Данок на приход

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Не смеат и они да плаќаат од фирма на физичко лице без да платат данок. Но преваранти има секаде.Твоја обврска било да го пријавиш приходот,ујп не простува.
Јас од фирма еднаш имам платено на приватна трансакциона,но добив фактура претходно со таа сметка.Иако електронското банкарство кажува дека е тоа приватна сметка,јас се правдам дека не сум знаела и дека ми е извадено фактура,ме наместиле као. Значи не верувам дека некој и горе ќе се замара да плаќа данок за твојата трансакција.
А што да направам со застарената трансакција (ми е некаде од 9/2010) да ја пријавам? Ако не ја пријавам сигурно ке ме фатат?
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
А што да направам со застарената трансакција (ми е некаде од 9/2010) да ја пријавам? Ако не ја пријавам сигурно ке ме фатат?
Сега е касно да ја пријавиш,касно е чим поминал рокот.
Земи една икона и моли се :icon_lol: (се зезам,незнам што би направиле)
 
Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.342
А што да направам со застарената трансакција (ми е некаде од 9/2010) да ја пријавам? Ако не ја пријавам сигурно ке ме фатат?
Ќе ти стигне решение да си платиш 10% персонален данок... евентуално... и тоа е...
 
cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
Мислам дека УЈП сеуште немаат ефективен начин да проверат дали ти не си платил данок на парите добиени од странство, или сеуште не го прават тоа за мали износи (ова претпоставка моја). Останува на добрата волја на поединецот да пријави и да плати данок. За парите кои се во оптек меѓу македонски фирми и физички лица, имаат евиденција, пошто се што влегува и излегува од трансакциски на фирмите мора да оди на книговодство и во завршна сметка, така да данокот не може да се скрие. А од странство, немаат евиденција, и затоа мислам дека не чепкаат по тие пари. Мислам дека засега (освен ако не се големи суми) не ги интересираат тие пари чим ти стигнале како на физичко лице. Евентуално од банка те прашуваат по кој основ ти се, за што даваш изјава демек ми се за тоа и тоа. И, државата сепак ќе ти лапне од тие пари, пошто ќе ги трошиш тука (по претпоставка) и ке си платиш ДДВ од нив :)

Така да не се секирај многу, ако те фатат, ќе ти земат 70% (така мислам дека пишува по законите за неплатен персонален). Ама искрено, не верувам дека некој ќе се помачи да те бара :)
 
Член од
22 февруари 2011
Мислења
121
Поени од реакции
57
Мене ми се чини никој точно незнае што и како треба со ова плаќањево на данокот. Јас кога требаше да плаќам прашав доста луѓе, меѓу кои и отидов за совет во консалтинг куќа и на крај седнав со една личност во УЈП. На крај заклучив дека треба да се плати данок, али за колку, сето тоа останува на лојалниот граѓанин. Јас кога напишав колку треба да платам, никој не се замараше да види зошто баш толку сум напишал. Излегува дека ако напишев помалце, помалку и ќе платев, или ако напише повеќе, сигурно државата немаше да се буни ако ја частам. Затоа решив "шизик на ризик" и да не го плаќам данокот. Доста краде државата од мене, малку и јас да краднам од неа. Сепак сега доаѓаат избори, па пописот... незнам колку државата би имала време да се занимава со "ситна риба" како мене.
 
deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
941
Малце каснам со темава, ама нели прво треба да те опоменат ако не си платил данок па после да те казнат со 70% ако веќе те фатат?
Пошто не секое физичко лице е информирано со законите на ујп, ако си фирма разбирам си знаел и си сокрил данок ама како физичко лице ја немаш таа обврска да имаш сметководител.
 
Член од
11 мај 2010
Мислења
2.952
Поени од реакции
714
направи еднаш трансакција на пари преку трансакциона (физичка) сметка и влагаш у џубокс. секоја година ке ти стига решение колку данок треба да си платиш итоа во 2011 ке ти стигне за 2009. значи за околу 1,5 до 2 години покасно. мене веке 3 години по ред ми стига решење со 0 во салдото, затоа што пред тоа време имав некои трансакции, за кои уредно се плати данокот од 10% на сумата. и таа година ми стигна решење во кое пишуваше дека:
-примени средства по основ ТОЈ И ТОЈ
-основица за плаќање на персонален данок (да речеме) 20.000 денари
-израчунат персонален данок 2.000 денари
-платен персонален данок 2.000 денари
-за доплата 0 денари....

и од тогаш навака редовно ми стигаат решња по овој редослед со сума од 0 денари по сите ставки.
 
S

Stef Bachatero

Гостин
Мислам дека данок на приход не се плаќа,само ако си продал секундарна суровина(метал,пластика,хартија).Но мислам си должен да пријавиш.
 
cYb3rc0re

~ место за реклама
Член од
3 мај 2005
Мислења
914
Поени од реакции
170
На пари од странство, за услуга, се плаќа само персонален 10%, нема други давачки. Нема врска со двојно оданочување.
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
1.680
Поени од реакции
2.508
Случај:
Фирма со основач странец освнована во Македонија, со тројца вработени. Странецот си има и своја фирма во странство. Е сега, сегашнава фирма во Македонија треба да му праќа фактура за извршена услуга на странската фирма, па странската фирма ја плаќа фактурата во девизен курс при што парите легнуваат на девизна сметна на фирмата во Македонија, после сметководител прај барање за продажба на курс и врвење на плата на вработените.

Вака нешто би требало да оди претпоставувам. Меѓутоа ме интересира кој се давачките? (данок, провизија ...)

Ако може некој да ми се најди во престрет би бил благодарен.

Поздрав
 
B

Bafra

Банкарски провизии: Ако ставите во фактурата и претходно се договорите со странецот сите трошоци за плаќањето да се негови, тогаш 0 нула. Или трошоците пола пола да се. Банките си имаат тарифник и ќе ви кажат.
Девизите што ќе ги добиете немора сите да ги продадете но тоа од вас зависи.

Даноци: данок на добивка ќе имаш 10%.
Ако сакаш после од тие пари да извадиш, се вади дивиденда, на која се плаќа исто 10% персонален данок.
Дел од трошоците можеш да ги правдаш, ама треба да се точно за дејноста.

Штом веќе плаќаш сметководител, прашај го него, шо му се плашиш :D
 
20% Данок + провизии многу пари иди. Па уште ако го оданочат таму, олеле.

По сигурно е на денешно време да се праша на повеќе места.

Ти благодарам за времето што го одвои да ми одговориш на прашањата.

Не знам дали баш ме сфати...
Банкарски провизии не се големи, ако е пола пола, кога ќе примиш парите рачунај околу 30еур ќе ви земат.

Данок на добивка ќе платиш на крајот на годината, доколку имаш добивка нормално. Тоа ќе биде 10% на бруто добивката (општо објаснето примените пари - трошоците ).

Тоа со дивидендата може нема да вадиш така пари, туку ќе си оплодуваш парите или ќе ти седат на сметка :D

Странецот твојата фактура ќе му биде трошок, не се секирај. Од неговите приходи ќе одземат фактурираниот износ. Кај нив сигурно не е 10% данок на добивка. Ние сме рај од тој аспект :cool:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom