Дали читањето книги е луксуз?

Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Преубаво е чувството кога ќе си купиш книга. Си има тоа некој посебен шмек. Но искрено кај нас со скромни плати и еден куп други секојдневни трошоци не секогаш остануваат пари за книги.

За среќа, сега за разлика од порано имам впечаток дека библиотеките се многу поснабдени и може да се најде нешто интересно за читање во секое време. Тука се и групите на ФБ за размена на книги. Доволно е да запознаеш барем неколку луѓе што имаат навика за читање и да контактирате редовно и да си позајмувате книги.

Секако друга можност се е-книгите, но јас ич не ги преферирам. Не е исто чувството како кога држиш вистинска книга во рака и ги вртиш страниците.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
4.633
Поени од реакции
8.205
Секако друга можност се е-книгите, но јас ич не ги преферирам. Не е исто чувството како кога држиш вистинска книга во рака и ги вртиш страниците.
Е како со е-книга ќе се покриеш преку лице да дремнеш малку? Па уште тој мирис на печатница, дијазепамче не му е рамно ;)
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Дебатава за започнавме преку темата ХП каде првите четири книги во издание на Арс Ламина чинат околу 3.000 ден, а на англиски цел серијал може да се купи за тие пари. Со одреден попуст и уште помалку.

Вчера ја листав страната на Академска книга и наидов на цела ризница книги по 199-299 ден. Капитални дела каде на македонски јазик, ако ги има, ќе те одерат по секоја цена.

Пример, "Браќата Карамазови" во издание на Матица (во четири тома и сега е на попуст 800 ден), редовна цена е 1.000, а на англиски 199 ден!

Дел од таа стручна литература и не е преведена кај нас, или тешко се наоѓа или е по цена боли глава. Спиноза, Декарт, Фројд, Смит, Маркс, Ниче, Хобс се по 299. Хомер, Бокачо, Платон, Аристотел...за 299 ден! Тоа е кражба.

Дојл 2/1, Кафка сѐ во едно 199 ден. :love:

Гибон за 299! 1100 стр. Утре одма го барам. :love:

Романчињата, од друга страна, се значително поскапи на англиски. Тие некако поминуваат од нашите, домашните, издавачки куќи, но класиците дефинитивно треба да се земат на англиски. Прво се значително поевтини, второ или се на својот изворен англиски или имаат дефинитивно подобар превод (имаат повисоки стандарди) и трето не се расцепкани во неколку книги (пр. Браќата Карамазови) кои ќе те фатат 5 пати поскапо.

Државата треба да го приближи читателот со книгата, не е доволна таа 5% даночна стапка, туку треба и субвенции кон самите издавачките куќи.

Алтернативи има многу како пдф, аудио, библиотеки, српски, англиски, на старо, Амазон...но ако сакаме да го сочуваме нашето културно богатство, нашиот јазик и писмо, ќе мора и во истото да вложуваме. Дефинитивно тие алтернативи се финансиски далеку поисплатливи и народот кон нив прибегнува. Ретко кој купува книги, но и кога купува ги користи сезонските попусти.
 
Член од
2 декември 2021
Мислења
79
Поени од реакции
202
Па чинат луксуз. Некои книги да ги купиш ете и самиот викаш 50 евра коштале. Некои луѓе 50 евра нема да ти ги дадат за книги, него за јадење. Други книги имаш по 200, 300, 400, 500 ден. Тоа ти е една дневница на некој.

Така да, да... за некои е луксуз.
 
Костич, ако читаш внимателно, зборувам за алтернативи, а дел од тие алтернативи (пдф/аудио) чинат точно нула денари. Издавање книга од библиотека е 15-20 ден. Така да, да...читањето не треба да е луксуз.

И зборувам за добрите зделки. Пр. приметив дека некој ја купил "Дружината на прстенот" од Толкин од Академска. Таа е 400-500 ден. (да речеме). Сите три книги, во јануари во Матица (кога имаат традиционален попуст) се 600 ден. Истите ги имам и од истите сум презадоволен.

Од друга страна, да, купувањето книги е луксуз. Навистина се претерува со цените. :)
 
Член од
15 јануари 2008
Мислења
5.041
Поени од реакции
12.031
Костич, ако читаш внимателно, зборувам за алтернативи, а дел од тие алтернативи (пдф/аудио) чинат точно нула денари. Издавање книга од библиотека е 15-20 ден. Така да, да...читањето не треба да е луксуз.

И зборувам за добрите зделки. Пр. приметив дека некој ја купил "Дружината на прстенот" од Толкин од Академска. Таа е 400-500 ден. (да речеме). Сите три книги, во јануари во Матица (кога имаат традиционален попуст) се 600 ден. Истите ги имам и од истите сум презадоволен.

Од друга страна, да, купувањето книги е луксуз. Навистина се претерува со цените. :)
Треба и да се спомне дека години наназад немало ваков убав избор на книги. Мене искрено ме радува што заживеа култот на книгата последниве години. И секое заживување носи и конкуренција и ценовна разлика. Можат да се најдат убави книги за нормални пари без тоа да биде луксуз...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom