Даме Груев, живот и дело

Bratot

Стоик и Машкртник!
Член од
27 јануари 2007
Мислења
17.089
Поени од реакции
4.498
Насилното исламизирање на македонското население во мијачкиот крај, довело до раселување на голем број фамилии од тој дел. Таков е и случајот со фамилијата Лавдовци, тие од Река се преселиле во Смилево. Ѕидарот Јован Груев Лавдов се оженил со Туља од родот на Кузмановци. Тие имале една ќерка (Доља), и синовите Георги, Фидан и Дамјан. Даме, како што нагалено го викале, бил роден на 6/18 јануари 1871 година во Смилево.


Даме Груев - Dame Gruev

Најпрво се школовал во Смилево, потоа образованието го продожил во Ресен краткотрајно, од каде се преместил во Битола. По завршувањето во Битола се запишал во машката егзархиска гимназија во Солун, каде се запознал со Петар Поп Арсов!

По бунтот што го направил со своите другари бил преместен во Белград, каде пак незадоволство имало кај учениците поради ширењето на големо српската пропаганда. На тоа укажува и фактот дека една група од побунетите ученици, во кој се наоѓал и самиот Даме, оствариле средба со бугарскиот дипломатски застапник Минчов.

На средбата тие им ги кажале своите незадоволства и побарале негова помош. Тој во согласност со Бугарската влада, им ветил дека ќе бидат прифатени во Софија, каде би можеле да го продолжат своето школување.

Во втората половина на февруари 1890 година, Груев пристигнал во Софија. Тој тука повторно се среќава со Поп Арсов. Во Софија Груев членувал во Македонското студентско друштво (МСД) кое било организирано кон крајот на 1890 година, за заштита од бугарската пропаганда која била вршена врз нив. Најистакнати членови на МСД, биле: Д. Груев, Поп Арсов, Коцев, Д. Мирчев, Дејков и Наумов. МСД имала и устав и правилник, кои требало да се испечатат во Романија, но таму изгореле.

Извор: Македонска Искра​

Текстот продолжува на следниов линк поради големината.
 
Член од
21 декември 2010
Мислења
147
Поени од реакции
6
Каде пак незадоволство имало кај учениците поради ширењето на големо српската пропаганда

На тоа укажува и фактот дека една група од побунетите ученици, во кој се наоѓал и самиот Даме, оствариле средба со бугарскиот дипломатски застапник Минчов.

На средбата тие им ги кажале своите незадоволства и побарале негова помош. Тој во согласност со Бугарската влада, им ветил дека ќе бидат прифатени во Софија, каде би можеле да го продолжат своето школување.

Во Софија Груев членувал во Македонското студентско друштво (МСД) кое било организирано кон крајот на 1890 година, за заштита од бугарската пропаганда која била вршена врз нив.

Бегајќи од српската пропаганда во Бугарија налетал на бугарската пропаганда.
 
Член од
26 март 2005
Мислења
237
Поени од реакции
94
Многу направил за изградба на Организацијата, но со ставот за кревање на Илинденското востание го уништува сопствениот труд и трудот на стотици други.

Еден од најкусогледите раководители на организација, а може и најкусогледиот.

Ја почитувам неговата саможртва ама тоа не ми е доволно, за мене тој практично бил глуп.
 
F

FilipMacedon

Гостин
Наивен не глуп,како и многуте од ТМОРО кои беа изманипулирани од бугарските ветувања...
 
Член од
15 декември 2010
Мислења
197
Поени од реакции
87
Легендарниот Даме Груев, основачот на Македонската револуционерна организација, бил масон! Оваа сензационална информација, досега непозната за македонската јавност, всушност, е документ од архивата на Бугарската масонска ложа. Според истиот извор, Александар Протогеров бил велик мајстор на масонската ложа, а масони биле и Павел Шатев, Тодор Александров, Наум Томалевски, Панчо Михајлов, Тома Карајовов, Љубомир Милетич, Кирил Прличев, Димитар Мирчев, Ефтим Стространов и уште многу други македонски интелектуалци и револуционери од крајот на 19 и почетокот на 20 век. Оттука со право се поставува прашањето дали македонското револуционерно движење уште од почетокот целосно било поврзано со масоните и колку масоните имале влијание во македонската историја?

Во секој случај, документите откриени во архивите на неколку масонски ложи во Бугарија, особено во архивата на софиската масонска ложа „Светлина“, потврдуваат дека десетици врвни македонски интелектуалци, револуционери и преродбеници од почетокот на минатиот век биле масони, а дел од нив дури и водечки личности во своите ложи.

Освен Даме Груев и Александар Протогеров, кој бил и велик мајстор на масонската ложа „Светлина“, а подоцна и на сите масонски ложи во Бугарија, силни позиции во масонските ложи „Зора“ и „Светлина“ имале и ресенчаните Андреј Љапчев и Симеон Радев, потоа Димитар Молеров, Јордан Бадев, Антон Кецкаров, д-р Димитар Точков, Георги Баждаров, Јордан Чкатров, Иван Ѓурков, проф. Никола Милев, д-р Руменов, Георги Кулишев, Димитар Ризов, новинар и дипломат, автор на првата етнографија на Македонија напишана на француски јазик, Наум Тефикчиев, трговец и снабдувач со оружје на четите на ВМРО, близок пријател на Гоце Делчев, и други.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=13111711123&id=9&setIzdanie=22194
 

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.148
Поени од реакции
21.196
Масонството не треба да се подценува но исто така да се преценува во неговото значејне. Во тоа време такви групации и нивното членство било позначајно од денес на пример, но политичкити и историските случувајна не треба да се стават во таква позадина, тоа е абсурд. Таквите заговори за масонството се нонзенс. Сепак мора да се признае дека масоните имале контакти меѓусебе и биле поблиски со членството во така организација.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Интревју со Дамјан Груев во в. „Новое времја“, 1904 година

(Дописништво на „Новое Времja“)

Рускиот печат се однесе скептички спрема неодамна објавениот отчет на цивилните агенти, во кој се тврди дека божем во Македонија се' е во состојба на благополучност и дека Мирцштегските реформи божем успешно се применуваат.

Деновиве јас имав средба со Д. Груев, главен раководител на внатрешната организација во Македонија. Ќе ги запознаам читателите со неговото мислење за состојбите во Македонија и со реформаторскоото дело во неа во 1904 година. Груев е родум Македонец и постојано живее во Македонија; дојден е овде пред еден месец да ја лекува раната, што ја доби при едно случајно судрување со турските војски, сега е речиси оздравен и се чини набргу пак се враќа во Македонија. Тој има големо влијание не само во Македонија, туку на него сметаат и бугарското и српското правителства. Турското правителство ја има оценето неговата глава на 5.000 лири. Г. Груев е релативно млад човек, со убав библиски лик; неговото расположение е стабилно, шеговито-жизнерадосно, плус искреност; со што силно предрасположува кон себе себеседникот; очигледно е дека постојаните бури и животни тревоги не ја скршиле оваа натура.

(…)

– Ќе има ли востание годинава?
– Ние не мислиме да го покреваме пред завршувањето на руско-јапонската војна; доколку Турците го предизвикаат, тогаш е друго прашање. Ние мораме да водиме сметка за чувствата на народот (што и да се зборува, меѓутоа крвта не е вода – Русите се наши браќа), второ, за интересите на нашето дело; нормално разрешување на македонското прашање многу зависи од тоа, колку Русија ќе биде слободна… За време на востанието руската дипломатија беше во односот спрема нас, Македонците, маштеа; меѓутоа Русија ја ослободи Бугарија; таа бездруго нема да не' остави нас да не' изедат непријателите на славјанството. Така мисли нашиот народ, а така мислиме и ние.

– Какви се односите меѓу бугарското правителство и вашата организација?
Мошне недружељубни; бугарското правителство се стреми внатрешната организација да ја потчини под себе, меѓутоа нему тоа нема да му успее, бидејќи ние му даваме на тоа доста енергичен должен отпор.



ИЗВОР

http://egej-kostur.blog.mk/2010/02/01/intrevju-so-damjan-gruev-vo-v-„novoe-vremja“-1904-godina-2/


P.S.
Еден совет: Немојте да си дозволувате да делите епитети од ракав за луѓе како Даме Груев, и помислете добро пред да постирате нешто.

P.P.S. Ако има повеќе теми со релевантни податоци за Даме Груев предлагам да се слеат во една, за подобра прегледност и пребарување.
 
Член од
26 декември 2009
Мислења
232
Поени од реакции
7
Until 1878 this was recognized by all historians and
statesmen. After 1878, Belgrade and Athens, supported
by armed bands, began to organize their propaganda
activities in Macedonia. Thousands of Bulgarians were
victims of this terror. It was during this period that
Damian Grueff and Gotse Delchev began the struggle
for the liberation of Macedonia.

http://www.macedonian.org/TribArch/1990/1990-09-20.pdf



Пишувано лично од Груев!

 
Член од
18 јануари 2009
Мислења
1.407
Поени од реакции
339


It is reported that Hilml Pacha, the Inspector General for Macedonia, fears to leave his headquarters at Monastir. The Insurgent leader, Grueff, in a letter to Hilmi Pacha demanded that he prevent the barbarous acts of the Turkish soldiers and Bashi-Bazouks, otherwise the revolutionaries would massacre all the Turkish inhabitants.
Њујорк Тајмс - 2 септември 1903
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.698
Поени од реакции
1.612
Еве еден малку познат документ којшто убаво ја отсликува ситуацијата во Македонија и чувството помеѓу вистинските македонски патриоти и борци како Даме Груев во годините после задушувањето на Илинденското востание.



Стравувањата од задкулисни игри на сметка на Македонците од страна на Србите и Бугарите со тој "Царински Сојуз" биле оправдани кај Даме Груев, зашто уште предходната 1904 година Србија и Бугарија почнале да потпишуваат тајни договори за поделба на Македонија, што кулминираа подоцна во Балканските и Првата Светска Војна.

Бугариве никако да одговорат како тоа ако ние Македонците сме "нивни", и цела Македонија е "нивна", имаат ОФИЦИЈАЛНО потпишано и заверено дузина договори во кои токму со тие коишто демек ги мразат (Србите и Грците) се сложиле да не делат и како народ и како земја..?!?
"Бугарска работа"...


Смилево, западна Македонија. Родното село на Даме Груев:



Даме Груев, фотографија 2 дена после убиството близу врвот Петлец, кај село Русиново, источна Македонија (југо-источно од Берово):




-----

Pompous напиша:


Fighting the Turk in the Balkans: an American's adventures with the Macedonian Revolutionists
by Arthur Douglas Howden Smith (1908)
Хехе, почнаа со финтите источниве...
На еден друг форум (а, ми се чини и тука на Кајгана во некои теми) се отепаа од докажување како демек Англичаните и Американците кога пишувале за нив во 19 и почетокот на 20 век ги нарекувале "Bulgarians", и дека "BULGARS" кога се појавувало се однесувало на оригиналните Аспарухови Болгари т.е. турко-монголските орди од Азија.

По таа логика сега и Даме Груев изгледа дека бил турко-монгол?!? :tapp:

А да не зборам дека со таа книга можеш слободно да си го избришеш газето, ете колку е "вредна". Да знаеше барем малку Англиски ќе прочиташе дека во неа за убиството на Даме Груев се вели дека:

- Даме имал придружба од 8 (осум) луѓе?!? = ЛАГА!!!
- Дека сите преспале во некаква си колиба на "грчки овчар"?!? = ЛАГА!!!
- Дека сето ова се случило "во планините кај Серес"?!? = ЛАГА!!!

Ај сега отвори го линкот што го оставил Братот на првиот пост од темава и полека прочитај се што пишува таму. :)
 
Член од
26 декември 2009
Мислења
232
Поени од реакции
7
Света Сивич и Joван Joванович-Пижон од архивата во Београд се очигледно наjголемите Македонци со наjдобрите податоци за Груев и Македонската историја! :toe:
Честитки за пронаjдениот баш веродостоен документ! :pos2:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom