Да и помогнеме на малата Ајнур да го задржи видот

Член од
1 јануари 2010
Мислења
183
Поени од реакции
289
Ајнур Сељими има 3 години и од пред некој ден почна нагло да го губи видот.
Направени се испитувања и според наодот и состојбата и е потребна итна интервенција.
Операцијата ќе биде во Европска Очна Болница Скопје и ќе чини 10500 евра , средства кои родителите на Ајнур ги немаат во моментот да ги обезбедат.
Времето е многу кратко, интервенцијата е планирана за овој Петок -13.09.2013.
Заради многу краткото време од само 3 дена до интервенцијата,не можеме да организираме да се активираат броеви за донација преку Т-Мобиле ,ВИП или ОНЕ
Затоа ги повикувам сите хумани членови на форумот и посетители на овој форум да помогнат да го спасиме видот на ова мало девојче.
Средствата за помош можете да ги уплатите на следната сметка:

Назим Сељими
сметка бр. 210501649431214 НЛБ Тутунска Банка
помош за Ајнур Сељими

Ако некој сака директно да контактира со родителите на Ајнур за да помогне, јавете се на овој број:
070-706767 Назим Сељими

Времето е многу кратко, да ја покажеме хуманоста на дело и да го спасиме видот на малата Ајнур.
 
Член од
15 април 2013
Мислења
1.038
Поени од реакции
796
Многу е кратко времето, Господ нека им е напомош
Ќе уплатам нешто скромно :(
Ќе го испратам твојов пост како што е или со линк до поголеми фирми може ќе се најде некој посилен од нас

alkaloid, swisslion, fon, zegin, bitolska mlekara, pivara skopje, vip, t-mobile, one

контактирани се, се надевам некој од нив ќе излезе во пресрет, и се надевам дека ќе прочитаат на време
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
183
Поени од реакции
289
Многу е кратко времето, Господ нека им е напомош
Ќе уплатам нешто скромно :(
Ќе го испратам твојов пост како што е или со линк до поголеми фирми може ќе се најде некој посилен од нас

alkaloid, swisslion, fon, zegin, bitolska mlekara, pivara skopje, vip, t-mobile, one

контактирани се, се надевам некој од нив ќе излезе во пресрет, и се надевам дека ќе прочитаат на време
Ти благодарам што го препрати линкот до некои од компаниите, да се надеваме дека ќе победиме во оваа трка со времето.
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
183
Поени од реакции
289
Што сторија:? Не стигнав ни да донирам :(
Доколку успееше да донираш , за жал најверојатно ќе беше единствениот член на форумот кој помогна.
Според она што го имам последно како информација , донирани се вкупно 0 денари.
Сепак ти благодарам за искрената желба и обид да му помогнеме на ова младо девојче.
Конверзацијата ќе ја продолжиме во ПП.
Темата е затворена......
--- надополнето: 14 септември 2013 во 08:58 ---
Ги молам администраторите да ја затворат темата...
 

Kajgana Shop

На врв Bottom