Дали читањето книги е луксуз?

Leo Bonnie

Кад се врате скитнице
Член од
20 декември 2008
Мислења
4.203
Поени од реакции
4.810
Ме мотивира темата за Хари Потер и саемот па да отвориме една дискусија, дали мислите дека читањето книги кај нас претставува луксуз? Колку можиме да си дозволиме да купуваме книги? Како да ги мотивираме децата да читаат повеќе? Тие што се фамилијарни дали можат да купуваат нешто редовно за себе и за децата?

Опција е секогаш библиотеката, јас додека да се вработам и во студентските денови ја користев библиотеката во Битола но немаат сите градови толку добри библиотеки.
 
Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
2.860
Поени од реакции
10.198

Не сметам дека читањето е луксуз воопшто, всушност исто колку што е луксуз и гледањето филмови. Има многу книги што може да се изпиратизираат, да се симнат бесплатно, па и да се позајмат од пријатели. Можеби е скапо да се купуваат книги, но да се читаат воопшто не е.
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
9.854
Поени од реакции
22.731

Се согласувам со @Corvus . Денес дури има и десетици групи по фејсбук каде се разменуваат книги, не мора ни да се купуваат, дури ни во библиотека да се зачленат, доволна е само желба. Јас на моите деца (на син ми, поточно, ќерка ми е уште мала за тоа) редовно им купувам сликовници и книги. Кај син ми ја всадив љубовта кон книгата со тоа што постојано му читав, пред заспивање, после таму некаде, третиот роденден, кога веќе почна повеќе да разбира. Така и сам ги научи буквите и научи да чита. Сега е второ одделение, допрва треба да ги учат буквите во училиште, а тој, уште од пред 3 години знае да чита, и течно и брзо чита. Летово ги прочита сите лектири за второ одделение кои му беа зададени: „Зоки Поки“, „Грдото пајче“, „Касни порасни“ и „Сказни“ од Грим, а му ги купив и преостанатите 2 изборни: „Песни“ од Васил Куноски и „Брзалки без врзалки“ од Стојан Тарапуза, и тие ги прочита. Сега, на Саем поголем дел од потрошените пари беа за него, и беше пресреќен, немате поим колку скокаше од радост кога му ги донесов книгите и сликовниците. Одма се исклучи од светот околу него и влезе во светот на Биби и Боби. Ме потсети на децата од уште една лектира за основно, ама таму некаде во трето или четврто одделение: „Легендата за Марфи Компирката“ од Овен Колфер - децата кога ќе го откријат тој свет на книгите се менуваат целосно, исто како него.

Библиотека... Хм... Искрено, не знам што да кажам. Кога бев средношколец бев зачленет, и редовно позајмував книги и читав, зашто навистина немав услови да купувам. Подоцна, на факултет бев зачленет во НУБ, ама се на се десетина пати ако појдов таму. Повеќето од книгите ги позајмував од колеги/пријатели, а дел и фотокопирав. Пред 5-6 години се зачленив пак, во Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ и воопшто не сум задоволен, затоа што речиси што и да побарав што сакав да читам - тие го немаа, а и да го имаа, не се замараа да побараат дали го имаат. На пултот оставени куп книги, најмногу лимонатки, тривијална, кич и шунд литература од кое ништо не би ни отворил, а не да прочитам. Еднаш го најдов Памук, еднаш Лидија Димковска, и толку. Не се сеќавам дека сум нашол нешто друго вредно за читање. А бев зачленет 3 години по ред, и членска карта е 300 денари годишно, при што таа ти важи само за во одделот за белетристика. Ако сакаш да зајмиш нешто од детска литература, долу, треба да доплатиш, чинам 50 или 100 денари. Исто и од ограноците, клоновите на библиотеката, како Страшо Пинџур. Плус за секое зајмување на книга се плаќа, мислам дека по 15 денари, за амортизација на книгите. На крај ко ќе пресметаш, за да најдеш 2 добри книги во рок од 3 години, треба да потрошиш околу 1000 денари во библиотека. Затоа се откажав од библиотеките. Со тие 1000 денари ќе начекам некој попуст ко тие во Три - 5 за 499, и ќе купам 10 класици од Ѕвезди на светската книжевност во кои знам дека ќе уживам повеќе отколку во Гијом Мисо со очајните преводи на Топер.
Автоматски споено мислење:

Можеш @Leo Bonnie и да отвориш нова тема со овој пост како вовед, мислам дека нема ваква дискусија во подфорумов.
Може @Setsuko да ги префрли мислењата во нова тема.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
9.355
Поени од реакции
15.108
Ако веќе си зачленет во една библиотека, мислам дека второто членство се плаќа 100 ден и истекува кога ќе ти истече првото. Така беше порано, кога бев зачленет во две библиотеки.

Тоа ти остава можност да го бараш она што сакаш да го прочиташ, за помалку пари.

Оваа година фатив групен попуст, се зачленив за 150 ден. и веќе 15 год уназад сум член во таа библиотека. Не е најснабдена, но се наоѓа цело време нешто интересно.

Мене ризница ми се оние кои продаваат книги на старо. Кај кејот има една бабичка, цените ги става од ракав, но и доста е флексибилна, па и евтина. На улица Македонија има еден чичко кој продава книги за 50 ден., а енциклопедиите му се нешто поскапи ("Историја на САД" ми ја даде за 200-300 ден! :love:). Па и првата тезга е доста евтина кога одиш од Рекорд, само нема голем избор на книги. Другото сѐ е доста скапо. Посебно на плоштад.

На фб, купував книги преку еден Александар. Ги дава за околу 50% од набавната, па така ми нареди една полица за смешни пари. Става слики секој ден. Праќа и по карго. Има 2-3 такви групи каде секојдневно циркулираат книги. Дали за размена, дали за продажба.

Тука се сајтовите за купување на користени книги од странство. Џабе се за неколку долари/евра/фунти, каде истите, кај нас, се 500-600, па и повеќе од 1.000 ден! Што за наш стандард е премногу.

Сезонските попусти, родендени и саемите се можност за одредена поднова. Има книги и за 100 ден, од класици до бош литература. Англиските класици се 160-190 ден, што е пристапна цена. Дел од нив имаат повеќе книги или драми во едно издание од тој автор.

И пиратеријата е тука. Имам една апликација (ќе поставам слика, ако е несоодветна, нека ја отстранат модераторите) каде има книги на англиски, но и на други јазици (германски, француски, шпански...од она што сум воочил). Следам на Goodreads, па потоа ги симнувам.

Читањето не е луксуз, не може да биде кога постојат многу алтернативи, па дури и оние кои имаат минимални приходи можат да си приуштат некоја од тие.

Проблемот е литературата која се преведува, а истата зависи правопропорционално од интересот т.е. се преведува она што се троши. Одма се прави чистка на одредени книги од одредени издавачки куќи (посебно Сакам Книги и Матица). Гледам што се чита и во групите (каде 90%+ се жени), но и по другиве форуми (Фемина имаат најактивен подфорум Литература, па дури поактивен и од овој, каде 90%+ се жени!). Така на големо се преведуваат љубовни романчиња и лесни трилери. Само Три ги меша картите, носи современо, па и класици, од сѐ по нешто, така има за секого по пристапни цени.

Стручната литература, генерално, е скапа. Во тој сегмент нека поработат малку (не сакам да купувам од Ѓурѓа за 200 ден, сечени, лепени и монтирани книги). Но треба да се преведат и книги кои уживаат голема популарност кај нас, а дел се и филмувани, и книги кои ги нема веќе на залиха. Ама или се килават, или немаат финансиска моќ да ги откупат правата, или сметаат дека нема да има интерес или имаат лош маркетинг тим.

Алтернативите се тие, прашањето е како книгите да станат попристапни затоа што е факт дека се доста скапи за наш стандард. Прашањето е зошто сите поголеми градови немаат барем една добро снабдена книжарница/антикварница, туку книгите мора да ги бараат по маркетите!? Книгата треба да се доближи до читателот.
 
Член од
20 октомври 2020
Мислења
207
Поени од реакции
95
Не сметам дека читањето е луксуз воопшто, всушност исто колку што е луксуз и гледањето филмови. Има многу книги што може да се изпиратизираат, да се симнат бесплатно, па и да се позајмат од пријатели. Можеби е скапо да се купуваат книги, но да се читаат воопшто не е.
Исто се согласувам дека читањето не мора да е луксуз, особено не денес со разните алтернативи.
Еве еден мој пример:
Пред еден месец сакав да почнам да чирам една стручна книга за мрежи и безбедност(оваа). На повеќете доверливи онлајн страни, истата кошта мин. 20€. Ја барав и по нашиве снабдени книжари и ја имаше само во literatura.mk, каде кога ми кажаа колку бараат ми идеше да ги удавам во фонтаната на Александар Македонски. Затоа најдов пиратирана .pdf верзија од книгава(пример) и отидов во една од копирниците во Скопје каде принтаат на големо за евтино. Ако принтав во обична книжара ќе ме фатеше скоро 900ден, а вака поминав за за 450ден. Еве го резултатот: ;D
1632398223128.png
 
Goofy

Обичен смртник
Член од
11 август 2016
Мислења
433
Поени од реакции
1.141
На денешно време ако се водиш со опраавдување ''скапи се книгите инаку би читал'' е смешно. За една недела не одење на кафе може да се купи книга.
Има библиотеки исто.
Јас лично купувам книги втора употреба(порачувам од страна за книги втора употреба). Не знам во МК дали го има ама е ептен исплатливо.
 
Последно уредено:

Milanisimus

Gladiator
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.393
Поени од реакции
2.784
odlicna tema

kako i site prethodno, se soglasuvam deka e daleku od luksuz, i dostapno za najgolem del od populacijata.

mozda korisna nasoka za diskusijata i temava, e kako da se napravi uste podostapna ili poatraktivno da receme.

do fakultet koristev pretezno biblioteki i torenti, a od periodot na fakultet pocnav poleka da si pravam svoja biblioteka,
koja iako ne sum prebroil, bi trebalo da broi nad 50 knigi.

vo edna od omilenite knigi, ima eden sovet, 3-5% od godisniot prihod, vlozete vo sebe i svoe usovrsuvanje (knigi/obuki i slicno)
pa delumno na novite kupeni knigi gledam i kako na eden vid investicija vo sebe.

za toa kako da motivirame deca da citaat povekje
najdov na twiter, lik koj postira, deka se dog so sin mu, da mu plakja 10$ po procitana kniga, ili nesto taka,
i kao detevo se usililo i puka preku 100 knigi u godinata (nezz kolku e verodostojno ova)
principot nagrada sigurno bi gi motiviral, a za povekje nemam iskustvo da komentiram.
 
Член од
20 октомври 2020
Мислења
207
Поени од реакции
95
Читањето книги воопшто не е луксуз, ама купувањето книги полека станува луксуз.
Освен стручни книги или енциклопедии, ја стварно не знам зошто би купувал(затоа измислиле библиотека).
Повеќе им се на мн. луѓе за да ги редат на полица за да се чаталат демек се "начитани" (верувале или не, сум сретнал мн. вакви хаха).
 
Milanisimus

Gladiator
Член од
12 јули 2009
Мислења
1.393
Поени од реакции
2.784
Читањето книги воопшто не е луксуз, ама купувањето книги полека станува луксуз.
zavisi i so citas. gledam deka ima trend na pokacuvanje na ceni, ama ne bi rekol deka e na nivo na luksuz. i najskapite knigi kaj nas ne se kolku edno izleguvanje, ili sofra vo restoran.
 
Corvus

Latrodectus
Член од
24 јануари 2011
Мислења
2.860
Поени од реакции
10.198
zavisi i so citas. gledam deka ima trend na pokacuvanje na ceni, ama ne bi rekol deka e na nivo na luksuz. i najskapite knigi kaj nas ne se kolku edno izleguvanje, ili sofra vo restoran.
Кога последен пат си бил во Литература и Академска книга?
 
Член од
19 април 2014
Мислења
238
Поени од реакции
537
Освен стручни книги или енциклопедии, ја стварно не знам зошто би купувал(затоа измислиле библиотека).
Повеќе им се на мн. луѓе за да ги редат на полица за да се чаталат демек се "начитани" (верувале или не, сум сретнал мн. вакви хаха).
Единствената библиотека во градот (а јас сум од село и не одам во град секој ден) е со ограничен фонд на книги. Новите книги што ги носат се претежно лимонади и лектирни изданија. Книгите што мене ми привлекуваат внимание нема никогаш да ги донесат во библиотека. Бројот на читатели во мојата околина е мал и претежно се женски кои читаат лимонади, така што тешко можам да разменувам книги. Останува купувањето, се наоѓа убави понуди кога има попуст или во групите за стари книги, ама сепак ако сакам да купам нова книга штотуку излезена 5-6 стотки бегаат додека трепнеш, а кога ќе трепнеш избегале и уште 150ден за карго.:D
 
Како што реков братче, се е до тактика. Да, можда некои книги ги нема по библиотеки(пр. еден мој другар ја бараше „богат татко, сиромашен татко“ и нормално, мало морген ја имаше), но сепак не мислам дека мора да се даде пола дневница за една книга. Кога мислев да не се купуваат книги мислев од книжари, ако се има желба се се можеш. Можеш да принташ книги за ефтино ко мене, можеш да купуваш од 2-ра рака или по фб групи да разменуваш книги(ова не го знаев, али ќе го разгледам). Со мојава тактика иако ќе платиш, ќе поминеш за упола цена(па ако не и пониско). Сеа можда нема да има fancy корица за да ја ставиш на полица во дневна, али па нема да те ошурат 5-6 стотки.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom