Даме Груев, живот и дело

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.699
Поени од реакции
1.590
Света Сивич и Joван Joванович-Пижон од архивата во Београд се очигледно наjголемите Македонци со наjдобрите податоци за Груев и Македонската историја! :toe:
Честитки за пронаjдениот баш веродостоен документ! :pos2:
Добро бе стварно сте цела Бугарcка нација безмозочни амеби, или со сила се правиш глупав?!?

Кај виде во документот да пишува или јас да сум ги нарекол Симиќ и Јовановиќ "најголеми Македонци"?!?

Од документот јасно се гледа дека Даме Груев имал сомнеж за "добрите намери" спрема Македонија и Македонците што стојат зад потпишувањето на Царински Сојуз помеѓу твојата Бугарија и Србија во тоа време, и бил апсолутно во право.

Да поживееше Даме подолго ќе видеше со свои очи што правевте и вие и вашите побратими Србите во Македонија и со Македонците во Балканските и во Првата Светска Војна!

Се работи за белешка што по службена должност тој СРПСКИ претставник од твојата Софија, Бугарија во 1905 година морал да му ја испрати на својот претпоставен во Белград, и да му објасни со кого се среќавал и што зборувал, затоа и таму останала и се чува во нивен архив.

Што не ти е јасно?!? Или мислиш дека со плукање и со глупости ќе успееш да го заташкаш?!? Ајде, појди до кај вашите побратими Србите во Белград и побарај го документов, па сам увери се дали е вистина или не е.
 

Misirkov

Модератор
Член од
17 март 2005
Мислења
11.520
Поени од реакции
1.536
Ексклузивно: фрагменти од сослушувањето на Даме Груев во Софија

Дојдоа апсења, ме уапсија мене и Никола Наумов поради соучество во социјалистичката група. Имено, поддржувавме вечерно училиште во Софија, и тоа беше соучеството за коешто не обвинија. Не држеа 15 дена затворени во полициска станица, не испитуваа и не пуштија. Дружбата ни се растури поради тоа, и јас и Наумов, за да не не земат во војската, неколку дена по ослободувањето, избегавме во Македонија. И двајцата бевме исклучени од Вишото училиште додека бевме во затворот. Јас заминав за Битола..., вели Даме Груев некаде во 1890 година во писмото што го објавува ВЕЧЕР.

Од објавените фрагменти од сослушувањето на Даме Груев во притворот во Софија се потврдуваат многу од овие искажувања. Се дознава и дека бугарската полиција всушност добро знаела кого и зошто го апси. Од записниците се дознава дека тој бил в затвор од 21 март до 4 април 1891. Го прашувале и за симпатизерството кон социјалистичките идеи, но главна била неговата сепаратистичка дејност", односно организирањето на Македонското студентско друштво.

На прашањето, на пр. зошто е потребно да се организираат студентите од Македонија во посебно друштво, тој рекол дека на Македонија и недостига интелигенција што ќе ги брани интересите на нејзиниот народ во ропството откако ќе се врати во татковината.

На прашањето: Сметаш ли дека тоа води кон 'сепаратизам' и и нанесува огромна штета на бугарштината во Македонија??

Груев одговорил:
- Досегашното искуство на нас Македонците ни покажа дека само со сопствени сили можеме да се избориме за ослободување на Македонија.

- Кој ви пречи тука во Софија да се школувате и како чесни Бугари да заминете во Македонија

Груев одговорил:
- Ние го напуштивме школувањето во Белград и дојдовме во Софија бидејќи ни беше ветено од бугарскиот дипломатски агент во Белград г. Минчович дека ќе имаме полна слобода за здружување на нас Македонците. Ако сметате дека сме сториле грев со нашето студентско друштво... (оштетен ред во изворот - Бл. Р.) одиме дома. Ние со ништо не сме згрешиле спрема бугарските закони. Нашиот грев е во тоа што го сакаме нашето отечество. Кога дојдовме тука се надевавме братски да не помогнете да создаваме своја интелигенција што ќе го поведе отечеството во борба за ослободување. Како што изгледа, ние сме измамени.

Во врска со основањето на друштвото иследникот го прашал: Како не сте згрешиле спрема бугарските закони, кога без знаење на власта сте свикувале собрание и сте основале студентско друштво?

- Нашето друштво - рекол Груев - не е политичка организација, туку студентска книжовна дружина, па не сметавме дека за такво здружување треба дозвола од полицијата. Впрочем, такво здружување ни е ветено во Белград и ние постапивме според него. Ако сметате дека е потребна дозвола, ќе ја побараме.

- Велиш дека вашето студентско друштво не е политичка организација, а самиот изјавуваш дека ќе се борите за ослободување на Македонија. Не е ли тоа политичко прашање, револуција?

- Тоа не е управено против Бугарија, туку против Турција. Во тоа треба и вие братски да не помогнете, ако не сметате за браќа.

Очевидно бугарската полиција знаела и за Уставот и Правилникот на Друштвото, кога во врска со мислата за издавање списание бил прашан: Зошто ви е такво списание, кога во Бугарија има такви во кои можат да пишуваат сите, па и Македонците??


- Тукашните списанија не можат да обезбедат доволен простор за македонските проблеми, а положбата во Македонија е таква што бара посебно гласило. Нам ни претстои долга и макотрпна борба за обединување на народот во Македонија за да се спротиставиме не само на турскиот терор, туку и на туѓите пропаганди што го цепат народот на Срби, Грци и Бугари.

- Значи ли тоа дека списанието ќе биде и против Бугарија?

- Списанието ќе излегува тука во Софија и вие секогаш ќе имате можност да го цензурирате. Ќе излегува јавно. Тоа е и доказ дека нашето студентско друштво не е илегално, како што не обвинувате.

По интервенцијата на ректорот Ем. Иванов, полицијата го пуштила Д. Груев од затворот, но под услов да се испрати на отслужување на воениот рок во бугарската војска и таму да се внимава на него. Меѓутоа, штом ја добил поканата да се јави за отслужување на воениот рок, Даме Груев, заедно со Никола Наумов, ја напуштил Бугарија и си се прибрал во Македонија, каде што ја продолжува својата дејност со истата тенденција и станува еден од основачите и секретар на ЦК на Македонската револуционерна организација во Солун (1893).

СРПСКАТА ПРОПАГАНДА
- Првата идеја да работам за ослободувањето на Македонија узреа кај мене кога бев студент во Вишото училиште во Софија и тоа, си спомнувам, решително се определи мојата иднина во таа насока имено по убиството на министерот Белчев во Софија, кога настанаа посилни прогони и против студентството во Вишото училиште што го засегна и оној круг во којшто се вртев јас. Имено 3-4 месеци пред речениот настан студентите Македонци се зафативме да се организираме во името на идејата да се самообразуваме и заемно да си влијаеме за да се подготвиме за задружна работа, решени по свршувањето на науките сите да се прибереме внатре во Македонија, бидејќи бевме сознале дека таму има потреба од интелигентни сили.

Груев дава и поширок опис на причините и поттикот за основањето на тоа друштво.
- Во тој интимен круг, вели тој, веќе се беше породила идејата да се преземе револуционерна организација. Српската пропаганда веќе беше фатила да дејствува во Македонија и ние поради тоа бевме се сепнале и мислевме дека треба да се побрза да се тури на дневен ред идејата за ослободување на Македонија, пред да успее српската пропаганда да се засили и да го раздроби народот. Ние самите бевме го искусиле дејството на таа пропаганда - во Солун имаше агитатори, а истовремено ги имаше и во Скопје. Ни се вети стипендија и ни се даде. Во Белград можевме да видиме дека пропагандата е сериозна работа на српската влада главно по тоа што силно се заземаа да ни ја внушат српската идеја и да ни го наложат српскиот јазик. Тоа уште повеќе не раздразнуваше.

ВО ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА
- Во Софија, продолжува Груев, повеќе заемно се изучувавме. За друштвото што се токмевме да го организираме се изработуваше правилник; во него беа назначени целите на друштвото, имено, научни цели, а всушност целта беше да се подбереме за идната работа во Македонија. Во дружбата бевме главни: Хр. Попкоцев, Д. Мирчев, Никола Дејков (секретар при Мировниот суд, родум од Прилеп, а сега адвокат во Луковит), П. Попарсов и др. Токму тогаш стана убиството на Белчев. Дојдоа апсења, ме уапсија мене и Никола Наумов поради соучество во социјалистичката група. Имено, поддржувавме вечерно училиште во Софија, и тоа беше соучеството за коешто не обвинија. Не држеа 15 дена затворени во полициска станица, не испитуваа и не пуштија. Дружбата ни се растури поради тоа, и јас и Наумов, за да не не земат во војската, неколку дена по ослободувањето, избегавме во Македонија. И двајцата бевме исклучени од Вишото училиште додека бевме во затворот. Јас заминав за Битола...

ПРОДОЛЖУВА: Гоце Делчев: Бугарија да не ни се меша во работата!

ПОДГОТВИЛ: Де.Т.
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=F89ED46A0BF335439AFF529F55066435

.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
7.410
Поени од реакции
13.009
Како што е познато,на 23 декември 1906 година,во нерамна борба
со турскиот аскер Даме Груев загинал на врвот Петлец,што се
издига над малешевското село Русиново.Тој ден загинале уште
неколкумина негови блиски соборци:Војводите Сандо Китанов
и Атанас Карчев и неколку четници.
За загинувањето на Даме Груев нема многу објавени историски
податоци,иако за неговата смрт се пишувало доста.
Отука,забележаната народна песна „Низ Петлец идат трима
војводи“ Има голема историска вредност. Бидеиќи за
загинувањето на Даме Груев и неговите соборци не се уште
објавени сеќавањата од непосредните сведоци,оваа секако
може да послужи како дополна на она што веќе е познато од
разни извори.
Описите на загинувањето на Даме Груев кај Петар М.Скопаков
и Јордан Бадев изгледа дека се најблиски до вистината, што
никогаш точно не била утврдена.
Извор:(препишано)
Историја-списание на сојузот на историските друштва на СРМ
Година 1---------Скопје 1965----------број 1-------------стр.23-34
автор:К.Пенушлиски
--------------------------------------------------------------------------------------
Овдека во ова списание издадено(пред половина век) има
повеќе песни за загинувањето на Даме Груев и неколку
сведоштва.Но можеби од тогаш-наваму има повеќе во други,
нови изданија и книги.
Ако ја има таму некаде оваа песна може никој да ја постира,
а јас накнадно понатаму ќе ја препишам,доста е обемна.
А и самата борба и загинувањето е опширно напишано.
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
960
Поени од реакции
240
Ексклузивно: Даме Груев некаде во 1890 година во писмо пишувал за затвор 15 дена од 21 март до 4 април 1891.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
7.410
Поени од реакции
13.009
Низ Петлец идат трима војводи

Низ Петлец идат трима војводи
идат и питат за Русиново.
Првиот беше тој Дамјан Груев,
вториот беше Атанас Карчев,
третиот беше Сандо Китанов;
идат и теглат за Русиново.
Куга спандаха во Русиново,
там и дочека Коле Чукаров.
Ка и дочека,они питаха
за чорбаџи Димо Алаџозов,
Алаџазов прочут чорбаџија.
Куга четата ја разместиха,
војводите у Димо хојдоха.
Бог да убие наш*те ишпиони,
што преддоха славната чета,
славната чета, чујен војвода,
чујен војвода Дамјан Груев!
Турци дојдоха,село заградиха,
Турци дојдоха,село опсадиха.
Догледала и првата стража,
првата стража од бела скала,
па си соопшчава на војводата:
- Ајде војводо,ајде Дамјане,
Русиново здраво опсадено,
здраво опсадено од Турците,
Дамјан се спрема,хладно говори:
- Ајде другари,ајде четници,
дојде време борба ќе водиме,
борба ќе водима в Русиново.
Дедо Димо вратата отвори,
ка врата отвори пушка пукна,
пушка пукна - Димо мртов падна!
Димо падна,бабата му рипна,
бабата рипна и мртва падна,
Дамјан се реши,пушката зема:
- Ај со мене ,ништо не чекајте!
Борба се почна,село се дими,
село се дими, децата пискат
децата пискат, мајките плачат;
четници излагат кај ка може,
четници излават се спасават.
Ка прирапаја прво ја паднал,
прво ја падбал Сандо Китанов,
Сандо Китанов прва жртва бил,
Атанас Карчев напред си врви
и след него иде Дамјан Груев,
Дамјан ранија,на Карчев дума:
- Оди Атанасе,спасавај се!
Спасавај се,кој како знае!
Карчев му вели,вели говори:
- Крачка не тргам јазе од тебе!
Карчев говори на Мирчо Чопов:
- Ти го знаеш,Мирчо,зборниот пункт,
не ме чекај, Дамјан не оставам.
Куга четниците излегоха,
Дамјан и Атанас останаха,
двата останаха дор погинаха;
Турци и гонат, свето се памети!
Зачекала и онаја војска
турската војска од Безгашчево.
И они не се могли да идат,
они са душа они оставили
на Трнков преслав при таја чешма.
 
Член од
26 јули 2013
Мислења
287
Поени од реакции
177
Ексклузивно: Даме Груев некаде во 1890 година во писмо пишувал за затвор 15 дена од 21 март до 4 април 1891.
Тоа во датумот имаат печатна грешка, писмото мислам дека или од втората половина на 1891 или почетокот на 1892, го имам читано во факсимил, само не знам дали го има на интернет.

Инаку за Даме Груев најдобра биографија а и воедно книга за сите поголеми и поситни работи во врска со Организасијата има напишано проф. др. Ванчо Георгиев во неговата книга Подземната република-Дамјан Груев и револуционерното дело.
 

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
960
Поени од реакции
240
Мали човече, не можеш да кажеш која е најдобра биографија или литература на дадена тема, без да си изчел главните книги за неа.
И фактот дека споменуваш еден псевдо-историчар и абсолутен аматер, значи дека едвај си прочитал и една значајна книга на оваа тема.

Ние сме Бугари и секогаш работиме и ќе работиме за обединување на бугарштината. А сите други формули се фаза за постигнување на таа цел. Не дојде сепак моментов, ниту е наближил за решение на нашиот проблем, затоа нема место за расправии и приказни од таков вид
Еве напрмер имаше ли храброст Ванчо Георгиев да пубкликува овој цитат и споменува ли во книгата дека Даме Груев се самоидентификувал како Бугарин т.е. е Бугарин или е македонизирал самоидентификацијата му?
 
E

emission

Гостин
Бугар, доктор на историски науки нарекуваш псевдо-историчар и аматер. Ти сосема си ојден со паметот.

Цитатот не кажа од каде ти е за Даме Груев. Од истиот фалсификаторски извор каде пишува дека Гоце Делчев сакал припојување на Македонија со Бугарија што е голема лудост да го каже дури и ваш историчар.
 
E

emission

Гостин
Уште нешто: ти кога ќе напишеш една страница со име и презиме, и ќе ти ја рецензираат други стручни лица ќе имаш право најмногу да коментираш осмокласници што пишуваат и да даваш оценка за тоа. Замисли сега колку степени си назад. Глупости трескаш и не знаеш да правиш разлика меѓу институт за историја и филозофски науки.

Изворот ти е од 1983 година од бугарска академија на налудничавите (БАН). Во тој „труд“ се цитираат некакви спомени години после смртта на Даме Груев. Во истиот тој „научен труд“ се пишуваат измислици и за Гоце Делчев. Самиот си пукаш во нога со извори кои се очигледни фалсификати.

Според вашата логика, што би кажале на ова на пример:

Белград, 21 септември 1888 г.
Писмо от бившите ученици от Солунската б'лгарска гимназија Св. Св. Кирил и Методиј", сред които Дамјан Груев, до ср'бскија минист'р на просветата д-р Владан Джорджевич за пристигането им да учат в Белград.

Нашите свидетелства са останали в Солун у г. Новак јованович-т'рговец, којто ште Ви ги изпрати до нјаколко дни.Молим г. министра да ни приеме и ни подкрепи, а ние ште направим от наша страна нужното, за да усвоим необходимите знанија нужни и в полза на нашија крај, а и с това на цјалото Ср'бство, та повече да не ни м'чат Б'лгарите и останалите чужденци.

Потписници:

1. Дамјан Груич, ученик в V гимн[азиален] клас от Смилево, Битолска нахија.
2. Димитрие Илич, ученик от I гимн[азиален] клас в педагогическото училиште В'рбјана, Деб'рска нахија.
3. Димитрие Пирузич, ученик II гимн[азиален] клас на гимназијата в 0[х]рид.
4. Владимир Бојаджија, ученик V гимн[азиален] клас на гимназијата в 0[х]рид[2].
5. Никола Герасимович, ученик I гимн[азиален] клас на гимназијата в 0[х]рид.
6. Иван Венелинович, ученик I гимн[азиален] клас в педагогическото училише в Бистрица, Велешка нахија.
7. Иван Велич, IV гимн[азиален] клас от гимназијата в Деб'р.
8. Ристо Н. Попович, ученик от VI клас от гимназијата в штип
9. Димитрие Мирчевич, ученик от V клас на гимназијата в Прилеп
10. Пет'р Паскалевич, ученик в III гимн[азиален] клас от гимназијата в Енидже Вардар
 
Член од
26 јули 2013
Мислења
287
Поени од реакции
177
"... Ние го напуштивме школувањето во Белград и дојдовме во Софија, оти ни беше ветено дека ќе имаме полна слобода за здружување на нас МАКЕДОНЦИТЕ....

Во нашиот тесен, интимен круг веќе се беше зародила идејата да се подземе револуционерна организација во МАКЕДОНИЈА...

Целта беше сите да се прибереме внатре во Македонија, каде имаше голема потреба од интелигентни сили..."

Даме ГРУЕВ, во Софија, 1890 година

Ете што вели Даме Груев за неговото доаѓање во Софија.


"...Назначувањето на Дамјан ГРУЕВ за инспектор во Солун станало по препорака на тогашниот воен министер, полковникот Петров. Сето време во Солун тој бил претседател на Комитетот и се занимавал со Организацијата. Неговото инспекторување и учителствување биле само за лице. ..."

Трговскиот агент А. ШОПОВ, во извештајот од 11.02.1897 година, Солун;
еве уште еден цитат и тоа од Атанас Шопов кој бил бугарски службеник.
 
Член од
26 јули 2013
Мислења
287
Поени од реакции
177
Не е проблемот во вашето разбирање на историографијата во 19 век,проблемот е што немате разбрано дека кога дошле Бугарите во седми век овде имало народ не било пустелија. Тој народ како се побугарил во текот првото второто бугарско царство,а факт е дека не успеало бидејќи Eгзархијата ќе немаше потреба да го прави истото во 19 век ако тоа било наполно завршено и успешно.

Но да не одиме оф топик.

„ Внатрешната револуционерна организација не може и не треба да се солидаризира со погледите на патриоти надвор од сферата на Македонија, зошто таа не може и не треба да го смета македонскиот народ за кал, од кој може да се прави денес едно, утре друго, без да се плаши дека ќе се претвори во пепел и прав ...“

(весник „ПРАВО “, 01.11.1902)


Еден разговор со Даме Груев

Дописникот на „Новое времја“ разговарал со познатиот револуционерен деец Даме Груев за развојот на македонското прашање во текот на 1904 година. Откако зборува за слабите резултати на Мирцегшките реформи и нивната неискрена примена од страна на Турција, г. Груев говори за антагонизмите на разните националисти во Македонија, подобро кажано за таканаречената „војна“ на Внатрешната организација против Грците и Србите. Ние ќе го објавиме само тој дел од долгата кореспонденција, која доаѓа токму на време, дотолку повеќе што за Даме Груев се мисли дека е еден од најтолерантните дејци, а кон Србите дури има некои симпатии.

На прашањето на г. Кирилов, дописник на „Новое времја“ – зошто до востанието не се забележувало дека антагонизмот помеѓу Грцте, Србите и Бугарите во Македонија е толку изострен и како да се објасни тој факт? - Груев одговорил:

- Грците секогаш биле најголемите непријатели на македонските Словени; до Востанието тие својата национална пропаганда ја ограничуваат на определени реони; немаше преминување на села од Патријаршијата кон Егзархијата и обратно. Немаше повод за раздразнување на национално чувство, Бугарите и Србите како да се беа приспособиле кон постоечкото status-quo. Освен тоа во тоа време националните интереси силно се маскираа од очекуваното од сите (Бугари и Срби) претстојно востание.

(Новое времја Ден бр. 391, Софија 17 јануари 1905, стр. 2)




На прашањето на г. Кирилов, дописник на „Новое времја“ – зошто до востанието не се забележувало дека антагонизмот помеѓу Грцте, Србите и Бугарите во Македонија е толку изострен и како да се објасни тој факт? - Груев одговорил:

-Грците секогаш биле најголемите непријатели на македонските Словени; до Востанието тие својата национална пропаганда ја ограничуваат на определени реони; немаше преминување на села од Патријаршијата кон Егзархијата и обратно. Немаше повод за раздразнување на национално чувство, Бугарите и Србите како да се беа приспособиле кон постоечкото status-quo. Освен тоа во тоа време националните интереси силно се маскираа од очекуваното од сите (Бугари и Срби) претстојно востание.

Во време на востанието Србите имаа инструкција од Белград кон востаниците да имаат добронамерен неутралитет. Ние со тоа бевме задоволни. Но по востанието положбата се промени. Ефектот што го постигна Востанието, потоа сеништето на блиската македонска автономија ги исплаши Србите од Кралството; тие сакаа тоа да се случи колку што е можно подоцна, и во исто време побрзаа со својата пропаганда, во многу проширувајќи го нејзиниот реон, и тоа со поприлично неморални и предизвикувачки средства. На пример, помош во брашно се даваше само на оние настрадани од времето на Востанието што се согласуваа да се прогласат за Срби и патријаршисти. Урнување на status-quo од Србите предизвика негодување кај Бугарите, до толку што по Востанието националистичките интереси повторно станаа доминантни во умот на населението. Бугарите енергично реагираа против српската пропаганда.

Многу селани србомани, кога ќе чуеја за доближувањето на бугарската чета, од страв (често без причини) и од чувството на самозапазување ја известуваа турската власт за четата: потоа од страна на месните органи на Организацијата доаѓа до одмазда. Последниве откако видоа дека српската националистичка пропаганда води кон меѓусебно непријателство и раскол во народот, му го одвлекува вниманието од политичките цели на Организацијата, предизвикува предавство и репресалии од страна на Турците - под влијание на месното општествено мислење (мнозинството се Бугари) се насочија против српската пропаганда.

На многу места нашите прости војводи и месни дејци на Организацијата навистина ги застрашуваат Србите и србоманите, со тоа што ги принудуваат да се откажат од својата национална пропаганда. Тоа е придружено со доста убиства: многу вистинските доставувачи и шпиони често и од двете страни гинат сосема невини луѓе. Како што гледатем јас не ги оправдувам нашите, а само ја објаснувам генезата за појавувањето и развојот на меѓусебното непријателство помеѓу Србите и Бугарите, што создаде опасна атмосфера за меѓусебна недоверба и лошо однесување, состојба на меѓусебна омраза и искоренување. Ви зборувам сосема искрено, поводот за создавањето на ваквата ужасна атмосфера го дадоа Србите; Бугарите во Македонија се однесуваат полојално отколку Грците и Србите, тоа можеби затоа што нашите таму се мнозинство и ние под своите нозе чувствуваме солидна морална почва. Бугарската девиза - политичка слобода - делува многу привлечно кај народот.

Јас никојпат нема да си дозволам да обвинувам за подбуцнување и доносничество такви српски државни дејци како што се С. Симиќ, Пашиќ: тие се гнасат од слични долни работи. Но второстепените агенти на српската пропаганда како резултат на својата примитивност и морална неразвиеност не се гнасат од шпионирање. Да го земеме како пример случајот со убиствата во с. Кокошине... Убиствата овде беа извршени од бугарската чета поради доносништво, меѓутоа морален виновник за овој однос (поради што минатото лето турската војска ликвидира една цела бугарска чета) беше српскиот архиерејски заменик во Куманово поп Ташко. После тоа во с. Кокошине дојде српска чета и го закла без секаква вина единствениот Бугарин во тоа село.


-Како се однесуваат српската и бугарската влада кон меѓусебните односи на Срби и Бугари во Македонија?

Крајно деморализаторски. Сепак бугарската влада таму наидува на отпор од Организацијата; се што е таму српско, е создадено и се раководи од Белград од српската влада, која во Македонија има сосема подруги цели од нашите; во тоа се наоѓа трагизмот на положбата во Македонија.

-Многу песимистичко гледиште на српско-бутрските односи во Македонија.

-Јас се уште не сум ви кажал се. Таму сега е многу, многу лошо; атмосферата е крајно противуречна и тревожна ... Се уште нашите, како и Србите се чуваат од крајности. Ние со сите сили настојуваме за меѓусебно скротување и смирување на умовите. Но... доколку Србите не ги ограничат своите невозможни амбиции, не прекинат со испраќањето на чети од Кралството, со помошта на кои со насилија, убиства и шпионирање го шират србизмот, тогаш ние тешко ќе можеме да ја спречиме катастрофата. Вие знаете дека е можно општо колење на Србите во Македонија. Во градовите, паланките и големите села бројот на сознателните Бугари е многу поголемо... Ние можеме сосема да ги истребиме Србите, но ниту ние ќе поминеме лесно во тоа безумно и бесмислено вртоломејско убивање. Во секој случај од тоа ќе добијат нашите заеднички непријатели, борбата против кои ја чини нашата цел. Без оглед на тоа, ваквото животинско истребување до крајност го деморализира и развратува народот. Ете затоа јас жарко сакам да не дојде до слична абнормална положба...

-Како може тоа да се постигне?

-Преку спогодба со Србите; тоа е можно и во прв ред зависи од српската влада... Нашите услови се состојат во следново: 1. Наш основен принцип е единствено на Внатрешната организација во Македонија: ние не можеме да дозволиме постоење на друга независна политичка организација таму. Во тој поглед македонските Срби треба да се согласат да работат заедно со нас. Во тој случај ние во Белград ќе отвориме задгранично претставништво на Организацијата за да може таа да контактира со српскиот народ.
Потем, за да не се возбудуваат националните чувства на народот, Србите треба да го ограничат реонот на својата националистичка пропаганда во границите на до Востанието постоечкото status-quo.

-Меѓутоа Србите токму затоа бараат одлагање на автономијата, за да го засилат својот елемент во Македонија.

-Тоа се за нив опасни илузии. Тие во Македонија никогаш нема да добијат повеќе од тоа што веќе го имаат; напротив, во колку продолжат да противдејствуваат побрзо ќе предизвикаат втора вртоломејска катастрофа - тогаш тие апсолутно сe ќе загубат... Јас многу ги почитувам српските државни дејатели и сакам да верувам во нивната политичка мудрост и предвидливост: како нивните, така и нашите непосредни интереси бараат едни на други да си подадеме рака за помирување и да се договориме за заедничка културна и политичка работа таму.

(в. Ден бр. 391, Софија 17 јануари 1905, стр. 2)


Во овој извадок се дава целата бугарско српска борба и национална амбиција врз Македонија, сеа бугаринот ќе рече види овдека вели сознателни бугари, македонски бугари, а ако малку размисли човек тоа се налепниците коим им ги лепеле србите на македонското население, а Даме Груев во почетокот убаво си вели македонски словени.
 

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.699
Поени од реакции
1.590
Помен и вечна му слава на Даме Груев!

Македонскиот великан на местото на неговото загинување заедно го славеа Македонци и од оваа и од онаа страна на границата.

 
Член од
25 јули 2017
Мислења
28
Поени од реакции
18
Многу направил за изградба на Организацијата, но со ставот за кревање на Илинденското востание го уништува сопствениот труд и трудот на стотици други.

Еден од најкусогледите раководители на организација, а може и најкусогледиот.

Ја почитувам неговата саможртва ама тоа не ми е доволно, за мене тој практично бил глуп.
мислиш наивен. Генетски секој не може да биде расипан
 
На врв Bottom