Дан Колов

Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Дан Колов (вистинско име Дончо Колев Данев), 1892 - 1940, е бугарски борец, кој на возраст од 17 години заминува во САД. Таму работи различни тешки физички работи, од каменоломи, до градење железнички пруги. Благодарение на својата неверојатна сила, виткал железни пруги на својот врат. Станал професионален борец, кој подоцна станал и светски шампион во слободен стил, поразувајќи некои од најголемите борци по тоа време, како Џеф Лоренс, Руди Дусек, Џо Стекер, Стренглер Луис итн. Во Јапонија ја поразува тамошната легенда на борењето, Џики Хиган, притоа преживувајќи два атентата. На голем турнир во Париз, го поразува и европскиот, светскиот и олимписки шампион Анри Деглан и станува европски шампион и носител на Дијамантски појас. Има учинок од 1500 победи и само неколку порази (се смета под десет), што е фрапантен скор. За неговата сила говори и тоа дека на лов се борел со мечка, која по еден час борба ја совладал и накрај ја убил со својата пушка. Неколку месеци пред туберкулозата да го совлада, го победува тогашниот шампион Ал Переира, кој бил мошне помлад од него.
Преку целата своја кариера тој бил наговаран да си го смени државјанството, и да стане Американец, но тој тоа никогаш не го направил. Бил полн со љубов кон својата земја и својот народ. Тој бил милионер, кој пред смртта го дал своето богатство во добротворни цели. Со свои пари, го купил првиот авион на Бугарски Пошти, а помагал и на многу студенти во странство. Го популаризирал борењето во Бугарија, и помогнал на многу борци да напредуваат во својата кариера.
Умира во 1940, после долго боледување од туберкулоза, иако постојат теории дека намерно бил труен во Париз од француски доктори.

Има филм на You Tube, во 21 дел е од по десетина минути, вреди да се погледне.
Дан Колов е вистински великан, како и во спортот, така и во животот.
На крај, една молба: Не ја расипувајте темата со глупави националистички постови, бидејќи ваков великан не заслужува такво нешто. И да е во прашање Македонец, Србин, Хрват или Албанец, сметам дека еден ваков великан заслужува тема, и тоа чиста тема.
П.С. на шампионатот во Париз, требало да се бори и со гркот Лондрос, но гркот го откажал своето учество за време на турнирот :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom