Да се укине додадената моќ на потрошената електрична енергија

Член од
30 мај 2012
Мислења
5.027
Поени од реакции
2.889
Može da napišat i edna peticija za ukinuvanje na akcizite kaj motornite goriva. Se raboti za ist princip na molzenje na kravite.
:tapp:
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Не ги поставувате правилните прашања и за погрешни работи планирате да протестирате со што губите скапоцено време и/или пари.
Запрашајте се кој е фундаменталниот проблем т.е што е она што го предивикува овој проблем како и низа други проблеми.


Така да јас се согласувам, но не ве поддржувам можеби доколку она во кое што јас верувам се усогласи со иницијативата ќе се премислам.
 
Член од
26 февруари 2007
Мислења
73
Поени од реакции
39
На политичарите ако им беше бар малце грижа за народот, немаше на тие 33% да ни наплаќа и ддв од 18%. Него мене ме загрижува трендот да се плаќа тоа што не го трошиме (33%, топлификација...). Дали следно ќе биде да го плаќаме и вишокот на млеко од џумајлија :(

Sent from my U8600
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
ќут за Топлификација! Изгледа цела ЕУ зона е така! ЗАГОВОР! :P

http://faktor.mk/archives/59567

Топлификација победи и во Стразбур

19/07/2013 // Пред 4 часа // ЕКОНОМИЈА // Коментирај

Топлификација и нејзините сметки за парно греење не паднаа ниту во Cтразбур, пишува Дневник. Европскиот суд за човекови права ја одбил жалбата на скопјанецот Стрезо Стрезовски кој се жалеше дека му се нарушени основните човекови права и слободи од страна на jавната власт во земјава и Регулаторната комисија за енергетика (РKЕ).
Тој, како што напиша во жалбата, од Судот бараше заштита, бидејќи „со Правилата на РKЕ е присилен, спротивно на својата волја и на дискриминаторски начин повторно да ги користи услугите на дистрибутивниот систем за топлинска енергија, а ако го одбие тоа, неограничено долго да плаќа паричен надомест за ангажирана моќност“.
Во одлуката нема конкретно образложение.
„Земајќи ги предвид сите достапни материјали и во границите на својата надлежност, Судот оцени дека критериумите на допуштеност што се дефинирани во членовите 34 и 35 од Kонвенцијата не се исполнети. Оваа одлука е конечна и не може да биде обжалена ниту пред Големиот совет, ниту пред кој и да е друг орган. Секретаријатот не ќе може да Ви дава натамошни објаснувања во врска со одлуката на судијата-поединец. Оттука произлегува дека Вие нема да добиете од судот други дописи во врска со овој предмет. Во согласност со упатствата на Судот, вашиот предмет ќе биде уништен во рок од една година“ – се наведува во известувањето од Судот што деновиве го доби Стрезовски, кој пак, е разочаран од ваквата одлука и вели дека сега ќе мора правдата пак да ја бара на домашен терен.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
1Можеби никој не ви објаснил, но централите и дистрибуцијата за да испорачаат континуирано на пример (да речеме паушално) 10-20-100 Mw/h тие се приморани постојано да имат производство на цца 30-40% повеќе струја како не би испаднал системот.
2.Така е и овде и секаде во Светот....
3.Секаде е така, само што во ‘‘демократските земји‘‘ тој трошок е вкалкулиран во цената.... Зошто до ден денешен никој не го направи тоа и кај нас, навистина не ми е јасно... Но, веројатно за да имаат за што да дискутираат пензионерите и да добиваат вака смешни петиции... секако највеќе не го прават тоа (не ги калкулираат 33-те во цената), за да манипулираат со нас, како тоа ние сме имале најевтин Kw/h - струја во Европа у Свет можеби!
За 1. не си во право.Во секој електроенергетски систем колку што струја се произведува точно толку и се троши.
Електроенергетските системи немаат можност поинаку да работат. Во турбините постојат регулатори кои ја одржуваат фреквенцијата на струјата и ако се појави намалување или покачивање на потрошувачката тие веднаш реагираат и го прилагодуваат производството
За 2. исто не си во право. Ангажирана моќност за домаќинствата се пресметува само во Македонија и никаде на друго место.
Пред неколку месеци читав напис во хрватски весник и таму пишуваше ... замислете, во Македонија пресметуваат ангажирана моќност.
Еве обиди се да најдеш друга земја каде што се пресметува ангажирана моќност за домаќинствата.
За 3. си во право. Манипулираат со нас дека струјата е ефтина.
Во ЕУ струјата е поскапа но само за домаќинствата бидејќи на тој начин собираат средства за изградба на обновливи извори на енергија. Но и во ЕУ струјата за индустријата е поефтина од колку што е за домаќинствата кај нас.
 
Член од
14 мај 2009
Мислења
1.581
Поени од реакции
1.850
За 1. не си во право.Во секој електроенергетски систем колку што струја се произведува точно толку и се троши.
Електроенергетските системи немаат можност поинаку да работат. Во турбините постојат регулатори кои ја одржуваат фреквенцијата на струјата и ако се појави намалување или покачивање на потрошувачката тие веднаш реагираат и го прилагодуваат производството
За 2. исто не си во право. Ангажирана моќност за домаќинствата се пресметува само во Македонија и никаде на друго место.
Пред неколку месеци читав напис во хрватски весник и таму пишуваше ... замислете, во Македонија пресметуваат ангажирана моќност.
Еве обиди се да најдеш друга земја каде што се пресметува ангажирана моќност за домаќинствата.
За 3. си во право. Манипулираат со нас дека струјата е ефтина.
Во ЕУ струјата е поскапа но само за домаќинствата бидејќи на тој начин собираат средства за изградба на обновливи извори на енергија. Но и во ЕУ струјата за индустријата е поефтина од колку што е за домаќинствата кај нас.
Јас не реков дека секаде се пресметува ангажирана моќ како посебна ставка, туку реков дека секаде во Светот за да биде еден електросистем оперативен и да дава континуирано енергија, те системот да не паѓа, мора да произведува блиску 30% над онаа просечна енергија што се троши во одреден период. Замисли што би се случило да речеме една држава троши 100 мегават часови летно време и произведе 100 Mw/h....арно ама на некој му текне да уклучи бојлер, или реши да пегла и на ‘‘скапа струја‘‘.... кажано пежоративно, те. непланирано да се појави поголем потрошувач, те поголема потрошувачка на ел. енергија, така да системот ќе се преоптерети и падне!? Се разбира ќе падне ако не се произведе повеќе! А за да не се случи тоа, те да не падне и да не паѓа, мора системот да произведува повеќе струја отколку што се во моментот потребите на потрошувачите.... Кој мислиш дека им ја плаќа таа (вишок произведена) струја во другите земји? Начмиш? Или им ја подаруваат производителите и дистрибуцијата на потрошувачите - за доброто на нацијата!? Не! Се разбира некој ја плаќа таа струја, а кој, ако не потрошувачите!?... Е не во сметките во оваква една ‘имбицилна‘‘ ставка (33% додатна ангажираност), туку истата ја пресметуваат во пресметката на потрошените Kw/H, те во фактурата... Последна што го имаше оваа несреќна ставка (освен МК) беше Хрватска, но го тргнава тоа, им објаснива на граѓаните дека ќе им биде наплатена преку сметките и им опнаа неколку последователни поскапувања кои достигнава преку 30%....им објаснива дека не е Мурто сега е ‘‘Курто‘‘ Па гледавме ХТВ до пред 2-3 години!
Реков дека овдека не ја тргаат оваа категорија, те не го вкалкулираат трошокот за ангажираност во сметката за да можат да се курчат како тоа најевтина струја имаме ние...
И исто така реков дека покрај ова манипулирање (со божемната ниска цена на киловат-часот) најголема манипулација е во време кога цената на струјата паѓа на светските берзи (барем 5-6 експерти го потврдива тоа), овдека стои цената иста...
А може да тужиме и да се жалиме на додатната ангажираност и овде на Уставен.... и во Стразбур или било каде. Не е проблем да го сменат името на ангажираната моќ, во 33% поскапување на сметката, те од Мурто во Курто!... ИЧ не ги боли! Само ќе изгубат на имиџот, ништо друго!
Ама со ова второто, не да не чившаат со цената на кв/х!? (додека цената на берзите паѓа годинава, овдека останува иста)....И тоа јако чившаат!
Она првото тешко дека можеме да го тргнеме или да се спасиме (поминаа 5-6 Влади, исто толку Судии на Уставен, исто толку тужби против ‘‘ангажираната моќ‘‘.... и не падна! Зошто? Затоа што никој нема (освен Владата) и нема да има корист од тоа! А за ова второто требаше (као во Софија лани) да излезат на улица 100,000 луѓе, како што излегуваат по толку ‘‘партиски зомбија‘‘ на митинзите....а не како со ‘‘Аман‘ двајца без тројца кај Триумфалната на читање поезија... па можеби некој ќе се прашаше нешто, или барем замислеше... малку!?
 

ЛеоЛе07

Не биди трол
Член од
8 октомври 2010
Мислења
879
Поени од реакции
375
Aнгажираната моќ 33,33% ја претставува загубата на енергија во преносот, односно во далекуводите и жиците пред да дојде до потрошувачот.
 

VoniVaraS

Искусен :)
Член од
20 април 2009
Мислења
543
Поени од реакции
328
Прво прочитајте што значи ангажирана моќност пред да коментирате што е и дали треба да се укине намали или вкалкулира во цената.
Цената на струјата ја сочинуваат три дела. Дел за ЕЛЕМ производство, дел за пренос МЕПСО и дел за дистрибуција ЕЛЕМ.
Загуби при дистрибуција (тафостаници, далекуводи...) во цената на струјата се пресметани во делот на МЕПСО како ставка загуби. Таман работа да при пренос се губи 33 % од струјата.
Ангажирана моќност е потрошена а не измерена од броилото ел. енергија односно индуктивна енерегија. Броилото мери само активна енергија односно онаа ел. енергија што се претвара во топлина. На времето кога е воведена оваа ставка можеби и била таа енергија 33 % од измерената, но денес ел. апарати се со многу поголема енергетска ефикасност и тој процент е далеку од вистината односно тотално нереален.
Потрошувачите како желазара, југохром и фени не паќаат ангажирана моќност. Кај нив целокупната енергија се претвора во топлина и плаќаат онолку колку што ќе потрошат и тоа по повластени цени бидејќи ги превземаат ноќните вишоци на ел. енергија.
Да се направи испитување кај повеќе просечни семејства колку енергија потрошиле (измерени од броилото) а колку навистина превземале од системот и ќе се дојде до вистинскиот процент на ангажирана моќност кој треба да се додава во сметките.
Според мене ставката ангажирана моќност треба да ја има, само треба да се корегираат тие 33 % во реалните 10-15 по моја проценка.
 

Змејко и

Гледачот Дуле од Велес
Член од
10 април 2005
Мислења
1.103
Поени од реакции
1.419
Броилото мери само активна енергија односно онаа ел. енергија што се претвара во топлина.
Какво е ова волшебно броило? Ако имаш дома електромотор што троши 90% енергија за механичка работа и 10% оди во топлина, колку ќе измери броилото?
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Без потреба се впуштате во употреба на техничките поими „ активна моќност “ „ реактивна моќност “, „ ангажирана моќност “ „ енергетска ефикасност “, „ механичка работа “ и слично. А забележав дека некои учесници не го знаат значењето на овие поими
За нашава дискусија е битно дали „ ангажираната моќност “која ја плаќаме 33% е оправдана. Односно дали за тие пари возвратно добиваме нешто
Одговорот е не.
Плаќајќи „ ангажирана моќност “ ние не добиваме ништо.
Тие пари ги наплатува ЕВН иако ништо возвратно не добиваме, ниту ЕВН нешто дала ниту ние нешто добивме
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Без потреба се впуштате во употреба на техничките поими „ активна моќност “ „ реактивна моќност “, „ ангажирана моќност “ „ енергетска ефикасност “, „ механичка работа “ и слично. А забележав дека некои учесници не го знаат значењето на овие поими
За нашава дискусија е битно дали „ ангажираната моќност “која ја плаќаме 33% е оправдана. Односно дали за тие пари возвратно добиваме нешто
Одговорот е не.
Плаќајќи „ ангажирана моќност “ ние не добиваме ништо.
Тие пари ги наплатува ЕВН иако ништо возвратно не добиваме, ниту ЕВН нешто дала ниту ние нешто добивме
ЕВН вика дека од тие пари не гледа ништо бидејќи завршувале кај државата. Па најповикан да одговори е ВМРО.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
ЕВН вика дека од тие пари не гледа ништо бидејќи завршувале кај државата. Па најповикан да одговори е ВМРО.
Стварно незнам точно каде завршуваат 33%
Еден вработен во МЕПСО ми рече дека завршуваат во ЕВН, друга информација немам
 

viktordojran

пссwd
Член од
11 септември 2007
Мислења
351
Поени од реакции
30

Kajgana Shop

На врв Bottom