Да и помогнеме на малата Елена

Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
1 јуни 2008
Мислења
5
Поени од реакции
0
[FONT=&quot]16 – годишната Васиљковска Елена боледува од парализа од мултипни мозочни удари во пределот на мозочното стебло, причина за ударите е нејзината основна болест системски лупус еритоматодес, со катастрофални последици по нејзиниот живот, таа веќе две години и осум месеци е комплетно парализирана, не може да зборува, отежнато јаде и е со трахеостомска канила за дишење. Во живот ја одржува нејзината преголема желба за живот и нашата неизмерна љубов и грижа.[/FONT][FONT=&quot][/FONT]
[FONT=&quot]За неа и нејзиното здравје веќе одамна се затворени вратите на нашето здравство, ни за најобичен преглед не сме дочекани добро од нашите лекари, сите ни го свртија грбот со изговор дека тоа не е случај што може да се лекува и излекува и дека само Господ може за неа да одлучи.[/FONT][FONT=&quot][/FONT]
[FONT=&quot]Меѓутоа најновите медицински достигнувања од сферата на генетиката го тврдат спротивното, дека сепак за нејзе постои надеж со лекување со ембрионални стем клетки. Центарот од Кина поточно клиниката за регенеративна медицина[/FONT][FONT=&quot] ‘Tiantan Puhua Hospital’[/FONT][FONT=&quot] ни даде надеж дека нашата ќерка може барем до некаде да закрепне со третманот со ембрионални стем клетки, меѓутоа лекувањето е прескапо за стандардот на моето семејство и тоа чини 28 000 евра плус трошоците околу патувањето.[/FONT][FONT=&quot][/FONT]
[FONT=&quot]Се молев до сите претпоставени од фондот за здравство, до министерот за здравство и секаде каде што ќе слушнев и видев се молев но никаде не наидов на разбирање сите мои молби останаа неслушнати. Ниту денар никој од нашето здравство ни нема дадено досега со изговор дека сакаме да одиме на лекување по наша воља без одобрение од лекарите и дека сите трошоци паѓаат на товар на моево семејство. Барав од фондот барем потрошените пари за првиот третман со стем клетки од коскена срцевина, кој беше извршен во Келн, Германија да ми бидат вратени парите за прескапите канили набавени од наша страна, скапите лабораториски анализи направени во Словенија, Грција ни од тоа ниту денар од фондот не ни признава со изговор дека нашето здравство не соработува со нив. Буквално кажано за моево дете со тешка болест ниту денар помош немаме до сега добиено од нашето здравство.[/FONT][FONT=&quot][/FONT]
[FONT=&quot]Не можам како мајка да ви ја опишам сликата од секојдневието на мојата ќерка, секој ден нејзин е исполнет со солзи во очите со тажен поглед вперен кон телевизорот, сместена во специјална инвалидска количка, аспиратор за секрет до нејзе. Јас покрај функцијата мајка сум и доктор, негувател, физиотерапевт и професор по сите предмети за економско училиште. Со крајно тежок инвалидитет таа секој ден бара да и одржувам часови исто како да е во училиште тоа ја одржува во живот верувајте ми луѓе мои мили, инаку до сега ќе беше одамна заборавена. На крај немам што друго да кажам освен „фала му на господ“ што е жива и една голема молба до хуманитарни луѓе, до сите мајки кои можат овој мој бол да го разберат, ве молам помогнете ми финансиски да го спасам моево дете од оваа тешка болест, се разбира и со благослов од господ само во него верувам дека ќе ми помогне. Сепак тоа е девојче 16- годишно и заслужува втора шанса во животот и тоа сака да се израдува на убавините што ги носи овој земјен живот.[/FONT][FONT=&quot][/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT][FONT=&quot][/FONT]
[FONT=&quot]Однапред благодариме на хуманите граѓани[/FONT][FONT=&quot][/FONT]
[FONT=&quot]Семејство Васиљковски[/FONT][FONT=&quot][/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT][FONT=&quot][/FONT]
[FONT=&quot]Средствата може да ги донирате преку Комерцијална Банка КИБ[/FONT][FONT=&quot][/FONT]
[FONT=&quot] [/FONT]
[FONT=&quot]со број на сметка 510006003847216[/FONT][FONT=&quot][/FONT]
[FONT=&quot]Васиљковска Елена [/FONT][FONT=&quot][/FONT]
[FONT=&quot]матичен број 2404992425017[/FONT][FONT=&quot][/FONT]
[FONT=&quot]IBAN: MK07510006003847216[/FONT][FONT=&quot][/FONT]
[FONT=&quot]Адреса: Боро Чушкар бр.7 Куманово[/FONT][FONT=&quot][/FONT]
 

Акаша

Hydra
Член од
28 мај 2006
Мислења
1.684
Поени од реакции
128
Броеви од Т- хоме нема?
 
Член од
20 март 2007
Мислења
8.493
Поени од реакции
308
Избришани неколку мислења.

Сигурен сум дека кога ricardo ќе ги има броевите, ќе ги постира тука.
Се најдобро, успешно да се соберат средствата и еден ден да ја видиме Елена на некоја од Кајгана собиранките.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
505
Поени од реакции
65
Ej a ne mozi preku molbilen?Stajte nekoj broj za da mozat da se donirat pari
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
Дај бе нека остават броеви за донирање преку мобилен би сакал да донирам.
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.614
Поени од реакции
10.863
Дај бе нека остават броеви за донирање преку мобилен би сакал да донирам.
+1
Да да и јас би сакал
И посакувам се најдобро на Елена
 

Маца_мк

♫♥good girl gone bad♥♫
Член од
13 февруари 2007
Мислења
6.421
Поени од реакции
464
кога ќе има ќе пишат

леле не ми се верува дека не сакал никој да помогне:uvo: е*ате државата е*ате:nesum:
се надевам дека ќе се соберат потребните средства и Елена ќе има подобар живот
 

lidu6

искусен форумџија
Член од
8 јуни 2008
Мислења
181
Поени од реакции
8
Bi sakala da se vklucam vo ovaa humanitarna akcija za Elena. Dobra vi e idejata so ostavanje na braoj za da se donira odredena suma.
 

city

Модератор - технократ!
Член од
1 март 2005
Мислења
2.780
Поени од реакции
276
Мислам дека во овој момент нема потреба од коментари на темата, ако има вакви или слични апели за помош повторно ќе отвориме темава.

Темава е стара и нема потреба од констатации дека требало да се помогне, свесни сме за тоа и сме го кажале тоа во милион теми.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom