Два авиона со избегнат судир на аеродромот во Барселонa

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.626
Поени од реакции
14.399
На видеото се гледа како Utair Boeing 767-300 се подготвува за слетување, а на патеката се подготвува за полетување Airbus A340-300.
Во последен момент пилотот на авионот кој што слетува го менува нагло курсот и се крева повторно во воздухот.
Случајот можеше да биде трагичен, ако времето и видливоста биле лоши, коментираат експертите.
За еден ден видеото има над 2+ милиони гледаност

 
Член од
21 мај 2014
Мислења
61
Поени од реакции
55
слично на она што се случило во тенерифе.
 
Член од
5 февруари 2014
Мислења
138
Поени од реакции
60
Арно што повторно се кренал во воздух едниот авион,инаку готови биле.:(
 

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
слично на она што се случило во тенерифе.
само што за разлика од тенерифе тука видливоста е мноооогу поголема.

Колку сака нека имаат искуство вработените во контролната кула, кои сака нека се, одма отказ и забрана за вршење на одговорна работа. Нека пакуваат ќеси во некој маркет или вц-а во некој трговски нека чистат.
 

STEALTH

God is a DJ
Член од
25 ноември 2011
Мислења
10.626
Поени од реакции
14.399
Не мора да значи дека вработените у контролна се криви, има таму коментари под видеото која е процедурата
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.608
Некоја информација дали авионот на земја е со патници или после растовар и слегување на луѓето пилотит или таму некој само го препаркирува од терминал или слично. Се некако не ми личи како да се спрема за полетување. Луѓето во кулата можеби ниту дале ниту знаеле дека некој се движи во насока на пистата каде дале дозвола да тој од горе слета.
 

The_Red1

значи фактички
Член од
18 септември 2009
Мислења
4.209
Поени од реакции
4.756
Не мора да значи дека вработените у контролна се криви, има таму коментари под видеото која е процедурата
У реду, избрзав со судот за вработените во контролната кула, сепак, една од трите страни е целосно одговорна - едниот авион, другиот авион или контролната кула. Е сеа кој и да излезе на крај виновен треба да му се забрани вршење иста или слична дејност. Животи се во прашање, не е играчка. Ипак 2014 сме, не сме '77 ко што спомна членот за Тенерифе, на таква технологија два авиона да се најдат на писта денес е аматерски и крајно непрофесионално.
 
Член од
21 мај 2014
Мислења
61
Поени од реакции
55
Може е аматерски, но се случува.Со оглед на големата фрекфентност на авиони би рекол дека не е непрофесионално туку едноставно е човека грешка. Се случило два авиони да се судрат за време на лет, нели пак на писта. Нема потреба да коментираме дали треба да има дадат отказ или не.
 

Del Boy

You plonker!
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.938
Поени од реакции
35.341
Како нема потреба да коментираме , па затоа е и отворена темата. Брз и експресен отказ за контролорите , единствени кривци се они. Пилотите се спели кога станува збор за тој дел од работата , само извршуваат наредби од контролорите. Среќа пилотот што слетуваше е сигурно искусен и покажа спретност во ситуацијата , иначе можеше да има над 500 жртви од двата авиони , ако не и повеќе.

Само отказ ќе биде поука и застрашување на другите , да не праваат такви грешки.

Некоја информација дали авионот на земја е со патници или после растовар и слегување на луѓето пилотит или таму некој само го препаркирува од терминал или слично. Се некако не ми личи како да се спрема за полетување. Луѓето во кулата можеби ниту дале ниту знаеле дека некој се движи во насока на пистата каде дале дозвола да тој од горе слета.
Авионот кога е приземјен на терминал во никој случај не смее да се движи сам низ аеродромот без наредба од кулата , а камоли да препаркира како што му текне. Значи не смее да мрдне 10 сантима од место ако не му дадат одобрување.
 
Член од
21 мај 2014
Мислења
61
Поени од реакции
55
Еве во тенерифе било слично, но за разлика од ова ти што го тврдиш, таму контролот му издал наредба на едниот авион да чека додека другиот ја користи пистата, но пилотот несакајки да чека продолжил со полетување, за да на крај сето тоа резултира во несрека. И таму контролот бил виновен?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom