Дали треба да се остава бакшиш?

Дали треба да се остава бакшиш?

  • Да

    Гласови: 127 70,2%
  • Не

    Гласови: 54 29,8%

  • Вкупно гласачи
    181
Член од
27 јуни 2018
Мислења
218
Поени од реакции
609
Еве еден пост од подолгогодишен шанкер и странство и тука би рекол дека културата за оставање бакшиш ни е на очајно ниво со чест на исклучоци. Бакшиш се остава за услугата или во случај на неуслуга не се остава. Јас како вработен си ја сакам работата и им се посветувам на сите гости најкултурно сите редовни уште на поглед знаам кој сака шо сака и каков му е денот и спрема тоа и јас сум награден со бакшиш колку толку, е сеа има и луѓе кој на цела послуга со частење од "куќата"(мојот расход) на сметка од 4970 чекаат да земат 30 назад, нормално нивно право, ама затоа наредно нема да го добијат истиот однос, а што се однесува до платата барем за Битола се движи од 400 до 500 денари 70% од персоналот работи непријавен а останатите 30% се пријавени на скратено работно време 2/4саати, еве јас конкретно на два сум а работам 8/10 саати. Според мене нормално е за наш стандард барем десет посто од сметката секој може да си дозволи, нормално ако е се во ред со послугата
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.055
Поени од реакции
11.021
Не може овде да се одговори со Да или со Не.Јас би притиснал опција ЗАВИСИ.
Не можам да оставам бакшиш на некој што треба да му платам 160 денари на пример,му давам 200 и ми вика немам кусур.10 од 10 пати истото.Значи на такви ни 2 денари не им оставам.
На некој кој што си работи како што треба,нормално е да оставиш.Не сакам јас да ми ги тинкари мадината некој и да ми се лижи за да му оставам бакшиш,далеку од тоа.Само нека си одработи она за што е платен.
Во помаливе градови горе долу се знаеме луѓето.И кога има нов келнер,првите 2-3 пати нема бакшиш и си плаќаш онoлку колку што треба.После тие 2-3 пати тестирање на келнерот, си имаш мислење дали ќе оставаш понатаму или нема да оставаш никогаш. :D Доколку не го помине некој испитов и ми вика немам ситно за кусур на секое,и го чекам по 15 минути за да нарачам додека си чепка во телефонот,нормално е дека до денар ќе си чекам назад.
 
Член од
1 јуни 2011
Мислења
25.909
Поени од реакции
41.872
Тие што чекаат да им вратат 10-20 ден во кафич или кафана се истите оние што во маркет чекаат за 2-3 денари. Не на овој келнер ќе му дадам, а на оној не.
Па намерно вика дека нема, за да имаш осет и да оставиш.

Обично си заокружувам. Сигурно нема да бркам по новчаник и да барам точно пари колку што е сметката. А и во кафана не одам со такви кои гледаат на ситници и на крај на телефон си рачунаат посебно колку е нивната сметка. Последен пат се испокараа кој повеќе има изедено а сите платиле исто, а не пак да остават бакшиш.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.366
Поени од реакции
38.343
Јас кога одам ако е триста сметката фрлам петстотка да заокружам кој ќе брка ситни пари по новчаници.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.770
Поени од реакции
2.682
Никој не пиша да остави бакшиш на лимар, водовоинсталатер, молер, сервисер на електрични апарати итн.

Све само на келнери по кафани...
Ете јас да те разочарам, на берберот секогаш му оставам плус 30 и кусур%, бакшиш.
Незнам, одсекогаш таа навика со бербери.
Во Русија кога бев, таму шишањето е изгор, т.е. од 10 евра па нагоре нема лимит. Од втор трет пат си најдов берберка:) (инаку таму само силно богатите и педерите одат кај машки бербери), која ме шишаше како сакав и и оставав некои 30-40% бакшиш. После тоа по 40-45 мин траеше моето шишање, внимаваше влакно да не штрчи.
Келнери?
Е зависи, во Мк и нема многу келнери, све се тоа дечки што од немајкаде го работат тоа. Инаку оставам ама не кој знае каков бакшиш, пошто генерално кај нас и нема проф келнери што ќе направат место за бакшиш.
Единствено во Св.Николе во Мечкуевска куќа редовно оставам бакшиш ама тоа е затоа што ги знам сите деца кои работат како келнери таму:D.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.570
Поени од реакции
17.970
Еве еден пост од подолгогодишен шанкер и странство и тука би рекол дека културата за оставање бакшиш ни е на очајно ниво со чест на исклучоци. Бакшиш се остава за услугата или во случај на неуслуга не се остава. Јас како вработен си ја сакам работата и им се посветувам на сите гости најкултурно сите редовни уште на поглед знаам кој сака шо сака и каков му е денот и спрема тоа и јас сум награден со бакшиш колку толку, е сеа има и луѓе кој на цела послуга со частење од "куќата"(мојот расход) на сметка од 4970 чекаат да земат 30 назад, нормално нивно право, ама затоа наредно нема да го добијат истиот однос, а што се однесува до платата барем за Битола се движи од 400 до 500 денари 70% од персоналот работи непријавен а останатите 30% се пријавени на скратено работно време 2/4саати, еве јас конкретно на два сум а работам 8/10 саати. Според мене нормално е за наш стандард барем десет посто од сметката секој може да си дозволи, нормално ако е се во ред со послугата
Во клуб кој што добро работи, во Калифорнија да речеме, сериозни пари може да се направат ко шанкер. Инаку, да, културата на оставање на бакшиш, бар во Америка потекнува од таму што платата на конобарите, вратарите, лифтбојс итн се сведува на нивните придонеси само, додека платата која си ја трошат/нетото им е од бакшиши, на крај од ден секој конобар/сервер е дужен да го пријави бакшишот, кој после го дели со колегите. Ми имаа кажувано дека бакшишот мора да го пријавиш, па и ако не си земал воопшто, што значи може да влезеш и во минус, но во ок денови се прават и над 100 долари бакшиш. Во некои држави и со закон им е регулиран бакшишот.
 
И

Име И Презиме

Гостин

За крстарење со брод има типс (задолжителен) од ден .Мене тоа не ми се допаѓа, уценет се чувствувам.
 
Член од
27 јуни 2018
Мислења
218
Поени од реакции
609
Во клуб кој што добро работи, во Калифорнија да речеме, сериозни пари може да се направат ко шанкер. Инаку, да, културата на оставање на бакшиш, бар во Америка потекнува од таму што платата на конобарите, вратарите, лифтбојс итн се сведува на нивните придонеси само, додека платата која си ја трошат/нетото им е од бакшиши, на крај од ден секој конобар/сервер е дужен да го пријави бакшишот, кој после го дели со колегите. Ми имаа кажувано дека бакшишот мора да го пријавиш, па и ако не си земал воопшто, што значи може да влезеш и во минус, но во ок денови се прават и над 100 долари бакшиш. Во некои држави и со закон им е регулиран бакшишот.
Точно така,јас работев две години во Jersey Shore, просек бев 150/250 од смена
 
Член од
16 април 2014
Мислења
7.055
Поени од реакции
11.021
Тие што чекаат да им вратат 10-20 ден во кафич или кафана се истите оние што во маркет чекаат за 2-3 денари. Не на овој келнер ќе му дадам, а на оној не.
Па намерно вика дека нема, за да имаш осет и да оставиш.

Обично си заокружувам. Сигурно нема да бркам по новчаник и да барам точно пари колку што е сметката. А и во кафана не одам со такви кои гледаат на ситници и на крај на телефон си рачунаат посебно колку е нивната сметка. Последен пат се испокараа кој повеќе има изедено а сите платиле исто, а не пак да остават бакшиш.

Sent from my Mi A1 using Tapatalk
Не другар,не е ради мојот осет.ТОЈ НЕМА осет.
Значи по кафичи еве да земеме.Пивото беше 80 денари до пред 2-3 години.Ми носи пиво му давам 100,немам кусур.И ова се случува 7 од 7 пати во текот на вечерта.
Што осет треба да имам овде јас бе?Секое по 100 да му го плаќам?Ако сакам ќе му ги оставам тие 20 ден, не е задолжително јбт.Сум испијал 7-8 пива и ми зел вкупно уште 150 денари.СО она стандардното немам кусур.Да не правиме муабет колку пати се прават на будали,им порачуваш кренбери онај на шанк зема вигор и ми го тупнува за 100денари.Не пијаме нафта ние.Значи и овај пост и претходниот е за вакви вечерни забави или евентуално на кафе кога ќе одиш.Сигурно дека во некој ресторан или кафана нема дасе прават на будали.Таму и нон стоп си оставам.5 левели подобри се отколку овие што работат по кафичиве.
Сигурно дека и во кафичите има добри и професионални дечки,немој да се пронајдете сите во постот и да мислите дека за сите го имам истото мислење.

И уште нешто што ми текна.Не сакам да го иманувам кафичот.Последнава зима многу јака шема имаа.Пијачките само кај нив беа 120денари,и им даваш 200 и НЕМААТ КУСУР.Братче,ако немаш кусур земи ми 100денари па наредната ќе ти ги дадам и тие 20денари.Немој да ме правиш будала за помочани 20 денари да сакаш да скрпиш 80.И тоа пази,порачувам јас и ме крпи 80.Порачувам нова тура 2х120 и повторно нема 60денари.Нека наплати 200 ден за втората и тие 40 што треба да му ги доплтам нека ги префати со претходните 80.Овај ептен будала те прави.Е за ваквите ни 1 мочан денар не им оставам,без разлика што ќе потрошам 2000-3000 вечерта.[DOUBLEPOST=1532712037][/DOUBLEPOST]Некои постари и поискусни келнери кога те служат,мораш да им оставиш бакшиш.Ептен професионално си ја работат работата и се фини што незгодно и срам ќе те фати ако не им оставиш.
 
Последно уредено:

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.665
Поени од реакции
4.387
Барем во државите каде јас сум бил во САД, не е задолжително ама стојат на крајот од сметката неколку примери за бакшиш, врз основа на целата сума на сметката: 12% gratitude е толку и толку, 15% е толку и толку и слично. Таму кај нив е практика, не дека си обврзан да оставиш.
Okej ne e muabetot deka e so zakon toa bi bilo epten glupo. Ali so ogled na istorijata isto kako da e.

Osven toa minimalec za kelneri e 2$ i se ocekuva do 8$ da zeme od baksis ako ne treba da pokrie rabotodavacot t.e de fakto de jure situacija
 
Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.035
Поени од реакции
28.672
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.366
Поени од реакции
38.343
Најголем изговор им е тоа немам кусур, да си лапне дневница, 10 души така на шанк ќе му дојдат ќе ќари 500 денари
 
Kajgana Shop

На врв Bottom