево ова што е наброено се пронајде ќе речеме дека навистина подолго време имаш проблем со јетрата!
АСТ и АЛТ како ензими се појавуваат и во срцето и во јетрата, АЛТ го има повеќе во јетрата и бубрезите, а помалку во срцето и мускулите
ALT (alanine aminotransferase) и AST (aspartate aminotransferese) се сметаат за најважните индикатори за токсичната состојба на јетрата, ама на пример покачени вредности се од лекови тоа доаѓа како затворен круг, пиеш лекови за друго а ти ги оштетува јетрата и покажува висок износ на овие ензими кои всушност се од големо значење за метаболизмот на белковините и амино киселините во јетрата ! или друг пример, може си аматер бодибилдер и користиш некој орален стероид и потоа по некое време се чудиш од овие промени на јетрата или некои на пример ти вели редовно да пиеш аспирин 100мг добро за циркулација и срце и? знаеш дека тој аспирин дава високи вредности при лабораториско испитување на овие јетрени ензими? или ( немаш спомнато дали имаш покачен холестерол и ти е ординирано лекови -статини) при редовно користење на лекови од група на статини овие јетрени ензими се покачени? да редам? антибиотици, антиепилептични лекови, диетални суплименти, некои билни препарати се одговорни за постојан покачени овие јетрени ензими? дали си го зел во предвид тоа? да пред да се даде крв а лабораториско испитување да биде така добри 10 дена ,,прочистено телото,, од сите овие внесување?
ќе ти кажам друг пример, личен, исто направив така лабораториски анализи и ми се најде АЛТ висок, но не висок десет до четириесет пати повисок од референтните вредности, туку онака малку повисок.... интернистите знаеш, веднаш тоа снимање ова она ехо, чекај те бре малку не сум јас хроничен пациент ќе ја следам ситуацијата... и знаеш зошто беше покачен кога седев дома и пишував на лист од што може да биде? од едноставен претеран тренинг и потоа тоа натпревар турнир, јас добив такво воспаление на мускулите што резултира со покачен АЛТ скоро цел месец, а не значи дека јетрата ми се,,болни,, едноставно по неколку дена мирување направив пак анализа и АЛТ беше ,,смирен,,... така да е дискутабилно тоа што велиш со покачени АЛТ и АСТ ...ДА! се покачени, мнооооогу покачени при јетрено оштетување, но јас сум сигурна дека во горенаведеното ќе се пронајдеш и со остранување од твоето секојдневие ќе се повлечат покачените ензимски параметри...
и ДА ! веќе кога толку пишувам, ај да напоменам дека за јетрени параметри за функционалност, апсолутно треба да се испита АЛП ( кој укажува на дисфункција на жолчно ќесе поради опсртукција од жолчни камчиња кои и те како се одговорни за покачени АЛТ и АСТ) како и билирубин, албумин и протромбинско време е тогаш ќе бидат комплетни лабораторски анализи за јетрата со АЛТ и АСТ!
и сега моја препорака,
апсолутно ниеден лек не може да му помогне на јетрата како што може самата јетра сама да си помогне и сама да си ги обнови своите клетки, твое е само да овозможиш (доколку го има) помалку нејзино ,,работење,, за пречистување од токсини алкохол, кофеин, цела палета на лекови, љуто, мрсна исхрана, диетални суплименти, билни препарати, мирување од физичка активност, намалување на стресот, хормонално урамнотеженост (сексуален живот активен), средување на другите органи т.е. гастро -интестиналниот тракт да функционираат безпрекорно, зголемување на внес на овошје и зеленчук ...

и на сето тоа мала помош на јетрата за да може сама себе да се обнови, а за тоа потребни и се есенцијални аминокиселини, фосфолипиди кои со исхрана не може да се постигне, но со нивно внесување и те како за кратко време јетрата ќе ги регенерира своите клетки (доколку нема целосно оштетување-цироза, нели? ) значи според мене дополнително помош како внес само од Essentiale® !
... овде кај нас, ретко ќе најдеш ова да ти го каже и да ти го препорача, не знам што запнале на силимаринот кога овие есенцијални аминокиселини фосфолипиди треба да ги применуваме дури и при обилно јадење после родендени и слави прејадени дома треба да се зема едно два дена, да се помогна на јетрата... и пази ова, не се хемикалии туку се од соја !

;)

п.с.
јас сум од тие што сум противник од пиење на статини за покачен холестерол во огранизмот, тоа го докажав лично дека нормализирање се врши со повратно со што се направи пореметување на самиот метаболизам, каде посебно место го завзема методот на зајакнувањето на јетрата !
Смени си го начинот на живот најпрво и консумирај сок од грозје.
Значи ниту сум хроник ниту пак јадам мрсно или месо секој ден. За да го сменам начинот на живот треба да станам алкохоличар или месождер? Сок од грозје = вино? Ако имаш некој конкретен предлог супер.
Суво грозје и сок од суво грозје за прочистување на јетрата !

... требаше да каже сок од суво грозје, терминологијата го менува рецептот, па затоа мала забуна!
точно дека сувото грозје помага во ,,чистење,, на мрсната јетра и нејзино регенерирање, треба да се внимава само да се одбере тоа црно,темно кафеаво, цело зрно збрчкано суво грозје ( никако тоа светло жолто и сјајно, оти тоа е преработено ,,за око,, со сулфур диоксид и недоволно сушено) и доколку има мали дршки тоа е уште подобро укажувајќи на природно третирано зрно грозје,

... наутро пола чаша суво грозје се полива со топла вода и одстојува 15 мин, тоа се прави да се ,,исчисти,, од прашината и други несакани работи при сушењето, потоа се фрла водата и се мие убаво сувото грозије и се прелива до горе со превриена и оладена вода и останува така 24ч, до следното утро,
...сега наутро( демек следното утро) се испива и течноста и се изедува сувото грозје и се легнува пола час со ставање на топла облога на десна страна на стомакот !
...се применува само еднаш неделно, во тек на еден месец, по можност два пати годишно ! ;)
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom