Дежурна Ординација! #2

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Обично коа ќе осеќам како ми е сјебано малце грлото, знам дека ми е предзнак дека ќе се разболам. Али овојпат веќе 2 дена не ми е ништо, не ме тера да кашлам, не ме боли, само грлово ми е некако суво и на некој начин не убаво. Што лек има за ова отприлика, некој сируп нешто?
 
blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Обично коа ќе осеќам како ми е сјебано малце грлото, знам дека ми е предзнак дека ќе се разболам. Али овојпат веќе 2 дена не ми е ништо, не ме тера да кашлам, не ме боли, само грлово ми е некако суво и на некој начин не убаво. Што лек има за ова отприлика, некој сируп нешто?
Земи си Септолете или пиј топол чај.

Нешто за намалување на стрес? Се осеќам премногу стегнато, како желудникот да ми е стегнат, апетитот ми е се помал, се надевав со тек на времето ќе се намали, ама е се полошо.

Не ми се пијат лекарства, речиси секој ден, нешто друго чаре предложете.
Пробај да вежбаш нешто. Било што. Или само пешачи по кеј. Можеш да пробаш и со медитација ако најдеш каде и со кој...
 
Член од
7 февруари 2011
Мислења
211
Поени од реакции
105
Обично коа ќе осеќам како ми е сјебано малце грлото, знам дека ми е предзнак дека ќе се разболам. Али овојпат веќе 2 дена не ми е ништо, не ме тера да кашлам, не ме боли, само грлово ми е некако суво и на некој начин не убаво. Што лек има за ова отприлика, некој сируп нешто?
најверојатно настинка. За да превенираш инфекција, Табл Исламинт за цицање, тие го подмачкуваат грлото и го ублажуваат гребењето.Чај од жалфија или камилица делува антисептично и табл вит Ц од 500 мг 3x1 три дена доста ти се.[DOUBLEPOST=1401703455][/DOUBLEPOST]
Идеш во делот Лекови - Регистар - Пребарување по генерика/атц (тука пишуваш cinnarizine), ќе ти се појават лековите (од различни фирми) со оваа генерика цинаризин и ќе видиш упатства и цени, колку да знаеш што и како све има, бидејќи тоа е лекот што најчесто се користи при вртоглавици.

https://lekovi.zdravstvo.gov.mk/drugsregister/overview;jsessionid=53451ED2CEA21572461A36684C50FA4D.app5mojtermin

https://lekovi.zdravstvo.gov.mk/drugsregister/detailview/55465#

Од природни извори ... ѓумбирот се користи при мачнини, повраќање, вртоглавици ... се продава како прав или како капсули.

Исто, измери си го притисокот, да не е оттаму проблемот ... Поздрав, get well soon :)
Точно така :) Кај млади вртоглавиците најчесто се од пад на притисок,
Цинаризинот ги ублажува симптомите ама го бута притисокот :)
Moже и да е анемија во прашање исто најчеста причина за вртоглавици кај млади.
Исто и шеќерот.
И трето да се провери со отоскоп дали има ушна маст во ушите (чеп) кој исто така кога ќе ги затне ушите дава вртоглавици и зуење.
Чаеви јок. Баба Рада иде на лекар секоја недела без разлика шо ја гледате вие на телевизија и дава совети со чаеви :)[DOUBLEPOST=1401703660][/DOUBLEPOST]
Сношти здрав прав излегов се запивме и се прибрав вечерта.
Сабајлево станувам за никаде сиот, кивам како ненормален на секои 15 секунди, носот ми течи и ме чеша.
Не сум тестиран за алергии ама лани малку осетив од поленот, ама ова е ненормално нешто денес.
Шо бидува? Полен е? Шо да зеам?
Ако си се запил во природа може да е од полен :) Инаку мене ми личи дека ти паднал имунитетот пошто утредента после пиење имаш мамурлак. Витамини друже.
Лоратадинот ти е чарето(1 таблета дневно и навечер) и кафетин КОЛД - ама прво детоксифицирај се
Б комплекс дражеи 3x1 , Vit C 3x1 , Јогурт, овошје(цреши и портокали)[DOUBLEPOST=1401704138][/DOUBLEPOST]
За да ти даруваат крв треба нешто упат од матичната или некоја друга документација, се плаќа или... т.е како иде таа цела процедура?
Иначе хемоглобинот ми е околу 110 последно кога го мерев, железото ми е 2.8 може и нешто покачено е, а може и не е пошто баш периодов ми заврши менструацијата и богами беше обилна. Немам други здравствени проблеми освен железово што ме утепа, воопшто немам сила, не можам ни дланките да ги стегнам, главата, грбот се ме боли. Па мислев да ми прелеат крв пошто со таблети ќе се лекувам пола година и на крај пак исто.
Ако некој ја знае цела таа процедура како иде нека пише језда ја секако ќе отидам да прашам само не знам каде, а немам баш сила да се шетам од една во друга болница.
Ко што некој пиша погоре 110 е океј вредност. Ќе пиеш ампули ТотХема 10 дена матичниот ќе ти ги препише. Треба да смениш исхрана - спанаќ, блитва,цвекло, месо, аронија.. физичката активност ја подобрува крвната слика. Обично при менструација и после истата ако е обилна треба да се пие многу течности бидејќи паѓа притисокот и може од самата менструација да си истоштена. Многу течности , калциум и магнезиум и нема да имаш болки во мускулите.
Крв не ти треба :)[DOUBLEPOST=1401704560][/DOUBLEPOST]
Па го пијам скоро цела пролет додека има полен. Алергичен сум на полен, и цело време периодов сум поспан. :confused:
друже, лоратадин навечер се пие ама најверојатно така и го пиеш. Поспан моѓе да бидеш и од времево (метереопатија) а може си и анемичен.
Ако имаш алергии со лоратадин можеби нема да завршиш работа. Треба да се види дали имаш потреба и од спреј (Flixonase) да речеме или во некои случаеви се дава краткотрајно и декортин. Матичниот лекар ќе те упати кај шо треба.
за лоратадинот може да ти заменат со desloratadine 5 mg сега тој е понов и поефективен а не дава поспаност (исто како лоратадинот) Цетиризинот е појак ама и дава поспаност повеќе.
Алтернатива ти е Атаракс ама тоа од специјалист :)
Значи трк до матичен и да се испита и смени ако има потреба антихистаминикот и пиј си повеќе течности ако нема кој да ти измери притисок дома.[DOUBLEPOST=1401704942][/DOUBLEPOST]
мене кога ме прегледа матичната ми рече нема потреба да се грижам не е ништо. ако имаше нешто сигурно ќе ми кажеше или ќе ми даеше упат за на ехо, но јас сама си закажав за да бидам посигурна.
Ехо + Мамографија!
Кај млади(до 25-30 да речеме) најчесто се бенигни чворови во прашање или цисти.
ИЛИ Мускулно истегнување - Тоа ќе идеш до кај Специјалист Радиолог - ќе ти објасни и испита све што треба.[DOUBLEPOST=1401705251][/DOUBLEPOST]
Тинитус? Баш и неможеш засекогаш да се ослободиш од него, и јас го имам, не е јако зуење ама кога се е тивко најчесто го слушам. Пробај со некоја тивка музика навечер на компјутер, или на радио нешто пред спиење, притушено да ти свири, јас пред некој месец јако се зезнав на еден концерт без памукче, без ништо во увото, три дена после тоа додека да ми се врати на „левелот“ кајшо можам да го игнорирам само некоја тивка притушена музика ми беше спасот, инаку ми се чини перницата во уво ми беше:D
Чеп во уво од ушна маст е најчеста причина - треба да се види со отоскоп. Ќе ти го исперат увото и готово.
Ако не е од тоа тогаш ќе се испита притисокот да не ти е висок или може си го зезнал увото од прегласна музика ( избегнувај слушање музика со слушалки ) и гласна музика.
За тоа треба да идеш на ОРЛ специјалист и да ако има потреба - аудиометриско испитување.
 
Последно уредено:
Член од
13 март 2014
Мислења
691
Поени од реакции
142
Последниве 2, 3 месеци чувствувам тапа болка во левата града под и одстрана неколку дена ја нема , по неколку пак се јавува дали да одам на ехо само пошто сум слушнала дека мамографија за жени под 40 год е штетна а јас имам само 21? Се плашам дека може да е нешто сериозно...:(
 
Член од
7 февруари 2011
Мислења
211
Поени од реакции
105
Последниве 2, 3 месеци чувствувам тапа болка во левата града под и одстрана неколку дена ја нема , по неколку пак се јавува дали да одам на ехо само пошто сум слушнала дека мамографија за жени под 40 год е штетна а јас имам само 21? Се плашам дека може да е нешто сериозно...:([/quo
Последниве 2, 3 месеци чувствувам тапа болка во левата града под и одстрана неколку дена ја нема , по неколку пак се јавува дали да одам на ехо само пошто сум слушнала дека мамографија за жени под 40 год е штетна а јас имам само 21? Се плашам дека може да е нешто сериозно...:(
Прво матичниот ќе те упати кај радиолог и ќе направите ехо на дојка.
Потоа- ако иследувањето е нормално нема да правиш мамографија. Нема правила во медицината. Најчесто кај млади причина може да биде хормонален дисбаланс и тој да прави чворови и цисти кои се бенигни (безопасни).
Прво ехо па потоа ќе се види што потоа - ок?
 
Последно уредено:

Marquess

Ербап
Член од
20 јули 2009
Мислења
6.129
Поени од реакции
12.859
Би сакал некој да ги пише симптомите на кила(брух или како и да е).Ме боли доле од десната страна,ама не сум сигурен дали може да ми е истегнат некој од долните стомачни(баајги сум активен) или имам кила или нешто сосема трето.
Однапред благодарен ;)
 
Член од
6 април 2014
Мислења
5.055
Поени од реакции
6.380

треба да имаш болка под стомакот или препоните и да ти е подуено , но најбитно е да посетиш лекар.[DOUBLEPOST=1401736420][/DOUBLEPOST]
треба да имаш болка под стомакот или препоните и да ти е подуено , но најдобро е да посетиш лекар.
 
Член од
13 март 2014
Мислења
691
Поени од реакции
142
Прво матичниот ќе те упати кај радиолог и ќе направите ехо на дојка.
Потоа- ако иследувањето е нормално нема да правиш мамографија. Нема правила во медицината. Најчесто кај млади причина може да биде хормонален дисбаланс и тој да прави чворови и цисти кои се бенигни (безопасни).
Прво ехо па потоа ќе се види што потоа - ок?
чворови и цисти? :place:
 
Член од
7 февруари 2011
Мислења
211
Поени од реакции
105
Член од
27 мај 2013
Мислења
3.521
Поени од реакции
4.688
Имам некој чуден проблем последниве месеци, од време на време одеќам болка во левиот тестис, некогаш по мала но некогаш неподнослива и секогаш на левиот , незнам што да правам, па еве пишувам тука да не има некој исто со слично искуство да ме посоветува, на крај краева ќе одам на лекар, но прво сакав тука да слушнам некое искуство, некој да подели со мене, страшно ли е , што е работата, ако знаете би ми биде од голема помош, ви благодарам !
 
Andrew

ќ
Член од
27 октомври 2011
Мислења
5.832
Поени од реакции
15.261
Пред три дена, поточно недела сабајле си го притиснав прстот(палецот) на вратата од колата. Баш на ноктот, болки неподносливи ова она.. Не ми е прв пат де, ми помодре цел нокт, прстот ми е отечен малце и си ме боли константно.

Некој алтернативен лек за ублажување на болка/оток или слично?

Мајка ми крена паника да сум отишол на лекар да ми препишат антибиотик. Ја мислам не мора. Шо ќе кажете вие?
 
Член од
9 март 2010
Мислења
368
Поени од реакции
372
Имам некој чуден проблем последниве месеци, од време на време одеќам болка во левиот тестис, некогаш по мала но некогаш неподнослива и секогаш на левиот , незнам што да правам, па еве пишувам тука да не има некој исто со слично искуство да ме посоветува, на крај краева ќе одам на лекар, но прво сакав тука да слушнам некое искуство, некој да подели со мене, страшно ли е , што е работата, ако знаете би ми биде од голема помош, ви благодарам !
Не на крај краева, туку оди на лекар... Од форум никој не може да ти помогне, и лекар да е, не може да те види преку форум...
 
RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.148
Добро бе, сериозно, за вакви работи на доктор се иде. На форум се прашува за некои ситници ко настинки, несериозни физички повреди и слично. Батали форумов, цепај право на доктор, нема за вакви работи ни срамење ни ништо ако ти е ради тоа што прашуваш тука, а не на доктор.
 
Па да би ми било срам, и затоа пишав тука.. но мора по се изгледа да отидам, фала ви во секој случај
 
Kajgana Shop

На врв Bottom