Ако веќе си зачленет во една библиотека, мислам дека второто членство се плаќа 100 ден и истекува кога ќе ти истече првото. Така беше порано, кога бев зачленет во две библиотеки.
Тоа ти остава можност да го бараш она што сакаш да го прочиташ, за помалку пари.
Оваа година фатив групен попуст, се зачленив за 150 ден. и веќе 15 год уназад сум член во таа библиотека. Не е најснабдена, но се наоѓа цело време нешто интересно.
Мене ризница ми се оние кои продаваат книги на старо. Кај кејот има една бабичка, цените ги става од ракав, но и доста е флексибилна, па и евтина. На улица Македонија има еден чичко кој продава книги за 50 ден., а енциклопедиите му се нешто поскапи ("Историја на САД" ми ја даде за 200-300 ден!
). Па и првата тезга е доста евтина кога одиш од Рекорд, само нема голем избор на книги. Другото сѐ е доста скапо. Посебно на плоштад.
На фб, купував книги преку еден Александар. Ги дава за околу 50% од набавната, па така ми нареди една полица за смешни пари. Става слики секој ден. Праќа и по карго. Има 2-3 такви групи каде секојдневно циркулираат книги. Дали за размена, дали за продажба.
Тука се сајтовите за купување на користени книги од странство. Џабе се за неколку долари/евра/фунти, каде истите, кај нас, се 500-600, па и повеќе од 1.000 ден! Што за наш стандард е премногу.
Сезонските попусти, родендени и саемите се можност за одредена поднова. Има книги и за 100 ден, од класици до бош литература. Англиските класици се 160-190 ден, што е пристапна цена. Дел од нив имаат повеќе книги или драми во едно издание од тој автор.
И пиратеријата е тука. Имам една апликација (ќе поставам слика, ако е несоодветна, нека ја отстранат модераторите) каде има книги на англиски, но и на други јазици (германски, француски, шпански...од она што сум воочил). Следам на Goodreads, па потоа ги симнувам.
Читањето не е луксуз, не може да биде кога постојат многу алтернативи, па дури и оние кои имаат минимални приходи можат да си приуштат некоја од тие.
Проблемот е литературата која се преведува, а истата зависи правопропорционално од интересот т.е. се преведува она што се троши. Одма се прави чистка на одредени книги од одредени издавачки куќи (посебно Сакам Книги и Матица). Гледам што се чита и во групите (каде 90%+ се жени), но и по другиве форуми (Фемина имаат најактивен подфорум Литература, па дури поактивен и од овој, каде 90%+ се жени!). Така на големо се преведуваат љубовни романчиња и лесни трилери. Само Три ги меша картите, носи современо, па и класици, од сѐ по нешто, така има за секого по пристапни цени.
Стручната литература, генерално, е скапа. Во тој сегмент нека поработат малку (не сакам да купувам од Ѓурѓа за 200 ден, сечени, лепени и монтирани книги). Но треба да се преведат и книги кои уживаат голема популарност кај нас, а дел се и филмувани, и книги кои ги нема веќе на залиха. Ама или се килават, или немаат финансиска моќ да ги откупат правата, или сметаат дека нема да има интерес или имаат лош маркетинг тим.
Алтернативите се тие, прашањето е како книгите да станат попристапни затоа што е факт дека се доста скапи за наш стандард. Прашањето е зошто сите поголеми градови немаат барем една добро снабдена книжарница/антикварница, туку книгите мора да ги бараат по маркетите!? Книгата треба да се доближи до читателот.