Двотактол - кој го користите?

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.550
Поени од реакции
7.265
Кој двотактол го користите, и кој е најдобар? Нема штедење на цена, едноставно кој е најдобар од сите? На такви работи не смее да се штеди.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Јас во двата мотори ставав Фина синтетичко. Некои 650 денари беше и доста квалитетно се покажа. Имав пред тоа ставано различни масла во Каџивата и на крај сватив дека од Приста (она најѓупското масло) нејкеше да пали на сабајле па туркај го едно 200-300 метра(се замастуваше свекичката на 10 км и чадеше како оџакот на РЕК).
Јамахата не е толку проблематична, но и во неа остана да ставаме Фина.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.550
Поени од реакции
7.265
Па и јас гледам тоа Пристата е бугарско, што очекуваш од цигани.
 
Член од
26 февруари 2007
Мислења
366
Поени од реакции
10
Јас користам Elf Moto 2XT Tech 600 ден мислам дека е и доста задоволен сум.Не чади воопшто а и на ауспухот нема никакви траги од улје како шо приметуам на некој двотактни мотори
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Тие трагите на ауспухот се ако претераш со ставање масло т.е. ако правиш сам мешавина и тураш од око, како што турав јас во моето. Знаеше на високи обртаи да го исфрли од време на време остатокот од недогорениот двотактол низ лонец и да направи се бербат. Новите не би требало да имаат такви проблеми бидејки имаат пумпи за масло кои прецизно работат.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.550
Поени од реакции
7.265
И мене пумпата наверојатно не ми работи, ама и да купам нова, немам индикатор кој ќе каже ако евентуално откаже, и со тоа да отиде цел мотор. Затоа кај двотактните кои немаат светлосен индикатор за пумпата подобро е да се изиграва Балтазар и да се меша мешавина да речеме 1 према 25, меѓутоа точно, не од око.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Па јас затоа ја исклучив пумпата а инаку ставав на 3 литра бензин 100 грама масло. Во некои двотактоли има и мерач од 100 грама за прецизно турање на двотактолот.
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.550
Поени од реакции
7.265
Многу ќе ти чади така, еден добар мајстор (кој ми го средува моторот) ми кажа дека добра смеса е 1 према 25, значи на 2,5 литри гориво 100 грама масло. Е сега зависи и од моторот, ваква смеса воопшто не чади а и е доволно солидна за работа на моторот. Можеби сила 1 према 2,7, меѓутоа и 2,5 е сосема доволно за добро очуван мотор.

Единствено ако моторот е во очајна состојба, тогаш се практикува посилна смеса за да трае повеќе самиот мотор.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Штознам... Мојата 125-ка без проблем одеше 140 а воопшто не чадеше со оваа смеса што ја правев јас. А и смесата иде баш поретка мојата е 3 литра со 100 грама, а твојата 2,5 литра со 100 грама... Според мене баш повеќе треба да чади ако ставаш 100 грама масло на 2,5 литри. (исто масло, помалку бензин)
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.550
Поени од реакции
7.265
Извини грешно сум напишал, во право си, ме сфати што сакав да ти кажам...

Нормално е од 2.5 до 3 литри на 100 грама масло. Сигурно влијае и квалитетното масло па така и на со три литри би било во ред да се вози.

Некои викаат што повеќе - се зголемува векот на моторот, но јас мислам дека најдобро е умерено.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
Па умерено е најдобро. А ако ставаш повеќе се знае... Тоа што неможе да согори ке го фрли низ издув. Така да ке почне да капи масло од ауспух, да масти свеќичка и тн.
 

Marchence

In love with Ssss
Член од
17 мај 2007
Мислења
483
Поени од реакции
1
Edno prasanje od neuki kako mene: mesate dvotaktol so benzin zasto nemate posebno prostor za ulje ili i vo toj slucaj treba da se mesa. Imam eden korejski skuter, na pocetok mesav, ama mnogu cadese (stavav od oko) a potoa eden majstor mi rece deka se mesa samo kaj postari modeli, a kaj novive ne trebalo, motorot avtomatski vrsel mesanje. Sega veke neznam sto treba da pravam!
 

A__

Супер модератор
Член од
16 март 2005
Мислења
4.550
Поени од реакции
7.265
Вака, мешањето кај двотактните мотори (додавање на масло во горивото) се прави кај постарите двотактни мотори кои немаат пумпа за масло која ќе шприца масло, па така за да не зариба моторот маслото како подмачкувач се става во резервоарот за бензин. Има доста двотактни мотори (и од 70-тите) кои имаат пумпа за масло, меѓутоа кај нив често знаат да откажат а ретко има светлосен индикатор кој ќе покаже ако пумпата за масло цркне - при што моторот би зарибал.

Е сега кај поновиве двотактни скутери има пумпа за масло па дури и индикатори, па затоа повеќе се практикува самата пумпа да си прави смеса која ќе ја користи за време на работата на моторот.

Ако немаш светлосен индикатор за пумпата, а сакаш да бидеш сигурен дека нема да ти зариба моторот, убаво е самиот да ставаш мешавина во резервоарот. Ама не од око, туку со прецизно мерење. Ако ставаш прецизно нема воопшто да имаш проблеми со чадење.
 
Член од
26 февруари 2007
Мислења
366
Поени од реакции
10
Да али јас тоа трагите оди улје ги видов на ист мотор како мојот.Ист модел и годиште.Може ли да е до улјето зошто се со пумпа за улје така да нема шанси да ставил превише улје или сл.
 

Dzish

unlike any other...
Член од
15 февруари 2007
Мислења
13.994
Поени од реакции
2.687
За Sase91 : Пумпата за масло е прецизна само доколу е правилно дотерана и наштелувана. Колку што имам јас искуство сајлата за гас се дели на 2 дела. Едниот оди на карбуратор, а едниот на пумпата за масло. Овие две сајли треба да бидат усогласени т.е. колку што трга на карбуратор, толку да трга и на маслената. Долоку овај баланс се наруши... Може или да оди многу масло или малку. Тоа се враќа во нормала многу лесно (барем за мене). Така да немора да значи дека ако има пумпа мора да работи перфектно.

Мало надополнување на Андроник: Индикатор кој покажува дали пумпата за масло работи до сега немам видено на ниеден мотор. Ако мислиш на едно црвено ламбиче со логото за масло тоа е индикатор кој покажува дека нивото на масло во резервоарот е мало и треба да се дотури. Баш за тоа јас ја имав исклучено маслената пумпа пошто ја имав забележано дека многупати различно даваше масло (некогаш ке чади облак, некогаш грам чад не фрла) и ми беше страв да не го зарибам. Така да мој совет за тие што имаат постари машини... Баталете пумпи. Правење сам мешавина можеби е малку подосадно и бара прецизност (која по 10-15 ставања на бензин секој ке ја стекни колку сака нека е тапа), ама е 100% сигурно дека моторот нема да ви зариба од возење без масло.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom