Дамата од Елче

  • Креатор на темата Boudicca
  • Време на започнување
B

Boudicca

Гостин
Во 1897 година, археолозите откриле зачудувачки артефакт на приватна сопственост во Л'Алкудија во Валенсија, Шпанија. Станува збор за статуата т.е. полихромната биста со претстава на мистериозен женски лик. Веројатно потекнувајќи од IV век п.н.е., на бистата е прикажана жена која носи елаборативна и комплексно изработена капа на главата. Во денешно време оваа биста се смета како едно од најпознатите иконични уметнички дела во Шпанија, познато како „Дамата од Елчè“.
Приказната вели дека едно младо момче од четиринаесет години превртело еден камен, на тој начин под него откривајќи ја оваа биста. Бистата ги прикажува главата, вратот и рамената на жената и се протега сè до градите. Сепак, сосема е можно дека бистата првично била дел од поголема статуа со приказ на целото тело на претставената жена.
Нејзината комплексна капа се карактеризира со два големи калеми или дискови, познати како „родети“, позиционирани од обете страни на главата. Се смета дека ова била церемонијална капа и дека жената можеби била свештеничка. Капата се протега по челото, со шема на декоративни испакнувања, додека, пак, реси висат пред нејзините уши, а сложените ѓердани ги красат нејзините гради. Лицето на жената прикажува смирена и безизразна експресија, а кога оваа биста била пронајдена, на неа биле откриени траги од црвена, бела и сина украсна боја.

Потеклото на скулптурата е интригантно и станало предмет на жестока дебата, имено, некои научници сугерираат дека скулптурата е ибериска и можеби била поврзана со Танит, картагинска божица, додека други предложиле дека делото отсликува некоја атлантидска божица. Необичните одлики на скулптурата, како што се очигледната елонгирана глава и калемите од обете страни на капата, исто така, предизвикале да се предложат бројни алтернативни теории за нејзиното значење, а некои од кои најекстремните сугерирале вонземјански интревенции во нејзината изработка.

Постојат и други теории кои тврдат дека статуата не го заслужува вниманието што го привлекува бидејќи таа е всушност фалсификат, тврдејќи дека обликот на очите и носот на дамата се „премногу деликатни за да бидат изведени во времето на предхристијанска Шпанија“. Овој аргумент е отфрлен од многу други научници, кои ја гледаат бистата како врно уметничко достигнување на раната ибериска цивилизација. Како и да е, „Дамата од Елчè“ до ден-денес ја плени имагинацијата на луѓето.
Во продолжение е претставена бистата и нејзината полихромна реконструкција врз основа на трагите од боја изворно пронајдени на неа. Слични на неа се и „Дамата од Гвардамар“, која е варовничка женска биста, висока 50 см, датирана околу 400 година п.н.е., која била откриена во фрагменти на феникискиот археолошки локалитет Кабезо Луцеро во Гвардамар дел Сегура во провинцијата Аликанте, Шпанија во 1987 година, како и медалјон со слична претстава на асириско женско божество или пак, „Семирамида“, пронајден во Јута, кој содржи и клинесто писмо, за чиишто калеми околу главата, кои се поделени во 12 сегменти, се смета дека ги претставуваат дванаесетте зодијачки знаци, додека лотосот на врвот на капата се смета дека го репрезентира сончевиот диск.

1629344559248.png

1629344604830.png

1629344655512.png
 
Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Потеклото на скулптурата е интригантно и станало предмет на жестока дебата, имено, некои научници сугерираат дека скулптурата е ибериска и можеби била поврзана со Танит, картагинска божица, додека други предложиле дека делото отсликува некоја атлантидска божица. Необичните одлики на скулптурата, како што се очигледната елонгирана глава и калемите од обете страни на капата, исто така, предизвикале да се предложат бројни алтернативни теории за нејзиното значење, а некои од кои најекстремните сугерирале вонземјански интревенции во нејзината изработка.

Издолжување на черепот секако не сугерира на вонземјански интервенции. Ако прочепкаш по книги, ќе наидеш на многу примери на издолжување особено во Египет ама не само таму и не само во овие периоди. Всушност, издолжувањето се правело уште од рана воздраст на децата, бидејќи долгнавестиот череп претставува симбол на елеганција и благородно потекло. Слично како што во африканските култури жени ставаат на вратот алки и го издолжуваат вратот- не значи дека имаат потекло од ној.
 
Токму затоа реченицата ми беше формулирана како „а некои од најекстремните теории сугерирале вонземјански интервенции“, што не значи дека јас лично се согласувам со ваквите сфаќања, нема потреба од сарказам. Инаку, да, елонгираните черепи преку нивно модифицирање - подврзување со штички се среќава и кај јужноамериканските цивилизации, како и на други места во светот. Останува фактот дека оваа биста е уникатна како по своите уметнички дострели, така и по сè уште неразјаснетата намена, како и по наведените слични артефакти кои се пронајдени на различни локалитети, а кои многу и` прилегаат.
 
Петра П.

насмевка
Член од
16 јануари 2008
Мислења
2.724
Поени од реакции
6.297
Сарказмот не е наменет за тебе туку општо за сите вакви информации кои не се засноваат на факти.

Дури и сличноста на скулптурата не ме зачудува. Се работи за Иберија, во период кога медитеранот бил развижен повеќе од денес. Многу луѓе од разни цивилизации и места патувале, не секогаш со цел да тргуваат или да ограбуваат туку и да научат нови работи, особено уметниците и занаетчиите биле повикувани во разни центри. Религиски и уметничкото претставување на божествата со неколку исклучоци било секаде слично.
Во друга тема имам коментирано и за еден друг аспект на уметноста и процесот на нејзиното творење или едноставно појавата на одреден феномен. Тоа е поврзано со зрелоста, напредокот, околината и крајоликот во кои што живее човекот, што преовладува повеќе во пораните периоди, и овозможува создавање на слични услови за творба и израз.
Тоа ми е многу поинтресна теорија од било какви други за страни тела.
 
Морам да се согласам со ставот дека поинтригантно од сите теории за мистеријата на потеклото и високософистицираните технолошки процеси со кои била изработена оваа биста е она што таа има свои одеци во уметнички дела кои се пронајдени на сосем оддалечени краишта од светот, како што е случајот со она пронајдено на американскиот континент, коешто е дотолку повеќе интригантно поради фактот што е надополнето со инскрипции од клинесто писмо. Ова неминовно говори во прилог на постоењето на интерконекции на старите цивилизации и уметнички центри, кои се нешта кои нам ни се многу слабо познати. Сепак, она што ме поведе да ја сврстам оваа тема под „мистерии“ е сè уште неразјаснетото значење на оваа биста, а за кое, доколку ти имаш повеќе сознанија можеш да дадеш свој личен увид.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom