Дебарца

Член од
13 јануари 2015
Мислења
1.044
Поени од реакции
983
Дејан Димитров-Карпата

Дејан Димитров бил роден на 22.3.1873 во селото Лактиње.Тој не одел на училиште а тешките услови под турско ќе го натераат да оди на печалба во Бугарија.Во 1890 и 1891 работел како каменорезец во Русе и Варна.
Во 1901 станал војвода во ВМОРО,на 6 Јули 1901,станал комита во четата на Тале Горанов,а во 1902 бил подвојвода во четата на Никола Петров Русински кој дејствувал во Дебарца.Веќе во Јули 1902 бил назначен за војвода на чета.
Во средината на Март 1903 четата на Димитров била опколена кај селото Арбиново,Дејан успеал да го пробие обрачот и се спасил,но во оваа борба против турците загинал војводата Тома Давидов кој дошол во помош на Дејановата чета.
Дејан зедол учество на смилевскиот конгрес,за време на Илинденското востание учествувал во неколку борби.
Во 1905 се префрла во Велешко(азот)да се бори против Српската пропаганда,потоа повторно се префрла во Охридско каде дејствува заедно со Петар Чаулев.
Во пресрет на првата балканска војна Дејан бил уапсен и однесен во затворот во село Песочани,каде бил страшно измачуван,брутално тепан,и потоа бил носен од село во село како трофеј.Во селото Песочани бил врзан за јаже и спуштан во вода додека не се онесвести,најпосле бил жив запален,и така завршил животот на најомилениот војвода од Дебарца(Дебрца),за кого народот има и песна. dejan_dimitrov_vojvoda.png

Ми слезе Дејан војвода

Никнала трева зелена,
ми разлистела гората,
ми слезе Дејан војвода /
од славна Славеј планина. / x2

Цела Деб`рца ја прошета,
од очи солзи пророна,
многу мајки тој виде /
во црно сè облечени. / x2

Едно ми пиле долета
на сува гранка застана,
жална ми песна зепеја, /
од луѓе неќе да бега. / x2

Штом војвода го догледа,
лоша му мисла долета,
тргна за Славеј планина /
кај своја верна дружина. / x2

Уште во Славеј не појде,
в раце кај ѕверови ојде,
рацете му ги врзаја, /
кај Опчели го фрлија. / x2

Цела Деб`рца зажали,
старо и младо заплачи,
дека ми Дејан загина, /
млад Дејан, силен војвода. / x2
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom