Bratot
Стоик и Машкртник!
- Член од
- 27 јануари 2007
- Мислења
- 17.089
- Поени од реакции
- 4.499
Насилното исламизирање на македонското население во мијачкиот крај, довело до раселување на голем број фамилии од тој дел. Таков е и случајот со фамилијата Лавдовци, тие од Река се преселиле во Смилево. Ѕидарот Јован Груев Лавдов се оженил со Туља од родот на Кузмановци. Тие имале една ќерка (Доља), и синовите Георги, Фидан и Дамјан. Даме, како што нагалено го викале, бил роден на 6/18 јануари 1871 година во Смилево.
Даме Груев - Dame Gruev
Најпрво се школовал во Смилево, потоа образованието го продожил во Ресен краткотрајно, од каде се преместил во Битола. По завршувањето во Битола се запишал во машката егзархиска гимназија во Солун, каде се запознал со Петар Поп Арсов!
По бунтот што го направил со своите другари бил преместен во Белград, каде пак незадоволство имало кај учениците поради ширењето на големо српската пропаганда. На тоа укажува и фактот дека една група од побунетите ученици, во кој се наоѓал и самиот Даме, оствариле средба со бугарскиот дипломатски застапник Минчов.
На средбата тие им ги кажале своите незадоволства и побарале негова помош. Тој во согласност со Бугарската влада, им ветил дека ќе бидат прифатени во Софија, каде би можеле да го продолжат своето школување.
Во втората половина на февруари 1890 година, Груев пристигнал во Софија. Тој тука повторно се среќава со Поп Арсов. Во Софија Груев членувал во Македонското студентско друштво (МСД) кое било организирано кон крајот на 1890 година, за заштита од бугарската пропаганда која била вршена врз нив. Најистакнати членови на МСД, биле: Д. Груев, Поп Арсов, Коцев, Д. Мирчев, Дејков и Наумов. МСД имала и устав и правилник, кои требало да се испечатат во Романија, но таму изгореле.
Текстот продолжува на следниов линк поради големината.

Извор: Македонска Искра