Да и помогнеме на нашата форумџика - Наташа Пановска!

Член од
6 септември 2007
Мислења
1.360
Поени од реакции
2.175
...затоа што животот е бесценет!

Почитувани,

Во септември 2009 година ми беше дијагностицирана Акутна Миелобластна Леукемија - AML-M2/M4. Со цел за лекување на болеста добивав цитостатска терапија на Клиниката за Хематологија во Универзитетскиот центар Скопје, и по влегување во ремисија ми беше направена трансплантација на коскена срцевина, која за жал, поради немање на сроден и несроден дарител, беше автологна.

На моја голема несреќа, на направената контрола на 06.05.2011, ми беше дијагностициран релапс на болеста (Relapsis Leucosis nonlyphoblastica), што подразбира потреба од повторно долготрајно лекување и повторна трансплантација.

Со оглед дека трансплантацијата би било потребно да биде направена од несроден дарител, направив контрола и консултација со Проф. Д-р. Ухарек, од Берлин (Шарите болница), чиј одговор Ви го приложувам. Тој смета дека е потребно да почнам со терапија уште веднаш, и веднаш да се почне пребарување за дарител на матични клетки, кој би бил соодветен.

За сите овие процедури и лекувања, потребни се големи финансиски средства, околу 200.000 евра. Во меѓувреме, ќе поднесеме барање и до Фондот за Здравство на Република Македонија, како би добиле финансиско покритие. Сепак, и доколку се наиде на позитивен одговор од фондот, за покривање на дел од трошоците, средствата кои моето семејство е потребно да ги уплати за моето лекување, се навистина големи. Поради тоа, Ви се обраќам со молба, ако сте во состојба да ми помогнете со Ваша донација како би можела да започнам со лекување.

Телефонскиот број за донации е: 070143300

Сметката на која би можеле да ги уплатите средствата за донации е
ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА:
320500021000578

Однапред благодарам,
Наташа Пановска

Линк

Ајде кој може, да и помогнеме...
 

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.177
Поени од реакции
34.349
Очекуваме и број од ONE и VIP.

Ајде Кајганџии, покажете ја хуманоста.
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.360
Поени од реакции
2.175
Еве ви и фејсбук страна кај што ќе бидат сите информации апдејтирани, и новите телефони за донации:

http://www.facebook.com/Hope.Faith.Cure

Донирајте колку можете повеќе, секоја помош е добредојдена.
 
Член од
20 мај 2007
Мислења
1.139
Поени од реакции
153
Бројот на One e 075 143 222!
Донирајте!!! Вашите 100 денари можат да направат животна разлика!!!
 

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.574
Ред е да си се јавам јас на темата. :)
Веројатно сте ме сретнале на подфорумот Здравје, каде советите, како што може да прочитате погоре, ги давав од лично искуство.
Собирањето на средства сега се прави за мене. Имам релапс на болеста (повторно ми се врати) и сега треба да добијам третман со кој ќе се оттарасам од болеста. Не дека не сум дружељубива, само со леукемија баш не ми се дружи. :)
Солидаризирајте се форумџиски и спасете едно мрчало како мене. :pipi: :back:
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Донирано ....
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.360
Поени од реакции
2.175
Bump.

Чекаме Вип број.
 

CafeDelMar

Luminance
Член од
29 октомври 2007
Мислења
6.502
Поени од реакции
14.677
077 143 222 - за корисниците на Vip
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Наташа каков одговор доби од Фондот? Дали и они ќе помогнат?
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.360
Поени од реакции
2.175
Само да пренесам дека на 6ти јуни, во летниот клуб Сектор 909, ќе се одржи хуманитарен концерт за Наташа Пановска. За дополнителни информации ќе бидете известени :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom