Во дел од локалите им го земаат бакшижот (како во Кашмир)! Нормално, пречесто менуваат конобари, и оние кои ги имаат работат без волја. Претходниот пат заборави да не услужи. Дојде, зема нарачка, отиде и не заборави. По 10тина мин "дечки, вие нарачате?". Дали имаше 5-6 полни маси. И да, не служат храна! Ебани дебили, ќе те збогатат тие 100-200 ден од смена. Дај боже да ти дојде некој кој ќе те подкраднува. Не, некој кој ќе те закрпи.
Во последно време не оставам, сем ако служат кафе. Која е таа политика "после 6 не служиме кафе"!? Зошто? "Затоа што било штетно"! Точно нула елементарна (бизнис) логика има во оваа нивна политика. И тоа не само во кафичи и пабови, туку и во кафе барови. Од една страна временската рамка е апсурдна, од друга страна служат алкохол, често и на малолетници, кој, секако е пожелен и добре дојден за организмот во било која доба! Не е некоја тешка философија да се измути кафе. Чисто за споредба, во Охрид, летово, само во еден локал ми кажаа дека не служат кафе (после Х саатот), во другите кафе можеше да се нарача и во 11-12 саат.
Кога све веќе на оваа тема. Седнавме минатата недела во Irish, се моткаше едно девојче и другаров го викна:
- За мене кригла пиво и чаша вода.
- Супер дечко, ама јас сум тука гостинка.
Пропадна во земја.
Во некои држави, бакшижот е ставен во крајната сметка, само тоа не би било убаво да се имплементира кај нас, некои дополнителни 10-20-30 ден (во зависност од висината на сметката) во сметката за услугата. И не е новина, А1 (ВИП), ако платиш сметка во некоја нивна филијала, ти зема 15 ден за таа услуга. Така тука, угостителите, нема да видат ни пара, ниту ќе им ги покачат платите, парите ќе ги лапаат сопствениците.