Да Ве прашаме...

marinium

Even Cops Dial 911 -S.W.A.T !
Член од
5 мај 2013
Мислења
984
Поени од реакции
496
site morinja imaat edna nadmorska visina 0
a drugoto se meri sprema niv
a edino nesto sto e pod nadmorskata visina e mrtvoto more
druga tocka prirodna na planetava nemam slusnato
osven nekoja pestera da ima ili nekoja dupka
има поише такви места-работи да ги кажам што се под нивото на морето ...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
70
Поени од реакции
43
Пред неколку дена прочитав една статија http://off.net.mk/zezalici/kanta/sonceto-e-ladno
во која се тврди дека сонцето е ладно и темно? Би сакал да знам дали имате некои сознанија и кои се вашите размислувања за ова?
 
D

Daedalus

Гостин

Јадрото на Сонцето достигнува температура од 15 милиони степени целзиусови додека пак на површината на Сонцето, температурата е околу 5-6 илјади степени целзиусови. Ова се случува поради фузијата на атомите на водород кои создаваат хелиум и притоа како резултат на реакцијата се ослободува огромна топлинска енергија која по пат на ЕМ радијација патува до Земјата. Истата стига до нас за околу 8 минути.

Причината поради која тука на Земјата е потопло отколку во вселената е поради тоа што гасовите како јаглерод диоксид во атмосферата емитуваат радијација бидејќи од сончевите зраци тие добиваат електромагнетно зрачење со различна фреквенција, електрмагнетното зрачење со фреквенционен опсег на видлива светлина поминува без проблем (затоа гледаме низ воздухот кој е транспарентен), електромагнетните зраци (инфрацрвени) со голема бранова должина „се заглавуваат“ што доведува до загревање на гасот кој ослободува топлина и ЕМ бранови со голема бранова должина, а потоа практично игра пинг понг со истите и си ги „подава“ со Земјата која додатно ослободува инфрацрвени зраци поради тоа што одредени објекти се загреваат од сончевите зраци што доведува до создавање на топлина и така се добива ефектот на стаклена градина (од тука доаѓаат сите тие муабети со глобалното затоплување и зголемената емисија на јаглерод диоксид, јаглерод моноксид итн...).

Додека е точно дека температурата на материјата е поврзана со кинетичката енергија на честиците односно брзината на движење кои ја имаат истите во рамките на материјата ( бидејќи целокупното движење на материјата не е поврзано со температурата сем ако нема триење) не е точно дека ако материјата е погуста, дека ќе се создава повеќе топлина доколку сончевите зраци ја допрат. Колку топла ќе стане истата, зависи од топлинскиот капацитет кој е зависен од потребната топлинска енергија за 1кг од материјата да се загрее за 1 степен, а тоа е поврзано со атомските особини односно вибрационите, електричните, ротационите и кинетичките особини на материјата.

Така што сумирано да не ти го тупам со техникалии, не, сонцето не е ладно, површината на истото има огромна температура, а не па јадрото.

1. Сонцето праќа топлина по пат на радијација.

2. Топлината се амплифицира (зголемува) од гасовите во атмосферата кои се загреваат поради зраците на Сонцето и одбиената радијација од Земјата. Практично замисли дека зраците од Сонцето ги загреваат гасовиве, при нивното влагање, а ја загреваат и Земјата која ослободува топлина која ги загрева гасовите, а тие ја враќаат топлината на Земјата. Затоа на Земјата е потопло отколку во вселената.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
70
Поени од реакции
43
Не знам од каде е оваа теорија за сонцето, која ја кажува др. Слаѓана , првпат ја среќавам, а и на нет неможев да најдам ништо конкретно за оваа теорија, иако морам да признам дека уште ми делува збунувачки.
Она што можам да заклучам од она што го изнесува др. Слаѓана е следново:

1. Значи сонцето не генерира топлина , туку спирални зраци кои самите не се топлина, туку, во допир со материјата ( во конкретниов случај земјата и воздухот) ја побудуваат и материјата се загрева. Вселената е вогланом вакуум и поради тоа е ладна - нема никаква топлина.
2. Сончевите зраци не се светлина туку тие во допир со допир со материјата ( во конкретниов случај земјата и воздухот) ја побудуваат и така се раѓа светлината. Ова го објаснува фактот што вселената е темна.

Значи, без сонцето немаме ни светлина ниту топлина, светлината и топлината се создаваат на земјата под дејство на сончевите зраци, иако сончевите зраци самите по себе не се ниту светлина, ниту топлина.

До овде можам да најдам некако логика.

Понатака, самото сонце не ниту светло ниту топло - ни кажува др. Слаѓана.
Ако сонцето не е светло, тогаш астронаутите кои се наоѓаат во вселената - вакуум простор, не би требало да го гледаат - тоа би било црна маса која емитува невидливи зраци, нели? Досега не сум чул дека астронаутите кои биле во вселената, рекле дека не го гледаат сонцето. Затоа овдека не наоѓам логика во тврдењето на др. Слаѓана.

Дека самото сонце не е топло, вели др. Слаѓана Велков, науката кажува дека е топло. Како науката го докажува тоа - не знам. Но знам дека и најцврстите научни ставови и докази можат да подлежат на менување и побивање со текот на времето. Дури и горните слоеви на атмосферата се смрзнувачко ладни, додека во исто време долу на земјата температурата може да изнесува над 40 степени. Ти велиш дека тоа е поради гасовите и поради ефектот на стаклена градина, но и поради електромагнетното зрачење од сонцето, што донекаде оди во прилог на тврдењето на др. Слаѓана. Всушност ако сонцето директно емитува топлина каква што ние ја знаеме на земјата, тогаш приближувајќи му се на тој извор на топлина - сонцето, би требало да станува се потопло и посветло, а не се поладно и комплетен мрак како што е во вселената - што ќе рече др. Слаѓана.
Јас би прашал како науката го докажува фактот дека сонцето генерира топлина? -не земајќи ја во предвид земјата, зошто тука ќе речеме дека тука температурата се зголемува поради гасовите итн. Зошто навистина ако е така тогаш приближувајќи му се температурата треба да се зголемува, зар не? Истото важи и за светлината. Само тогаш ќе бидиме сигурни дека тоа е така. И се прашувам дали воопшто тоа може да се измери.

Не сакам да предјуцирам ниту едно тврдење, но морам да признам дека и одговорот што ти ми го даваш не ме убедува сосема дека баш тоа е вистината.

Вселената е воглавном мистерија и имаме уште многу да учиме за неа.
 
TheMessenger

Кодош
Член од
18 февруари 2012
Мислења
370
Поени од реакции
473
Е за такви како ’д-р’Слаѓана треба екстерно, пардон, државен испит.
Што ли уште ќе видам...:unsure:
 
Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.739
Поени од реакции
7.551

Во пракса, кога треба да се споредат идеите со фактите на "терен" излегува дека сонцето е прилично топло. И дека зрачи фотони на сите фреквенции од електро-магнетниот спектар (плус јонизирани честички). Е сеа топлината (емпириски осознаена т.е. колку ние чувствуваме дека е топло) зависи од карактеристиките на самата средина во која се наоѓаме. Конкретно овде на Земјата поради постоењето на атмосфера, дел од зрачењето се рефлектира назад во вселената, а дел се апсорбира. Рефлектираниот дел е отиден засекогаш, апсорбираниот дел е она што го чувствуваме како топлина. Значи не станува збор за никакви спирални зраци, туку енергија од електро-магнетниот спектар која поради карактеристиките на околината ја "толкуваме" како топлина. Сеа кога тие зрачења, шо идат од сонцето, се во точно определена фрквенција која овозможува истите да бидат детектирани од човечките органи за вид, истите ги викаме светлина. Да сонцето зрачи и светлина. Не, светлината не се "раѓа" преку допир на сончевите зраци со материјата, иако треба да се напомне дека светлината која доаѓа од сонцето се променува под влијание на материјата на земјата.

