Дали човекот заборава?

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Ме интересира нешто повеќе околу темава, т.е насловов како шо кажува. Пошто имав прилика малку од малку да се запознаам, кроз чколиово со тематикава, па така ми побуди интерес да слушнам и други мислења.

Воглавно запознаен сум дека има три теории (сигурно се многу повеќе, но јас ги знам триве). Накратко, заборавањето е комплементарен процес во однос на ретенцијата, кој се состои во потполно или делумно, трајно или привремено губење на она што се научило.Заборавањето се манифестира на спротивен начин од помнењето: во неможноста за репродукција и рекогнација и во намалена заштита при обидот за повторно учење.
Во секојдневниот живот најчесто се обрнува внимание на негативните аспекти на заборавањето, меѓутоа овој процес има и позитивна функција. Меѓу нив најзначајни се: ослободување на информации кои за нас веќе немаат значење и запомнување нови информации што се важни за нас. Втора негова функција е ослободување од сеќавањата со непријатна афективна содржина што предизвикала страв или возбудување.

Според Ебингхаус заборавањето е обратнопропорционално со времето кое поминува од моментот на учењето, т.е веднаш по престанување со учење заборавањето е најбрзо, и како што поминува времето се намалува понатаму.

Е сега, првата теорија со која сум запознаен е теоријата на спонтано заборавање. Имено, со тек на време настанува бришење на физиолошките промени (трагите) што биле воспоставени при учењето: затоа што она што порано се учело не се обновува, па со текот на времето само,спонтано исчезнува.

Втората теорија е теорија на активно заборавање.​
Причината лежи во она што се случува за времето кога при учење или обавување на некоја активност, двете или повеќето содржини што се учат се судруваат или пак се мешаат меѓу себе. При тоа доаѓа до бришење на запомнатото поради инхибицијата или кочењето на процесот на задржување на некој материјал. Инхибицијата може да биде од два вида ретроактивна и проактивна.

a)Сегашно учење, ја отежнува репродукцијата на она што порано е учено.

b)Она што порано е учено, ја отежнува репродукцијата на она што сега го учиме.

Третата теорија е теорија на вечно помнење, која кажува дека не постои заборавање. Сите податоци остануваат трајно забележани во меморијата. Доколку на податокот не можеме да се сетиме, тоа е доказ дека не знаеме каде и како низ меморијата да го бараме.
Познато е дека при операција на мозокот на пациентот што е свесен можат да се предизвикаат мошне живи и до најситни детаљи прецизни сеќавања, доколку со електроди се надразнуваат извесни точки од корексот. Исто така е познато дека при хипнотичка сугестија можат да се предизвикаат многу интензивни сеќавања и за далечни сеќавања од најраното детство. Во рамките на овие сваќања се и толкувањата според кои не се заборава ништо, туку само се потиснува она што е непријатно и она што кај личноста предизвикува чувство на страв и срам. Тоа е само наизглед заборавено а всушност се наоѓа длабоко сокриено во несвесното.

Отприлика тоа е тоа накратко. На оние кои ќе придонсат во темава, а со тоа ќе ми овозможат да прочитам и нешто повеќе, им сум предвремено крајно благодарен :)
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
Ауууу семинарска за ова праев :)
Elizabet Loftus има многу истражувања на темава праено ако сакаш да прочиташ нешто повеќе :)
 

fr0zen

Kirigaya Kazuto
Член од
26 септември 2011
Мислења
1.348
Поени од реакции
503
Уште и со НЕ добро слушање и со НЕ добро изговарање зборови. Јас имам проблем со памтење на зборови. И не ги доволно добро изговарам. :)
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.612
Поени од реакции
31.819
Ауууу семинарска за ова праев :)
Elizabet Loftus има многу истражувања на темава праено ако сакаш да прочиташ нешто повеќе :)
Ќе ја разгледам, само во две три реченици ако не ти е мака кажи шо и е главната мисла на тематиката :) Како вовед да ми дојди.
 

Gandradelic

Banderash
Член од
31 март 2014
Мислења
1.297
Поени од реакции
782
Мислам дека човекот како супериорен компјутер ја има целата меморија на неговото постоење, може да заборава некои работи во некој даден момент али информацијата сеуште е присутна така да во тој контекст е неутрален одговорот кој што го давам.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Секој муабет на темава ќе биде крајна шпекулација пошо од научен аспект Врска неаме каде се складира меморијата, и дал воопшто се складира негде. Има повеќе научни теории али сите се климави и сеуше се работи на оваа мистерија. До тоаш само можеме да се праиме паметни.
 
Член од
1 октомври 2013
Мислења
759
Поени од реакции
336
Човекот заборава само кога нештото што го примил во мозокот не му е битно :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom