rossoner stefan
Модератор
- Член од
- 5 декември 2007
- Мислења
- 1.770
- Поени од реакции
- 192
Долго време на форумов барам некоја тема за една од нашите најголеми музички имиња, за на крај да заклучам дека ја нема.Па затоа и ја отворам, бидејќи цврсто сум убеден дека постојат доволно цврсти и убедливи аргументи дека тој тоа и го заскужува.Дарио Панковски.
Човек кој веке 27 години успешно опстојува на македонската музичка сцена.Уметник во вистинска смисла на зборот.Преубави композиции, содржајни текстови, одличен вокал, со еден збор перфекција.
Она на што сакам да обрнам внимание се неговите текстови, за кои и самиот вели дека се интимни , со преголеми емоции, а голем дел од нив се и автобиографски.
Од постарите генерации имам слушано дека на времето Дарио бил навистина многу популарен.Мегутоа дека по еден концерт во Скопје, за кој се вели дека бил фантастичен(за тоа време) не добил никаква награда(бидејки тогаш за успешно организирани концерти давале некој вид на признанија).И секако следело големо разочарување.
Во овој контекст Дарио, и ден денешен ги критикува македонските радио станици за кои вели дека немаат континуитет. Ќе свртат неколку песни кога се издава албум и толку. По еден месец сѐ се заборава. Треба малку поинтензивно да работат- потенцира тој.
Неговата последна активност (колку што можев да најдам на гугл) е од 13ти Март, 2008 година кога го издал видео-записот за песната Човек без спомени.
За неговата 27годишна кариера неможе да се најдат голем број на податоци.
И се прашувам во која насока иде нашата музика.До кога ке се зборува само за она што е скандалозно и пренатрупано си кич и шунд.До кога ке се збори само за она што е направено со сила и со помош на мама и тато.Кога ке почнат да се ценат вистинските вредности?Кога ке почне да се цени вистинската уметност?
Сега за сега, ке ставам едно видео од Дарио, барем она кои лично мене ме наежуваа, и придонесува целосно да се соживеам со песната.