Им освојувал територии, па на име репарации грдни пари им земал... Впрочем, битката кај Ипсос (ми се чини, не се сеќавам кое место беше, да не сум ги помашал со останатите битки на Александар) е моментот кога под водство на Филип (со едно крило на фалангата командувал Александар) се покорени сите грчки градови-држави и така „обединетои“ (би рекле Грците), а всушност покорени поаѓаат во освојување на нови територии по атентатот на Филип, под Александрово водство.
Впрочем, важен и е моментот дека говорите на грчкиот филозоф Демостен се нарекуваат „филипики“ и биле насочени против Филип II Македонски! Немало говор, а да не го спомне во негативна конотација! Најверојатно и неговиот атентат е испланиран и платен од Грци (жена му, исто така, има раце замешано!). Грците НИКОГАШ не го споменуваат Филип, големиот Македонец, кој ги има покорувано...
Мистичен,
ако ние немаме генетски ништо со античките Македонци, тогаш и Грците не верувам дека имаат нешто заедничко со тогашните Македонци, а, богами, и со тогашните Елини! Луѓето не се вода, па од долго седње на Сонце да испарат... тука битисувале и суштествувале Македонци. Ние сме се` уште тука, на истата таа територија!