Сеа ова горе шо го пишав е крајно лаички напишано.Не знам ни колку години имаш ни каква ти е позадината, ама материјата која се најде за дискусија , ако не грешам,во најголем дел се обработува во 3(4)-та година гимназија. Ако не си стигнал до таму, стрпи се и пробај да не бегаш од часови. Ако ти поминало тоа време, а си заинтересиран за овие работи, можеш да најдеш литература , во библиотека или уште полесно на интернет, напишана од луѓе кои се бавеле со физика( и хемија) цел свој живот и кои научиле како стојат работите во природата. Не се срами, слободно почни од некое пониско ниво и полека читкај си академски, па и стручни материјали.

Едно лично прашање, каде е логиката нормален човек да прифаќа објаснувања од областа на физиката од докажан надрилекар?
 
Едно лично прашање, каде е логиката нормален човек да прифаќа објаснувања од областа на физиката од докажан надрилекар?[/quote]

Јас дали сум стигнал до 3-4 година гимназија не е битно, за тебе можам да ти кажам дека или не си го прочитал добро постот кој го напишав погоре, или не си го разбрал. По тоа можам да заклучам дека најверојатно си стигнал до 4 година гимназија, но умствено таму си останал.
Иначе сега сме 21 век и сите знаеме дека доста од она што сме го научиле порано сега се променило, дека во науката нема догми ( вистини создадени еднаш засекогаш) туку сите факти и докази подлежат на постојано преиспитување и проверки а, кога е во прашање вселената и вселенските тела, тоа уште повеќе важи.
Уште еднаш да напоменам дека не предјуцирам ниту едно тврдење , тези или хипотези само барам докази, факти и логика за посочената тема.

Оваа тема не е за оние со плиток ум, туку за оние со подлабоко размислување, и оние кои се спремни да дискутираат за сите нови можности и сознанија.

Така да можам да ти препорачам повеќе да не се замараш со оваа тема, најди си некоја тема која тебе ти прилега.
 
Последно уредено:

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.739
Поени од реакции
7.551
Јас дали сум стигнал до 3-4 година гимназија не е битно...
Види сега, важно е за тебе бидејќи таква е проблематиката.Бара одредени предзнаења кои , од прилика, се смета дека се стекнати во тој период од животот.

Уште еднаш да напоменам дека не предјуцирам ниту едно тврдење , тези или хипотези само барам докази, факти и логика за посочената тема.
Да ти помогнам во потрагата.Ќе ти требаат одбрани делови од материјали од облста на Атомска физика; Нуклеарна физика;физика на ѕвездени атмосфери.Првите две ти се потребни за ги разбереш,делумно, процесите кои се случуваат во сончевото јадро , третата за остатокот од сончевите атмосфери.Понатаму ќе ти треба спектроскопија со акцент на атомска спектроскопија, важен ти е делот кој ги опфаќа водородните и линиите на хелиум. За да биде заокружена тематиката ќе ти биде потребно и физика на сончево зрачење. Овие пет корпуса би требало да го заокружат делот од проблематиката која се однесува локално на сонцето, начин и условите кои се потребни за да создаде енергија, температурата која ја постигнува, сончево зрачење и начин на кој ги мериме овие работи.

Дополнително за делот што се однесува за начинот на кој се задржува топлината на земјата ќе ти бидат потребни материјали од област оптика и молекуларна физика со термодинамика.

Мој предлог е да почнеш од вториов дел. Ако не грешам, Др. Ивановски има издадено во 2006-та учебнк од областа молекуларна физика со термодинамика. Доста добро е напишан,материјата е разбирлива. За оптика имаше скрипта на Др. Гершанковски (Ваљда не му го згрешив името), но сигурен сум дека лесно може да се најде и друга литература на македонски јазик, без разлика на потеклото на авторот.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.950
Дали х - ray или ренген зраците може да го оштетат ув филтерот кај наочарите за сонце со ув400 заштита?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom