Од љубов не се живее- е главното мото на најмалку од 50% ликовите кои сметаат дека им дошло времето да го сменат својот статус- married.
На оваа тема би требело да нема коментари само анкета во која материјалистите би се изјасниле со Да, а останатите со Не.
Btw тоа со примерите Коцев, чичкоти мекдоналс, машината за перење немаат врска, претставуваат контра аргументи на твоето прашање.
А доколку јас би имал све што ќе посакам и секојдневно да се опуштам на луксуз, би живееел во брак на стари години. Само нема да ги следам примерите наведени, ждругање во кафана, играње фудбал во мало. Зарем немаш попаметни работи? Еве јас имам.
Ќе го шетам светот бе , крстарења со брод (буквално сите острови) , планинарење на најпознати врвови, дизниленд, водни паркови,(зависник од андреналин+ сејвти не ми се умира млад
) , журки Мексико, Шпанија, ќе се пијанам во Ирска во некој паб и ќе пијам гинис ќе ги частам локалците и ќе пееме некој стари ирски песни, се разбира јас ќе држам само терца
.Патролирање со џип низ Сахара уживање во оазите трбушен плес, пукање со калашников во воздух на журка покрај огниште, редовно ќе одам на чоколадна масажа во Фиџи во тие џунглите и најекслузивните спа центри во светот,би ги посетил свингите и пирамидите во Египет и Тунис, би закупил остров во Дубаи тие што се направени во слика на светот и би уживал на лежалка со коктели и фешн девојки 2-3 месеци без да излезам од островот. Би заминал во Еквадор и би зачекорил на двете полутопки каде е обележан со таа бела трака, крстарење со свој екипаж по Амазон, би спиел 1 недела во игло кај ескимите на Гренланд, би пошол на концерт на Травис во некој гето клуб во Бостон како вип гостин, се разбира со обезбедување.
Наредни места на живеење се Париз, Виена, Језоло(Европа), Индија, Кина(Азија), Њу Јорк- Менхетен (С. Америка), Бразил- Рио (Ј. Америка) за другите не сум заинтересиран.
За крај би легнал на даските на пристаништето во Барселона и ќе си ја превртам лентата на преживеаното, се враќам назад Македонија и се женам.
Еххх да ја слушне мојава идеа Донал Трамп, или принцот од Брунеи и да се сожали