Ти си тој што дреме на темава и гледа кој ќе се вакцинира, а кој не. Еве нема да се вакцинирам, немам потреба и здравјето ми е топ. Башка тоа после секоја вакцина качувам температура, а верувам вирусов сум го протуркал без симптоми. Што ќе ми реплицираш? Дека имам 70 IQ, дека убивам бебиња и дека плукам на улица? Тоа што некој не сака да се вакцинира, сега ,не го прави антивакцер. Едноставно некои луѓе немаат потреба. А тоа дали сум преносител или не, не ми е грижа. Ако тебе ти е најди начин да се заштитиш.
Убаво е тоа што споделуваш факти поврзани со вакцината, но треба да се сослуша и другата страна која има благи противаргументи и генерално шири фејк њуз кампања против вакцината без никаков повод. Тоа не ми се допаѓа и треба таквите вести да се бришат. 18 од 1 мил имале алергиска реакција (тоа е веќе вест, но ја преувеличуваат)! Каква алергиска реакција? И јас сум имал алергиска реакција, од благо нафрлање, чешање, па до пликови и проблеми со дишењето. После тоа никогаш не сум имал проблеми со дишењето и тоа да ти го напоменам да не го земеш како некаков аргумент. Треба да има препорака за луѓето кои страдаат од алергии.
Сума сумарум: ти навредуваш и ти вршиш контрола над темите кој ќе се вакцинира, а кој не и потоа го напаѓаш со квази аргументи за плукање, убивање бебиња и ниското IQ! Не генерализирај! Не ме прави антивакцер ако не сакам да ја примам оваа вакцина.