Дали успешна кариера влијае лошо на семејниот живот?

Дали успешна кариера влијае лошо на семејниот живот?

  • Да

    Гласови: 46 46,0%
  • Не

    Гласови: 38 38,0%
  • Немам одговор

    Гласови: 16 16,0%

  • Вкупно гласачи
    100

AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Успешната кариера бара голема посветеност, одговорност, вложување на напор и жртвување на скоро цело слободно време. Затоа што кога веќе човек ќе започне да чекори по тоа скалило на успешна кариера, тогаш веќе започнува да ги запознава термините: прекувремена работа, деловни состаноци во било кое време од денот, постојано дружење со колеги и колешки замаскирано со терминот `тим билдинг`, ѕвонење на службениот телефон во било кој ден и било кое време во текот на денот, постојана достапност и јаки нерви....
Сите овие термини се убијци на здравиот и стабилен семеен живот. Одгледувањето и воспитувањето на деца, стабилните брачни односи, следењето на сите работи кои се одвиваат во семејниот живот - сето тоа бара време и силни нерви. Успешната кариера го одзема тоа време и тие нерви.
Под семеен живот не се подразбира само сопруг или сопруга кои ке имаат разбирање за огромното залагање на партнерот за успешна кариера, или родители кои несебично ќе ги чуваат вашите деца...Подразбира огромна посветеност во обезбедување на топол и стабилен дом на своето дете, следење на неговиот развој и напредок, застапеност во секој сегмент во неговото воспитување, несебичност и љубов спрема партнерот и грижа за родителите кои веќе и нема да се толку млади за да се грижат самите за себе.
Ова е апсолутно неточно. Не значи дека ако некој е посветен на кариерата не може да биде посветен и на својата фамилија. Сѐ има свое место и време. Факт е дека луѓето кои многу работат поминуваат помалку време со своите деца, но клучот е во квалитетот, не квантитетот. Што ако мајките домаќинки се постојано со своите деца ако се исфрустрирани и несреќни од тоа што мораат да бараат пари од мажот, немаат никаква содржина која би ги направила да се чувствуваат задоволно од себе и нивниот живот се сведува на тинтрање на децата, а со тоа најчесто и гушење и создавање на деца кои не знаат самите да се снајдат во ниеден сегмент од животот?
Од сите луѓе што ги познавам, ако направам една слободна проценка на моите пријатели и познаници, многу позадоволни и посреќни се луѓето чии родители работеле и имале успешна кариера отколку оние кои имале родители кои биле нереализирани и неамбициозни, па со тоа и ги труеле своите деца.
Сметам дека целта на родителството е децата да бидат стабилни, независни личности кои ќе чекорат по свој пат. Таа цел не се исполнува само со поминување квантитативно многу време со децата, дури мислам дека и најмалку се постигнува така. Насочувањето, поврзувањето и добриот однос може да се изгради за многу кратко време, само ако родителот знае како да го направи тоа.
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
423
Поени од реакции
682

Јас терминот успешна кариера не го изедначувам со тоа дали воопшто ќе се работи нешто или не. Правам разлика меѓу едното и другото.
Едно е да си имаш одредено работно место кое не бара 24 часа достапност, а друго е да се стремиш се повисоко и повисоко.
За мене успешната кариера е натпревар во кој мора да си секогаш достапен затоа што ако не си конкуренцијата ќе ти го земе посакуваното место.
Пред два дена морав да пропуштам роденден на мојата најверна другарка затоа што во 9 часот навечер имав деловен состанок, а пред два месеци ја пропуштив дипломската на братучед ми затоа што морав да присуствувам на тим билдинг.
Се прашувам колку во иднина моето дете ќе биде среќно кога ќе почнам да ги пропуштам неговите родендени и дипломски.
 
Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Насочувањето, поврзувањето и добриот однос може да се изгради за многу кратко време, само ако родителот знае како да го направи тоа.
Како еден родител ќе знае да го направи тоа?
Или тука доаѓа до израз самите квалитети и афинитети на самата личност за успешно да ги негува овие нешта?
Кариерата како кариера ќе има доста влијание на самиот однос, носено од самиот факт дека еден човек ќе го поминува најпродуктивниот дел од денот опкружен со работни обврски/работни односи/работен ментален скоп. Како ќе се исклучи тоа копче, и самата личност ќе влезе во родителски режим? Или како ќе го изградиш твоето дете, кога неговото работно место/место во општеството најверојатно уште не е создадено?

(Не се зајадувам лично, туку само мал милион прашања ми навираат во глава кога ќе помислам на сите овие нешта, а јас немам одговор за нив.)
--- надополнето: 9 февруари 2014 во 16:10 ---
Пред два дена морав да пропуштам роденден на мојата најверна другарка затоа што во 9 часот навечер имав деловен состанок, а пред два месеци ја пропуштив дипломската на братучед ми затоа што морав да присуствувам на тим билдинг.
Се прашувам колку во иднина моето дете ќе биде среќно кога ќе почнам да ги пропуштам неговите родендени и дипломски.
Во серијата “Пријатели“, кога Рос отиде кај Рејчел на работа да ја слават годишнината имаше една многу јака мисла: "It's just a job".

Кога еден човек е млад, сака да се докаже, да работи повеќе (јас барем понекогаш останувам повеќе отколку што треба), да успее повеќе. Но, најчесто другите делови од животот страдаат поради таа посветеност. Најчесто, кога еден човек се исправи од толку работа е, 40 годишен самец што и нема што да покаже отколку некакви материјални нешта и некаква согледана лична сатисфакција за успешна кариера.
 
Последно уредено од модератор:

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Јас терминот успешна кариера не го изедначувам со тоа дали воопшто ќе се работи нешто или не. Правам разлика меѓу едното и другото.
Едно е да си имаш одредено работно место кое не бара 24 часа достапност, а друго е да се стремиш се повисоко и повисоко.
За мене успешната кариера е натпревар во кој мора да си секогаш достапен затоа што ако не си конкуренцијата ќе ти го земе посакуваното место.
Пред два дена морав да пропуштам роденден на мојата најверна другарка затоа што во 9 часот навечер имав деловен состанок, а пред два месеци ја пропуштив дипломската на братучед ми затоа што морав да присуствувам на тим билдинг.
Се прашувам колку во иднина моето дете ќе биде среќно кога ќе почнам да ги пропуштам неговите родендени и дипломски.
Претпоставувам кога спомена тим билдинг дека си во почеток на кариера :)
Неможе се да имаме и да сакаме. Во одреден период од животот мораш да направиш одстапки. Затоа кариерата се почнува после факултет каде немаш формирано семејство и врските се ќе биде или не. Кога веќе ќе стасаш на некое посакувано ниво, каде можеш да се продадеш на пазарот добро, за тим билдинг не се пропушта ништо.

Во подоцнежни години ќе мораш да ризикуваш време.
 
Не би можела да речам на почеток, но сигурно и далеку од средината :) Но сепак, со искуство од повеќе фирма, дефинитивно тој термин тим билдинг го практикуваат веќе сите работни политики...нешто како да не се одалечуваш од работата и по завршувањето на работното време...што веќе е и друга тема.
 
AlternativeF

госпожата од втори
Член од
1 мај 2006
Мислења
4.830
Поени од реакции
7.575
Јас терминот успешна кариера не го изедначувам со тоа дали воопшто ќе се работи нешто или не. Правам разлика меѓу едното и другото.
Едно е да си имаш одредено работно место кое не бара 24 часа достапност, а друго е да се стремиш се повисоко и повисоко.
За мене успешната кариера е натпревар во кој мора да си секогаш достапен затоа што ако не си конкуренцијата ќе ти го земе посакуваното место.
Пред два дена морав да пропуштам роденден на мојата најверна другарка затоа што во 9 часот навечер имав деловен состанок, а пред два месеци ја пропуштив дипломската на братучед ми затоа што морав да присуствувам на тим билдинг.
Се прашувам колку во иднина моето дете ќе биде среќно кога ќе почнам да ги пропуштам неговите родендени и дипломски.
Ти погрешно си ме разбрала, не зборувам јас за „воопшто работење или не“. Успешна кариера е кога си посветен, ефективен и напредуваш во својата работа. Работењето на рутинска работа која не бара посветување и не нуди можност за напредок за мене е исто со седење дома и домаќинување (од интелектуален аспект).
Затоа и реков сѐ има свое место и време. Дали мислиш дека твоето дете ќе биде среќно ако ти си неуспешна и тоа незадоволство го пренесуваш и на детето?

Како еден родител ќе знае да го направи тоа?
Или тука доаѓа до израз самите квалитети и афинитети на самата личност за успешно да ги негува овие нешта?
Кариерата како кариера ќе има доста влијание на самиот однос, носено од самиот факт дека еден човек ќе го поминува најпродуктивниот дел од денот опкружен со работни обврски/работни односи/работен ментален скоп. Како ќе се исклучи тоа копче, и самата личност ќе влезе во родителски режим? Или како ќе го изградиш твоето дете, кога неговото работно место/место во општеството најверојатно уште не е создадено?

(Не се зајадувам лично, туку само мал милион прашања ми навираат во глава кога ќе помислам на сите овие нешта, а јас немам одговор за нив.)
Многу зависи каква личност е родителот и како тој ќе се постави кон своите деца. Родителството не е математичка формула, тоа е многу покомплицирано и многу фактори влијаат. Едноставно објаснето: дали е подобро да поминуваш десет саата дневно со своето дете гледајќи телевизија или два саата правејќи нешто што ќе го развие неговиот интелект и личност?
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Не би можела да речам на почеток, но сигурно и далеку од средината :) Но сепак, со искуство од повеќе фирма, дефинитивно тој термин тим билдинг го практикуваат веќе сите работни политики...нешто како да не се одалечуваш од работата и по завршувањето на работното време...што веќе е и друга тема.
Тим билдинг е американски изум за запознавање на колегите. Претежно се „наложува“ во фирми или невладини организации каде има Амерички пари и филм. Тим билдингот е уствари практикуван онаму каде шефот нема друга работа, па вработените му прават друштво во превод. После одреден период со работење тим билдингот е незадолжителен и се однесува само за млад кадар да може да се уигра со тимот.

Македонскиот тим билдинг е барање причина за кафана.

За се останато се наоѓа време. Се согласувам со алтернатиф 5 минути да се али да се исполнети со љубов и внимание. Од тоа подобро нема.
 
Член од
6 март 2007
Мислења
2.301
Поени од реакции
1.580
Ако си успешен (материјално богат), ке те изеде провинцијалската пи*ка.
 
Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Многу зависи каква личност е родителот и како тој ќе се постави кон своите деца. Родителството не е математичка формула, тоа е многу покомплицирано и многу фактори влијаат. Едноставно објаснето: дали е подобро да поминуваш десет саата дневно со своето дете гледајќи телевизија или два саата правејќи нешто што ќе го развие неговиот интелект и личност?
Се согласувам дека квалитетното време си е квалитетно време. Тие работи ми се јасни како теорија, ќе видиме дали ќе вродат плод во пракса (некое идно време). Свесен сум дека моите родители инвестираат/инвестирале многу време, енергија, и идеи во мене, па си мислам дали јас ќе можам истото (дури и повеќе) да го дадам на моите потомци. Кариерата ќе влијае врз тоа, и наоѓањето на рамнотежа ќе биде тешко. Би сакал да слушнам мислења од луѓе што веќе имаат формирано фамилии.

И да, секоја професија си е некаков вид на кариера, не мора да се идеализира поимот кариера и да се поистоветува со перфекција.
 
Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.275
Поени од реакции
3.496
Ако се сака, се се може. Посвети се на кариерата, три вечери дома после работа, на фамилијата 4 вечери, и ете ти компромис. Муабетите дека "парите не се битни во животот" ниеден богат човек не ги мисли, така се тешат оние од пониските слоеви. А без пари, каков е тој среќен семеен живот?
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.785
Поени од реакции
12.255
Заради кариера на едниот сопружник, скоро 100% товарот на семејството го носи другиот, без разлика на полот. Прво треба да се расчисти со македонските приватници и нивната фацк логика-дека ова е Македонија и градење кариера не значи ни многу повеќе ни многу пари.
Од друга страна некогаш наместо кариера кај некој приватник, може дури да се одговара и кривично заради богатење или други интереси на газдата. Познати случаи има, помалку познати исто.
Значи може да збориме фиктивно за 15 минути љубов и верност ама едникот секако се жртвува за секојдневното натокмено дома, храна, деца стокмени за школо, родителски средби, оценки, домашни, настинки и температури, детски раст и развој, социјални проблеми, здравствени, парични...

Ако некој живее со баба дедо тоа е подруга приказна
 
la-loca

Immortal...
Член од
24 јули 2009
Мислења
2.545
Поени од реакции
1.252
Предолгото работно време или во превод секојдневното останување на работа прекувремено и те како влијае лошо на семејството. Посебно ако кариеристот е жената. Зошто жената е таа која ги средува децата, готви, чисти. Ретко кој маж би се нафатил да го прави тоа додека жената "цели кон врвот". Да не збориме за тоа колку уморна се врака дома и колку време може да им посвети на сите. Сепак парите го вртат светот така да ако носи доволно мажот ке замижи, а децата ке се навикнат на нејзиното отсуство и ке бидат оставени сами на себе да си го градат својот карактер.
 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Во МК се познати случаи на беспоштедна експолатација на работниците, т.е. неплатена прекувремена работа која нема врска со кариера, туку со гол опстанок ан работникот. Секаква друга расправа на темата кариера е теоретска.
Шанса за напредување имаат колку што знам во банките. И? И таму за да се вработиш треба да имаш врски!

Има професии кои не се мерат со позиции. Работата во школо, во болница, во полиција...

Друго сакам да кажам: една од работите на кои сум горда на мојот народ е што во МК никогаш работата не била СЕ на светот. Значи, џабе ти пари ако немаш време да ги трошиш. И многу се чудам кога ќе слушнам како некој (со краиера де) од МК се фали дека работел по 12 часа на ден!! Мене таков муабет директно ме врача у 19.век.

За тим билдингот: една познаничка работеше во голема американска компанија, каде многу често им организираа тим билдинзи, речиси секој викенд беа некаде.
Во еден момент, вели таа, сфатив дека јас немам друг живот освен тој на работа, дека почнувам да ги губам врските и контактите со луѓето надвор од работата, едноставно живеам и постојам само за фирмата.
И цурата даде отказ (се разбира, прво си најде друга работа).
 
Благоев

The Spartan General
Член од
8 јануари 2014
Мислења
1.357
Поени од реакции
2.087
Друго сакам да кажам: една од работите на кои сум горда на мојот народ е што во МК никогаш работата не била СЕ на светот. Значи, џабе ти пари ако немаш време да ги трошиш.
За жал тоа се поретко и поретко се случува. Голата егзистенција чука на врата последните 5-6 години.
--- надополнето: 11 февруари 2014 во 07:35 ---
Ми се чини дека зборуваш од искуство.
 
Последно уредено од модератор:
Член од
23 јануари 2014
Мислења
64
Поени од реакции
79
Децата нема никогаш да примат работни навики од родител со став па работата не е се, парите не се, треба лежерно да се живее. Пошо и родителот ги нема па нема од кого да ги прими нели. И после имаме ситуации каде родители на децата им ги пишуваат домашните и молат за оценки додека овие играат игри. Па после им бараат работа...И да не набројуваме.
Работата е Бог!!! Се друго е заебанција.
Заклучок: Работата позитивно влијае и на фамилијата.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom