Дали читањето книги е луксуз?

Член од
18 септември 2021
Мислења
19
Поени од реакции
18
Во академска книга се прилично скапи баш разгледував пред некој ден но дефинитивно не мислам дека цената може да биде оправдување за нечитање книги, едноставно немам желба за читање, кога студирав со моите последни пари купував книга а кратев од друго сега со плата кога можам да си дозволам не купувам книги пошто не ми се чита.
 

Milanisimus

Gladiator
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.393
Поени од реакции
2.784
Кога последен пат си бил во Литература и Академска книга?
ne sum bil vo tie voopsto vo ovoj zivot :ROFLMAO: vo mkd kupuvam samo od knizara Tri.
kolku so sum gledal po saemi, grubo bi rekol deka 90% od knigite vleguvaat vo cena do 500den, skoro 99% do 1000den, i nekoi isklucoci, voglavno prevod od strucni stranski, koi se nad 1000.
ili greska sum nesto? ili nazad vo vremeto :D
jas toa so citam bi rekol e sredina, za mkd okolu 400-500den mi e prosek, a so kupuvam na angliski okolu 25e prosek
 
Член од
19 април 2014
Мислења
238
Поени од реакции
537
Како што реков братче, се е до тактика. Да, можда некои книги ги нема по библиотеки(пр. еден мој другар ја бараше „богат татко, сиромашен татко“ и нормално, мало морген ја имаше), но сепак не мислам дека мора да се даде пола дневница за една книга. Кога мислев да не се купуваат книги мислев од книжари, ако се има желба се се можеш. Можеш да принташ книги за ефтино ко мене, можеш да купуваш од 2-ра рака или по фб групи да разменуваш книги(ова не го знаев, али ќе го разгледам). Со мојава тактика иако ќе платиш, ќе поминеш за упола цена(па ако не и пониско). Сеа можда нема да има fancy корица за да ја ставиш на полица во дневна, али па нема да те ошурат 5-6 стотки.
Принтам книги само во случај кога ептен не можам да ја најдам книгата или е прескапа. Иако е поевтино таа "скрипта" не можеш да ја размениш, продадеш или подариш на некој. За размената и купување на старо веќе пишав. А за купувањето од книжара, јас мислам дека баш од таму треба да се купуваат книги бидејќи така директно го поддржуваш бизнисот и книгоиздателството.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
2.530
Поени од реакции
4.334
Можеби поимот луксуз е погрешен, сепак една книга месечно не би требало да го осакати домашниот буџет иако би чинела колку претплата за нет, мање-више.
Повеќе е срамно лошиот превод, кратењето на книгите и слабата понуда, особено на нон-фикшн материјал.
Пример Guns, germs & steel сеуште не е преведена после 25 години од издавањето.
Кога на тоа ќе се додаде микроскопскиот пазар и слабата куповна моќ, би рекол дека и тоа што постои е некаков си успех.

Затоа тука е нетот и технологијата. Ако чекав пример, да се преведе Conways на мкд имаше да дочекам :icon_mrgr:.
Фино лепо си ги симнуваш 4-те тома на торент, си ги принташ на ласерски принтер па те кошта некои 300 денари по том со пиратски кертриџ и тераш даље.
 

Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
2.860
Поени од реакции
10.198
ne sum bil vo tie voopsto vo ovoj zivot :ROFLMAO: vo mkd kupuvam samo od knizara Tri.
kolku so sum gledal po saemi, grubo bi rekol deka 90% od knigite vleguvaat vo cena do 500den, skoro 99% do 1000den, i nekoi isklucoci, voglavno prevod od strucni stranski, koi se nad 1000.
ili greska sum nesto? ili nazad vo vremeto :D
jas toa so citam bi rekol e sredina, za mkd okolu 400-500den mi e prosek, a so kupuvam na angliski okolu 25e prosek
Па и на крај се се сведува и на тоа колку читаш. Ако читаш по 1-2 книги годишно, да, се исплати. Ама ако читаш по 1-2 книги месечно, сметам дека воопшто не се исплати. 1000 денари воопшто не се малку да ги даваш месечно за 1-2 книги, особено што истите тие книги што се продаваат на англиски во земјава, може лесно да се најдат и онлајн пиратски. Баш еве ми текна на една книга на Тери Прачет последен пат ја меркав кога бев во Литература, книгата е издадена 92ра, а цената и беше 700 денари, за мене лично не се исплатеше да ја земам. Да не збориме за книги кои излегуваат во делови, трилогии, франшизи и слично, каде мора да ги купиш сите делови. Жанрот фантазија и епска фантастика е изгор скап за читање, и често излегува во делови, па ги продаваат колекционерски цела трилогија за 2500-3000 на англиски, според мене тоа е навистина многу да се даде за книги, и не дека не вреди, туку не секој може да си го дозволи. И јас купувам книги и за мене и за пријатели, и воопшто не ги жалам парите што ќе ги дадам, меѓутоа тоа дека книгите во Македонија не се поскапи од едно излегување е далеку далеку од реалноста.
 

Milanisimus

Gladiator
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.393
Поени од реакции
2.784
Па и на крај се се сведува и на тоа колку читаш. Ако читаш по 1-2 книги годишно, да, се исплати. Ама ако читаш по 1-2 книги месечно, сметам дека воопшто не се исплати. 1000 денари воопшто не се малку да ги даваш месечно за 1-2 книги, особено што истите тие книги што се продаваат на англиски во земјава, може лесно да се најдат и онлајн пиратски. Баш еве ми текна на една книга на Тери Прачет последен пат ја меркав кога бев во Литература, книгата е издадена 92ра, а цената и беше 700 денари, за мене лично не се исплатеше да ја земам. Да не збориме за книги кои излегуваат во делови, трилогии, франшизи и слично, каде мора да ги купиш сите делови. Жанрот фантазија и епска фантастика е изгор скап за читање, и често излегува во делови, па ги продаваат колекционерски цела трилогија за 2500-3000 на англиски, според мене тоа е навистина многу да се даде за книги, и не дека не вреди, туку не секој може да си го дозволи. И јас купувам книги и за мене и за пријатели, и воопшто не ги жалам парите што ќе ги дадам, меѓутоа тоа дека книгите во Македонија не се поскапи од едно излегување е далеку далеку од реалноста.
toa za izleguvanje go pisav od g/kjutura, od rakav, i mislam deka stoi esapot - prosek izleguvanje so 3 piacki ete ti 500den. za knigi, kako i za se drugo - hrana, obleka, piacki, sekoj si ima svoj vkus.
ne negiram deka ima knigi koi se skapi za nas standard, ama stoam na toa deka 90% od knigite se so prifatlivi ceni za nas standard.
kako za sporedba, letovo kupiv tri knigi vo Srbija, od Brajan Trejsi, motivaciski avtor, bea vo rang 700-800 denari po kniga, so e duplo od kaj nas.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
9.355
Поени од реакции
15.108
Имам одлична библиотека. Дедо ми, кој уште е жив, покрај класиците, ми остави чудо од политичка, правна и економска литература. Имаше и философија, ама таа недека се изгуби.
Дел од истата е застарена и дотрајана. Ми остави и доста романи, на српско-хрватски јазик. Тие полици со книги, станува збор за неколку илјади книги, ми ја всадија љубовта кон книгата, иако нешто покасно во мојот живот исплива на површина (за тоа пишував на ДК). Беше отсекогаш присутна, ама блага и невидлива.

Сакам да мешам и жанрови и вкусови, сакам и стручна литература, но и (авто)биографии. Така лично мојата библиотека се состои од релативно понови изданија, затоа што релативно скоро и почнав да ја правам (имам околу, лично мои, 500 книги). И не е тоа дека се правам начитан, туку уживам во своето хоби, уживам во книгите.

Порано имав многу повеќе слободно време, сега не толку, па и бројот на книги кои ги читам е редуциран, и гледам да го читам она што ќе ми го задржи интересот, вниманието и фокусот. Така ги баталив маратоните од по 500+ страни.

Штета што книгите не ми се систематизирани. Библиотеката која ми ја остави дедо ми е во подрум, дел е и во пакети, а мојата е во плакар! Направив простор за полица во спалната, се надевам дека наскоро ќе ја поставам, а можеби и ќе ја фотнам. :D

На оваа тема ги заборавивме клуб картичките. Има и скалести попусти и фиксни. Само од Арс Ламина немам картичка, ами онака ги посетувам само и само кога имаат попусти. Или-или не знам дали даваат, во случај да даваат, и од нив немам.

Ги заборавивме и дебелите корици. Сем дел од класиците и дел од книгите на англиски, не сум видел книга со дебели корици! Не мора да е шиена, нека е лепена, ама нека има тврд повез. Па и онаму каде го има, се доплаќа доста поскапо (100+ ден!).

Ги заборавивме и веб страните на српски (Лагуна), каде имаат фантастични сезонски попусти.

