Да му помогнеме на малиот Иван и неговата баба

Член од
28 октомври 2015
Мислења
926
Поени од реакции
1.236
Во распаднатата и стара куќа со мирис на влага, живите и итри очиња на шестгодишниот Иван ве пречекуваат во собата, од неговите усни почнуваат приказните за игрите и желбите што тој ги има, а не може никој да му ги исполни.

Тој сака детска соба, таблет и компјутер. Во оваа куќа живее со неговата баба и 18 годишен чичко. 58 годишната Виолета со години живее со снаоѓање помош од нејзините ќерки, комшиите, а не ги заборавиле и од католичката црква. Годините и реумата ја натерале да побара помош преку телевизија. Тешките воздишки ги прекина со нејзината животна приказна.

„Мајка му го остави кога беше бебе, татко му, син ми е во затвор поради пренесување на имигранти седум години робија. Ние сме сами, живееме тешко, во мизерни услови“ , вели Виолета Стојановиќ

Струја немаат една година, поради неплатен долг од 320 илјади денари, а и водата им е пред исклучување. Социјална помош не прима, нема ниту пензија. Единствена светлина е свеќата, и нејзе ја штедат, гори само кога Иван вечера. Единствена надеж е нејзиниот 18 годишен син, кој завршил за готвач да почне да работи и да и помогнат оние кои можат да ја поправат разурната куќа.

„Кој може да ни помогне, немаме струја, готвиме на плинско за кафе, мора за Иван да има јадење“, објасни Виолета.

Иван е најсреќен, кога баба му ќе подготви пржено јајце и колбаси. Кога ќе пораснел сака да го вози најголемиот камион на светот.

„Сакам сладолед на корнет, оној од 20 денари, таков не сум пробал“, раскажа Иван.

Бабата и внукот останаа во куќата. Таа се надева дека ќе го израсне Иван во подобри услови без влага, инсекти под тепихот. Иван вети дека кога ќе порасне ќе ја чува неговата единствена баба Виолета.

075 899-729 – Личен контакт за помош на Виолета и малиот Иван од Волково.

Контактирав со Канал5 да му помогнат и да му отворат трансакциона сметка и броеви за донација, но сеуште немам одговор. Ги замолувам сите што се од Скопје и имаат можност да му помогнат на детево со пари, играчки или храна. Штета што не сум од Скопје па немам многу сила да му помогнам јас лично на детево. Од сите трогателни приказни од ваков карактер оваа ме има најмногу трогнато до сега... Се надевам дека некој свесно ќе реагира што побрзо за Иван да има подобар и посреќен живот...
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
Кај што мајка му го оставила, татко му на индиректен начин истото го направил, вие најдовте да ја оправате сега?
Збориме за сладоледот од 20 денари што детето го нема јадено. Не давајте за струја, не давајте за ништо друго, дајте ги тие 20 денари и завршена приказна.
И обидете се никогаш во животот да не се најдете во ситуација да правите математики дали ќе имате се за детето или не. Бидете подобри од него и како родители и како луѓе, он свесно заебал еден живот.
 
Член од
28 октомври 2015
Мислења
926
Поени од реакции
1.236
Дечки, никој не знаеме како му било. Не го оправдувам таткото но тоа е тоа. Јас лично никогаш за ништо не сум донирал ебени 100 денари, но за случајов бев подготвен да свртам 2-3 пати на број за донација за кој после дознав дека нема.

Само знам дека ако бев од скопје ќе купев 3-4 паковања колбаси, паковање јајца и сладолед. Со 500 денари можиш детево да го направиш пресреќно, тоа мене лично многу би ме исполнило а за вас незнам...

ШТЕТАА што еден Тоше не е жив! Тој не би оставил ваков случај, сите му се поклонувате на добрата што ги правел а не се огледувате на него!
 
G

Goldie

Гостин
Очигледно тука социјалните служби имаат потфрлено и на луѓево многу побитно е во моментов некој човек да им помогне, да ги упати како одат работите отколку само да се соберат пари и да им се дадат

Прво да се најде работа на 18 годишниот син, во Скопје сигурно има за него работа во кујна каде што ќе зима некои си 13-14к
Нели имаше отпис на долгови за социјални случаи ? Плус не ни мора да ја прават куќата, верувам со оглед на ситуацијата ако аплицираат сигурно ќе добијат социјален стан.
Сигурно имаат право и да зимаат социјален надоместаток а бабата не спомна дека зимаат, за самохран родител (кој патем е во затвор) веројатно им даваат и нешто повеќе од тоа..
 

Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.344
Ако родителите си играле курташак со детето тоа значи дека оно доволно изнапатило до негови 6 години и не мора уште да страда да нема едно јајце да си свари и кришка леб да изеде.Не бирало детето кај да се роди и кој да го чува затоа ако ви се помага помогнете ако не никој никого со сила не тера а чисто изгуглајте да видите сиромаштијата какви последици остава кај деца/
Неможе некој да каже дека ова е лошо што се праи океј јасно ни е на сите дека треба некој друг да се погрижи ама ако тие други досега се грижеле немало вака да испадне.Башка праиме муабет од шупљо во празно божем не знаеме како ни функционираат овде работиве.
Крај краева на тоа дете му даваш кураж за даље низ живот а ништо неможеш да споредиш со имањето можност да видиш такво човече како се радува
 
Член од
5 мај 2016
Мислења
1.330
Поени од реакции
854
Во распаднатата и стара куќа со мирис на влага, живите и итри очиња на шестгодишниот Иван ве пречекуваат во собата, од неговите усни почнуваат приказните за игрите и желбите што тој ги има, а не може никој да му ги исполни.

Тој сака детска соба, таблет и компјутер. Во оваа куќа живее со неговата баба и 18 годишен чичко. 58 годишната Виолета со години живее со снаоѓање помош од нејзините ќерки, комшиите, а не ги заборавиле и од католичката црква. Годините и реумата ја натерале да побара помош преку телевизија. Тешките воздишки ги прекина со нејзината животна приказна.

„Мајка му го остави кога беше бебе, татко му, син ми е во затвор поради пренесување на имигранти седум години робија. Ние сме сами, живееме тешко, во мизерни услови“ , вели Виолета Стојановиќ

Струја немаат една година, поради неплатен долг од 320 илјади денари, а и водата им е пред исклучување. Социјална помош не прима, нема ниту пензија. Единствена светлина е свеќата, и нејзе ја штедат, гори само кога Иван вечера. Единствена надеж е нејзиниот 18 годишен син, кој завршил за готвач да почне да работи и да и помогнат оние кои можат да ја поправат разурната куќа.

„Кој може да ни помогне, немаме струја, готвиме на плинско за кафе, мора за Иван да има јадење“, објасни Виолета.

Иван е најсреќен, кога баба му ќе подготви пржено јајце и колбаси. Кога ќе пораснел сака да го вози најголемиот камион на светот.

„Сакам сладолед на корнет, оној од 20 денари, таков не сум пробал“, раскажа Иван.

Бабата и внукот останаа во куќата. Таа се надева дека ќе го израсне Иван во подобри услови без влага, инсекти под тепихот. Иван вети дека кога ќе порасне ќе ја чува неговата единствена баба Виолета.

075 899-729 – Личен контакт за помош на Виолета и малиот Иван од Волково.

Контактирав со Канал5 да му помогнат и да му отворат трансакциона сметка и броеви за донација, но сеуште немам одговор. Ги замолувам сите што се од Скопје и имаат можност да му помогнат на детево со пари, играчки или храна. Штета што не сум од Скопје па немам многу сила да му помогнам јас лично на детево. Од сите трогателни приказни од ваков карактер оваа ме има најмногу трогнато до сега... Се надевам дека некој свесно ќе реагира што побрзо за Иван да има подобар и посреќен живот...
Дали имаш информација за трансакциска сметка за донација, дали е отворена ?
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Следниот што ќе пише дека детето требало да се даде на посвојување или дека татко му бил крив или мајка му што и да е добива 10 казнени поени и бан од темава.
Уште еднаш мислењето од КафеДелМар и тоа со малку поголеми букви случајно да не речете не сте виделе за што се работи на темава.
Кај што мајка му го оставила, татко му на индиректен начин истото го направил, вие најдовте да ја оправате сега?
Збориме за сладоледот од 20 денари што детето го нема јадено. Не давајте за струја, не давајте за ништо друго, дајте ги тие 20 денари и завршена приказна.
И обидете се никогаш во животот да не се најдете во ситуација да правите математики дали ќе имате се за детето или не. Бидете подобри од него и како родители и како луѓе, он свесно заебал еден живот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom