Дали ја следиме правилно Библијата?

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.658
Поени од реакции
11.689
Значи што правиш ти како нехристијанин кој што верува во Исус Христос во однос на новиот завет за да може да се каже дека правилно го следиш истиот, а за другите кои се католици и христијани да кажеме дека не го следат правилно?

Што различно следите од истата света книга? :coffee:

Или сите правилно следите?
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.651
Поени од реакции
3.764
...Бог живее во срцата на луѓето што го примиле таму,а не во писанијата и толкувањата на свештенството
...зборот слуга Божји некако не им е драг,нели?
Бог живеел во срцата од луѓето...мислим...поезија за у Струга е тоа.

Бог живее ВО луѓето само ако достојно Го примиле во себе.

Бог не Е во писанијата, туку на Небесата, а истовремено во и со Црквата Своја.
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.304
Поени од реакции
4.651
Да, тоа што го пишувам, тоа го мислам и во тоа верувам.

Светите Оци се ориентир за вистината во Црквата, а надвор од Црквата нема спасение, но затоа има собирачи на салфетки.

За напокајаните грешници да не арчам тастатура...
...ќе го игнорирам по втор пат твојот коментар,бидејќи е надвор од било каква духовна рамка,и само ќе додадам една моја дилема што долго стои кај мене а е во врска со Исус и Светото писание
...зошто Исус не оставил ниту една напишана мисла,туку оставил да биде интерпретиран кој како му е по желба и потреба?
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.506
Поени од реакции
1.068
Значи што правиш ти како нехристијанин кој што верува во Исус Христос во однос на новиот завет за да може да се каже дека правилно го следиш истиот, а за другите кои се католици и христијани да кажеме дека не го следат правилно?

Што различно следите од истата света книга? :coffee:

Или сите правилно следите?
Ќе ме извиниш го гледам лудиот макс на RTL2
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.651
Поени од реакции
3.764
...ќе го игнорирам по втор пат твојот коментар,бидејќи е надвор од било каква духовна рамка,и само ќе додадам една моја дилема што долго стои кај мене а е во врска со Исус и Светото писание
...зошто Исус не оставил ниту една напишана мисла,туку оставил да биде интерпретиран кој како му е по желба и потреба?
Види....ја‘ се‘а нема да те игнорисам, туку ќе ти одговорам на прашањето.

Христос не остави зад Себе никаков пишан текст, оти Он не дојде како прозаист и како поет, туку дојде за да биде препознаен од Неговите (по род) како ветениот и проречениот Месија, ама Неговите не само што не Го препознаа, туку и Го распнаа.

Христос делуваше јавно, пред Евреите па и пред еврејските соседни племиња, но не тајно, така да речиси се‘ што е од Него кажано и сторено, било видливо и слушливо и сосема доволна причина за да биде или прифатен или неприфатен пред се‘ од Неговите по род, без никакви текстуални запсиси, дотолку повеќе што писменоста во Неговото време кај Евреите е привилегија, не масовност. Повеќето од Неговите Апостоли се неуки во световна смисла на тој израз.

Арно ама, Он (Христос, нели...) не не‘ остај сирачиња, туку заедно со Духот Свет ја основа Својата Црква, а токму Црквата ни остави и се‘ уште ни остава записи, кои се корисни за нашето спасение.

Христос не оставил никаква можност за Негово толкување, туку Он остава слободна волја за Негово прифаќање или неприфаќање.

Ај сега стај уш‘е еден „смешко„ на мојов допис...:icon_lol:
 
Последно уредено:

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.506
Поени од реакции
1.068
Значи што правиш ти како нехристијанин кој што верува во Исус Христос во однос на новиот завет за да може да се каже дека правилно го следиш истиот, а за другите кои се католици и христијани да кажеме дека не го следат правилно?

Што различно следите од истата света книга? :coffee:

Или сите правилно следите?
Нигде не сум се изјаснил дека нешто или некого следам. Има само едно прашање кое го барам "кој сум јас".Толку за alf.

Тој ѓавол-Исус треба да се закопа и никогаш да не излезе и секоја книга која сведочи за него да се запали.

Но, бидејќи постои голем јаз помеѓу вас и човек , потребен ви е,а како ќе дојде со стап или кроток дух е тоа е друга тема.
С'е зависи какво срце имате.

Кажав неколку пати, нема погрешно и правилно следење,како што нема погрешна зима и правилно лето, во движење сте и промени од кој едни раѓаат трње,други вкусни плодови ,а има и такви кој ништо не даваат.

Ќе бидете тоа што носите во срцето и душата.Ништо повеќе.
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.651
Поени од реакции
3.764
Тој ѓавол-Исус треба да се закопа и никогаш да не излезе и секоја книга која сведочи за него да се запали.
Штом се сретнеш со Христа Бога „лице во лице„, кажи Му го цитираново...
 

alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.506
Поени од реакции
1.068
Штом се сретнеш со Христа Бога „лице во лице„, кажи Му го цитираново...
Држи се до темата.
Дали правилно ја следиме библијата?
Веќе кажав , не следам ништо.

Ако имаш забелешка на мојот пост, покажи како правилно се следи библијата и биди добар пример за другите.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.658
Поени од реакции
11.689
Зошто темата носи наслов „Дали правилно ја следиме Библијата?“

Како може некој што ја следи Библијата да се сомнева дека не го следи правилно законот и етиката дадени во таа света книга?
Темата се однесува само на луѓе кои одат по правилата и законот даден во стариот и новиот завет?

Повеќе дискусија ќе има (или расправии ако темата носи наслов „Дали луѓето правилно ја следат Библијата?“

Подобро е...
Никој нема одговорено... прашањево е наменето всушност за луѓе кои се христијани (без разлика католици, православни, евангелисти итн итн) и за никој друг... јас не можам да одговорам всушност јас како ја следам библијата... ниту пак некој муслиман може да одговори!
Ми има влетано христијанин да му кажам јас како да ја следи библијата, сигурно попот кој што му ја држи литургијата му бил на одмор, кој да го знае и ништо од одговорот.

Ме интересира сомнежот кај верникот, дали постои сомнеж или се следи од алеф до тав - се по ред :)
 

PROROKOT

Ќе ме биде...
Член од
16 февруари 2022
Мислења
3.651
Поени од реакции
3.764
Ме интересира сомнежот кај верникот, дали постои сомнеж или се следи од алеф до тав - се по ред :)
Сомнежот кај верникот се пројавува во почетниот период од неговата одлука да се приклони кон Бог, а тој сомнеж е последица во личното и недоволното познавање на учењето за кое верникот се определил.

Како што верникот се запознава со верската доктрина, како се пополнува личното незнаење, така се намалува и сомнежот кон одбраната вероисповест-притоа мислам на мојата вероисповест.

Улогата од свештеството не се состои во непрекидното убедување на верниците за потребата од „слепо„ верување во она кое свештениците го проповедаат, така да одлуката дали ќе се следи или нема да се следи верското учење, отпаѓа на самиот верник.

Како и во професиите, така и во верскиот живот, кај верникот мора да постои подем во верскиот подвиг, оти во спротивно следува неизбежниот пад (кон и во верата).

Подвигот во верата се практикува и се држи до крај, се‘ до смртта, оти „...Кој не е во подвиг, тој е во прелест...„.
 

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
11.658
Поени од реакции
11.689
Значи на почетокот е ни таму ни ваму, ама откако ќе се научи верникот да верува ВО библијата и како свештеникот зборува и проповеда - тогаш се следи библијата од алеф до тав....

Или зависи од „подвигот“ - не секој верник е за во рајот, нели...
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom