demmian
Попиванов
- Член од
- 9 јули 2008
- Мислења
- 1.613
- Поени од реакции
- 53
Bidejki temava e malku kompleksna,se kolebav dali da ja smestam vo podforum Istorija ili vo podforum Politika i vesti.No,bidejki samata tema ima politicka cel i pozadina,resiv da ja smestam vo Politika i vesti,a soodvetno na toa da izvrsime edna zrela analiza,bidejki smetam deka poveketo clenovi na forumov se akademski gragani.
Da napravime eden konstruktivizam i analiza za toa kolku Junanistan go polaga pravoto da ja zadrzi vo svoite granici Egejska Makedonija.
Ke pocnam od ova:
Солунски атентати
Солунските атентати се серија бомбашки напади во Солун, извршени од 28 април до 1 мај 1903 година, од страна на „Гемиџиите“, анархистичка револуционерна група составена од македонски студенти во Солун. Целта на овие напади е да се нападне европскиот капитал во Османлиската Империја за да се привлече вниманието на „големите сили“ врз македонското прашање.
Содржина
Групата „Гемиџии”
“Гемиџиите” се група македонски револуционери, анархисти по убедување. Сите се ученици во Бугарската Солунска машка гимназија „Св. Кирил и Методиј“. Повеќето се младинци на возраст од 18 до 22 години: Јордан Поп Јорданов - Орцето, раководител на Кружокот, Димитар Мечев - Мечето, Константин Кирков, Илија Трчков, Владимир Пингов, Георги Богданов, Милан Арсов, Костадин Кирков, Тодор Органџиев, Тодор Богданов, Илија Поп Јорданов, Алексо Минов, сите од Велес, како и Павел Шатев од Кратово, Марко Бошнаков од Охрид, Начо Стојанов, Гоце Чанев, Унгарката Ана Шапец и други. Повеќето од гемиџиите биле интелектуалци, коишто доброволно се здружиле меѓу себе, формирајќи го Кружокот, под влијание на анархистичките идеи на руските и ерменските анархисти.
Групата била конспиративна - никој освен нив десетина не знаел што точно подготвуваат и како ќе ја изведат својата акција.
“
Цел на атентатите
Не можејќи да го поднесат страдањето на својот народ од турската тиранија, тие решаваат да направат изјава, да го популаризираат македонското прашање во Европа. Решаваат дека за таа цел, објект на нивните напади треба да биде европскиот капитал и сопственост во Турција, и по можност да се всее колку што може повеќе хаос во градот извршувајќи напади врз државни објекти. Гемиџиите се стремеле да ја заинтересираат европската јавност за состојбата во Македонија и преку индивидуални акции да ги предизвикаат големите сили да интервенираат во прилог на ослободувањето на нивната татковина од турското владеење.
Подготовки
Во 1902 година, тие стапуваат во контакт со Борис Сарафов, кој им испраќа определена сума пари за да можат да ја извршат операцијата. Со парите, тие најмуваат куќа веднаш наспроти „Банк Отоман”, и цела година групата копа тунел под земјата што води кон основите на банката. Иако Гемиџиите планирале што побргу да ги извршат нападите, добиле инструкции од Даме Груев да почекаат и да ја синхронизираат нивната акција, заедно со предстојното востание (Илинденско востание).
Груев бил категоричен против тоа Гемиџиите да дејствуваат на своја рака, односно самостојно, додека Борис Сарафов им дал и морална и материјална поддршка.
Групата решава атентатите да започнат на 28 април 1903 година. Планот составен на последното советување одржано надвор од градот бил следен: да се потопи францускиот брод; да се минира пругата во близина на солунската станица; да се запали резервоарот за газија од кој што се осветлувал градот; да се дигне во воздух Отоманската банка; да биде запален Бошнак-ан и да почнат улични борби со бомби и револвери. Прекинувањето на осветлението и фрлањето на градот во темнина требало да биде знак за почетокот на акцијата. Секој точно знаел каква била неговата задача во определеното време за акција. Условот бил апсолутна волја за смрт за започнатото дело да се смета за успешно.
Атентатите
На 28 април на солунското пристаниште Павел Шатев го потопува со динамит францускиот брод „Гвадалкивир“. Оваа акција излегла двојно успешна, бидејќи бродот бил запален, а патниците сите до еден спасени.
Истата вечер Димитар Мечев, Илија Трчков и Милан Арсов го креваат во воздух возот на линијата Истанбул-Солун. И при оваа акција нема жртви, но е предизвикан општ хаос во железничкиот сообраќај.
На 29 април Константин Кирков поставува два килограми динамит на цевките со гас за осветлување и на водоводните цевки на Солун. Целиот град е во темница и без вода. Во целиот град владее паника, хаос и страв.
Сè се одвива како што е планирано.
Десетина минути после изгаснувањето на осветлувањето, Jордан Попјорданов (Орце) ја крева во воздух зградата на „Банк Отоман“ во градот.
Во истото време Милан Арсов фрла бомба во кафеаната „Алхамбра“, а Владимир Пингов фрла бомба пред вратата на Топхането (турската државна управа) и е застрелан од војници.
Костантин Кирков фрла бомба пред солунскиот „Гранд хотел“.
На 30 април Кирков прави обид да ја крене во воздух солунската телеграфско-поштенската станица, но е убиен од многубројната турска полиција.
Истиот ден во борба со турската војска и полиција загинува и Jордан Попjорданов.
На 1 мај, Илија Трчков фрла неколку бомби на централната улица в Солун.
Димитар Мечев фрла бомба пред хотелот „Египет“, а Георги Богданов ја крева во воздух кафеаната „Ноја“. Мечев и Трчков се убиени од турската полиција, а Богданов е уапсен.
Истиот ден Цветко Наумов прави обид да го убие солунскиот валија Хасан Фехти паша. Откако не успева, атентаторот се самоубива активирајќи бомба.
Планот на Гемиџиите бил успешно извршен. Сите дипломатски претставници во Солун ги известувале своите влади за солунските настани. Билансот на атентатите бил следен: директно од динамитот на гемиџиите настрадале "Гвадалкивир", Банк Отоман, гасоводните цевки, Гранд Хотел Солун, кафеаните "Ал хамбра" и "Ноја" и "Бошнак-ан". Бил урнат Германскиот клуб, кафеаната "Египет", како и неколку други локали.
Така завршува акцијата на македонските атентатори, кои во продолжение на четири дена сеат ужас кај турската власт и населението. Во битка со војската и полицијата се убиени Орце Попјорданов, Константин Кирков, Димитар Мечев, Илија Трчков, Владимир Пингов и Цветко Наумов. Уапсени се Павел Шатев, Марко Бошнаков, Милан Арсов и Георги Богданов. Тие отпрвин се осудени на смрт, но подоцна пресудата им е заменета со затвор во Фезан (Африка).
Гемиџиите – млади македонски револуционери, исполнувајќи ги успешно своите цели, успеваат да ја извршат најголемата терористичка акција на своето време.