Најголем проблем, како што напишав и на темата ХП, ми е долгата листа на желби и афинитети, а цените на повеќето книги се доста солени. Мора малку да го спуштат стандардот. Убави се сите тие едиции, каде на дел не треба да се плаќаат авторски права (мислам дека 99 год е рокот, ама одамна дебатирав за тоа и не се сеќавам најдобро)! Спушти топка, намали цена. Во спротивно сите ќе купуваат книги на српски (како што го носи Матица она што не успеало да се продаде на Саемот во Србија за 150-200 ден, дури и со тврд повез). Па и Топер (сега има Агата за 150 ден, а Арс 380!). Или на англиски.

Пазарот бара супститути, мора да имаат подобар маркетинг тим. Мора да го знаат тоа.

пи.ес. Дали од bookland го повлекоа попустот на книгите на Арс Ламина додека траеше Саемот или се трипам!? Беше активен само неколку дена! :cautious:
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.219
Поени од реакции
11.852
Искачањето секогаш ќе биде поголем луксуз. Јер во искачањето, временската трансферзала е една вечер, и, зависно од слободното време со кое располагаш ти можеш секојдневно да поебуваш у просек по 500 денари, што по мене е далеку повеќе од една книга која нема шанса да ја прочиташ за една вечер у просек. Вака ако теоретизираме.
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
1.945
Поени од реакции
3.584
Незнам дали е луксуз али знам дека македонската книжевна сцена е тежок кичерај.
Тоа издавачките куќи дали плаќаат или не плаќаат лиценци, интелектуална сопственост и такви некој ствари али факт е дека голем дел на добри и познати книги им се скапи да ги локализираат па секоја година имаме ѓубре романи за бришење газ.
Таргетот им е женската популација пошто грото се тие кои негуваат помодарство на големи домашни библиотеки за станчето да им изгледа кул како на Пинтерест. Трилери смотани драми и такви некој one hit wonder булшит белетристика у курац нека се носат.
Се скапав купување српски и англиски изданија. Србија културно е еони понапредна од нас. Греој сме овде.
 

bobipp

Let's cook!
Член од
15 август 2008
Мислења
10.860
Поени од реакции
4.885
Далеку од тоа дека книгите се луксуз. Ама времето за да ги читаме истите...е тоа е луксуз :place:.
Кој нема проблем со литература на англиски, еве предобра страна од каде имам нарачувано од т.н. Bargain Bin, односно книги на “старо“ кои за наши услови се џигит нови, за смешни суми од 2-3 фунти (150-200 ден) и исто така интернационална достава по пошта за 200 ден. Ќе потрае доставата, ама ќе стигнат. Ќе си порачаш 2-3 книги наеднаш или со некој заедно во пакет и ќе се подели и доставата.

Од овде ја имам порачано пример "Heir to the empire", книга од Star Wars универзумот, како на “старо“, а не беше ни отворена, се познаваше затоа што од бочна страна ниедна линија немаше, а книгата е мала по формат, но дебела, едно 4-5 цм. Штом ја читаш почнуваат тие линиите на виткање да се познаваат.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
3.914
Поени од реакции
6.604
Едно време од јадење кратев да купам книга! Паралелно бев зачленет во Браќа Миладиновци и се наоѓаше по нешто. Периодот средно-факултет читав како на дроги, по 3-4 книги на месец. Претежно класици, додека не ги исповртев сите, некои и по втор пат не застанував. Потоа со обврските успорив, а и често бев надвор од Мк, па и тоа ми правеше проблем да дојдам до книга. Сега да не е интернет, тенко. Последно пред 10 години ја претресов руската класика, на изворен јазик и тоа е.
Ај може во пензионерски денови ќе почнам пак, комотно ќе можам да си ги препрочитам класиците, ќе ми биде како ново :pos:
 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
9.586
Поени од реакции
18.785
Последно сум прочитал белетристика во средно, а веројатно пак би прочитал кога ќе се пензионирам (може ни тогаш) :D

Генерално читам: стручна (инженерство + ИТ), научна (физика, биохемија, нутриционизам...), и последниве месеци најмногу економски/берза.

Генерално до истата стигам бесплатно (торент/гугл во pdf), исклучиво англиски верзии, и ги имам каде и да одам (google drive).

Сум ја имал дискусијата дека не било добро од пдф, не било исто чувството како хартија, и можеби се во право, НО ништо не е подобро од практичноста на дигиталната копија. Утре и да се преселам на 15 000 км од тука, книгите ќе ги имам со себе.

Најголем проблем ми е времето, а чат пат знае да биде и концентрацијата (преморен, тешко оди читање и разбирање на одредени тематики, некогаш и со денови ми треба да поминам една тема). Инаку луксуз само во поглед на време, во поглед на пари никако, особено на овие простори каде е „дозволена“ пиратерија.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom