Да и помогнеме на Сања Чавдарова

Член од
17 април 2013
Мислења
234
Поени од реакции
151
Струмичанката Сања Чавдарова боледува од „Quadriplegia Spastica – Paralisys Cerebralis“. Таа минатиот месец престојуваше во Центарот за рехабилитација „Гибање“ во Љубљана, Словенија, каде со терапијата покажала напредок кон подобрување на нејзиното здравје.

Според Зденка Шефман, спец. неврофиз. Advanced instructor IPNFA, која работеше на секојдневните терапии со струмичанката, Сања треба да продолжи со интензивна рехабилитација во период од 5 до 6 месеци. Ваквата реахабилитација чини околу 12.000 евра.

Затоа семејството Чавдарови упатуваат апел до сите хумани луѓе и оние кои се во можност, да и помогнат на Сања со донирање одредени финансиски средства на жиро сметката: 380503311300143 во Про Кредит Банка – Струмица, на име Мара Чавдарова или симболични 100 денари на донацискиот број на ВИП операторот: 077/143-776, преку кој, засега ќе можат да донират само претплатниците на ВИП, додека во тек е постапката на одобрување и други броеви од останатите мобилни оператори.

Да ја покажеме хуманоста!


Извор: http://www.strumicacity.com/2013/09/05/da-ja-pokazeme-humanosta/
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.403
Со голема желба треба сите да помогнеме по 100 денари.
А кој може и повеќе - еве и зошто.
Синоќа на врата ни звони,ѕвончето.Отварам,непознат човек(убав-најаден)
јас не слушам баш добро,ми подава еден лист со копирана икона од Исус,
нешто прозборе... Свето писмо,црква,за среќа... и дај нешто ситно...и.
и срам не срам не да му затворам врата него ај на 100 денари.А сега знам требаше баш некое ситно како што рече,неколку парички по 1-2 денари.
Е само 10 стана да му дале како мене и да отиде уште во десет згради,
ете ти накај 200 евра, а сигурно само таа вечер собрал повеќе.
Обично знаат каде одат и каде да заѕвонат -во новите згради претежно.
Вака поминуваат и некои други,ај дај за изградба или за осветување темел.
Се знае на што.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom