Дедо Мраз

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.108
Изгледа само мене како мала не ме лажеле дека Дедо Мраз навистина постои. На филмови гледав едно, моите ми кажуваа друго -.- Јас никогаш не добивав подароци под елката за нова година и не знам како изгледа тоа. Ама затоа едвај чекав да излезат дедо Мразовците на улица и да одам да им побарам балонче.
eve dushichke za tebe, da te vratam vo detstvoto i da ja pochuvstvuvash Bozhiknata magija- no preku film za zhal -

 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Секоја година пред Нова година повеќето од нас китат елки. Но, малкумина знаат зошто се прави тоа
Постојат две верувања за тоа како настанало китењето на елките. Според првото, свети Бонифације спасил живот на дете кое паганите сакале да го жртвуваат, така што со тупаница срамнил со земја храст околу кој се собрале. На местото каде се наоѓал храстот никнала елка, како симбол на Исусовиот вечен живот.
Според друго верување, пред повеќе од 2000 години, пред пештерата во која се родил Исус растеле, бор, кедар и елка. Од среќа што се родил Божјиот син, борот и кедарот се занишале и му подариле плодови. Елката почнала да плаче зошто нема плодови и што не може ништо да му подари. Еден ангел се сожалил, симнал ѕвезда од небото и и ја дал на елката. Елката се свиткала и од својот врв нежно ја истресла ѕвездата покрај Исус.
Зимзеленото дрво е симбол на вечен живот кај многу стари народи Египќаните, Кинезите, Евреите. Постојат повеќе легенди за тоа како настанала првата новогодишна елка.
Обичајот за китење на новогодишна и божикна елка влече корени од 11. век. Рајското дрвце украсено со црвени јаболки на 24 декември, на денот на Адам и Ева, во Западна Германија со време почна да се внесува во домовите и да се кити со разни колачи. Свеќите, како симбол на Христос, биле задолжителен декор на тој обичај. Во истата соба се наоѓале мали пирамиди правени од храна и украсувани со зеленило, свеќи и ѕвезди.
Со спојувањето на тие два обичаи во 16. век се прифатил ритуалот на украсување на божикно дрво, а во 18. век тој се проширил на цела Германија, Франција и Австрија. Принцот Алберт, маж на кралицата Викторија, донел елка во виндзорскиот замок во 1841 година. Таа елка била украсена со играчки и мали подароци, колачи и хартиени цветчиња. Обичајот од кралскиот круг брзо се проширил на средната класа, а потоа и на обичниот народ.
Со посредство на Германците, елката во раниот 17. век се доселила и во Северна Америка, а преку западните мисионери божикното дрво во текот на 19. и 20. век стигнува и во Кина и во Јапонија. Раскошниот изглед кој симболизира среќа, богатство и благодет, елката го добила во 19. век.
Китење на елка
Еден од најубавите обичаи во врска со доаѓањето на Новата година е китењето на елката. Како ќе ја накитите елката во денешно време е работа на вкус, идеи, материјални можности, но и знаење. Ние ви нудиме неколку совети во врска со китењето, за вашата новогодишна елка да биде вистински одраз на расположението во кое сте. Според тоа, да се позанимаваме со боите.
Кога китите елка, не претерувајте со боите, но не претерувајте ни со прерано китење. Ако прерано ја накитите елката, може да се случи целиот тој сјај и блескавост на бои да ве засити пред време. Во духот на нашите обичаи, размислете за тоа дека елката треба да ја поставите пред Нова година, за да остане до Православна Нова година.
Исто така, пожелно е секој од домашните, па дури и гостин да стави некој свој украс на елката, за да се чувствува попријатно. Тоа не мора да биде купен украс; подеднакво убава може да биде елка накитена со бомбони или со украси кои ќе ги направите сами. Но, да се вратиме на боите.
Зелена - оваа боја треба што повеќе да се користи. Новогодишната грозница може да биде многу стресна и затоа е важно во домот да доминира зелената боја, бидејќи таа боја смирува. Покрај тоа, одличен контраст е на доминантната црвена новогодишна боја. Ако сте се одлучиле за зелена елка, тоа е добар избор, бидејќи на зелена боја одат дури и многу разнобојни украси.

Бела - фенг шуи вели дека тоа е боја без живот, боја без боја и дека не се препорачува да се користи во вакви прилики. Меѓутоа, во последно време се појавуваат се повеќе бели новогодишни елки и украсни гранчиња, кои можат подеднакво да бидат вкусно накитени. Сепак, ако китите бела елка, треба да водите сметка за тоа да не мешате повеќе од две бои на украси.


Црвена - не се вели залудно дека тоа е боја која симболизира радост, среќа, уживање, но и длабока и страсна љубов. Исто така, се верува дека штити од негативна енергија и без сомневање може да се каже дека тоа е боја која почнувајќи од гардеробата на Дедо Мраз, па до украсните ленти и сијалички, најчесто може да се види пред новогодишните празници. Црвената боја на украсите идеално од со златната боја.


Сина - боја на духовност, сочувство и нежност. Се поврзува со духовноста, постојаноста и верноста. Како и зелената и оваа боја делува смирувачки. Затоа, ако наместо за зелена се определите за бела вештачка елка, идеална боја за украсите е сина.


Виолетова (пурпурна) - боја која симболизира верност, вистинитост, љубов и страдање. Тоа во ист момент е и боја на високото благородништво, па елката може навистина да изгледа ексклузивно ако со неа доминира виолетова боја.
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
According to the Encyclopædia Britannica, "The use of evergreen trees, wreaths, and garlands to symbolize eternal life was a custom of the ancient Egyptians, Chinese, and Hebrews. Tree worship was common among the pagan Europeans and survived their conversion to Christianity.
It is frequently traced to the symbolism of evergreen trees in pre-Christian winter rites.
Пагански обичај. Предрисјански.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.444
Поени од реакции
34.358
Денес ја прашувам мојата 2 годишна внука каде е Дедо Мраз, а таа целата во еуфорија ‘‘Надвор еееееееееее, ќе дојде уште малку‘‘:pos:
Колку само ќе се разочара кога ќе сфати дека Дедо Мраз не постои :icon_mrgr:
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Денес ја прашувам мојата 2 годишна внука каде е Дедо Мраз, а таа целата во еуфорија ‘‘Надвор еееееееееее, ќе дојде уште малку‘‘:pos:
Колку само ќе се разочара кога ќе сфати дека Дедо Мраз не постои :icon_mrgr:
НЕ ПОСТОИ ДЕДО МРАААЗ??????????????? :confused::confused::confused::confused::place::place::place::place::place::place::place::place::place::place::place::place::place::place:o_O
 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062


Imaat de. Imaat, ama ovaa mu e makedonckata modernata zenicka.
 

Darklady

Модераторка
Член од
29 октомври 2011
Мислења
5.444
Поени од реакции
34.358
rusite kade, kade imaat podobar naziv za druzkata na Dedo Mraz
a i ovaa tvojava zar lichi na „baba“?!
Па баш затоа пред некој ден констатирав дека е крајно дискриминирачки, Дедо Мраз секаде е стар, дебел со бела брада, а ‘‘баба Мразица ‘‘ никаде нема тртка на носот :P
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963

Kajgana Shop

На врв Bottom