Se slozuvam deka rizikot na 2god e pogolem ama fakt e deka sekoj sto igrase na denarot vo poslednite 15 godini napravi najdobra investicija. Me interesira tvojot predlog od eurostandard banka. Ako vlozis 20 000 evra i po edna godina si povleces 15 000 dali na tie povleceni pari ke dobies kamata za taa godina dodeka bile vlozeni ili samo ke ti gi isplatat bez da ti dadat kamata a kamata ke dobies na ostanatite 5 000 koi ti ostanale do istekot na dvete godini?
15 не, ами 10 години јас токму тоа го правам ‘‘играм на Денарот‘‘ Денарски депозити во банките... и барем десетина, можеби и повеќе постови ми се на таа тема на форумов!....
Меѓутоа повторно ќе кажам, сега кога каматите се приближуваат опасно на инфлацијата, а згора на се случувањата во економиите и во РМ и во ЕУ, нормално мислам на депресијата....итн не сум сигурен дека штедењето е исплатливо!? Уствари јас како и многу други незнам што веќе во овој момент е профитабилно исплатливо за инвестиција...
Значи убаво беше да штедиш и се надеваш на принос (камата) од цца 10% кога инфлацијата во РМ беше 2-3% кога растот на БДП-то беше од 2 па се до 7-8%, па ако сакаш и кога Еврото во однос на Доларот беше 1,4 -1,5$ = 1 Euro, со години така тераше....
Но сега кога Доларот опасно се доближува на вредноста на Еврото, кога МК извесно е ќе влезе во депресија со негативен раст на БДП-то (те пад) и кога инфлацијата се доближува на каматите кои ги даваат банките... единствено од штедењето може да се очекува капиталот да не изгуби многу од вредноста!
Инаку да! Еуростандард Банка ќе ти исплатат камата комплетно за првата година, без оглед што би повлекол 15,000 Евра со истекот на истата. Ти би можел да речеме и месечно да ја подигаш каматата. Проста е математиката дека за 20,000 Евра орочени на 2 години, со каматна стопа која што е актуелна (7,2%)...(по среден курс 61,5 да речеме) секој месец до повлекувањето на 15,000- Евра, те. првата година, би добивал 7380 ден...х 12 = 88,560 (годишно)....И не 15,000 Евра, по истекот на првата година, со исплатената камата за таа, можеш да ги повлечеш 19,500 Евра доколку не ти одговара каматата за втората година.... 500 мора да ‘‘одлежат‘‘ до крајот на рочноста те сите 24 мес.