Келнер, без разлика дали е кај нас или во Америка, работи за бакшиш.
Скоро секогаш оставам бакшиш, ептен треба некој да се испонаша или да немам ситно во мене за да не оставам.
Е сега зошо оставам бакшиш на келнери а не на пример на тој што полни бензин на бензинска ( ова беше дадено како пример ). Пошто излегувањето надвор на јадење се смета за луксуз. Седнуваш, нарачуваш, некој те служи, ти угодува, и мислам дека заслужува да биде дополнително награден за тоа што го работи. Доколку немам пари да се луксузирам одам во место што е на принцип на самопослужување и готово. Е сега многу од луѓето терминот служи го сфаќаат многу буквално ( не, келнерот не ви е роб да ги исполнува сите ваши желби и каприци ). Од друга страна па, многу и од келнерите се препичаваат, па кога бараш втора вода ти ги врти очите.
Кога одам на кафе не ми менува дали за кафето ќе останам 60-70 денари ( ако сте дошле до состојба во која 10 денари ви прават разлика во буџетот, ве молам останете си дома ).
Кога одам на јадење надвор, доколку навистина сум задоволна од услугата ( пречек, однос, брзина итн ) нели трошам повеќе, апропо оставам и повеќе бакшиш.
Исто и за таксистите. Некогаш се брзам некаде, ќе ги замолам дали може побрзо, некогаш сакам точно да ме остави на третото стубче од лево, некогаш носам куфери со мене, некогаш ме носат по улици кај што со моја кола никогаш не би поминала пошто ќе ја искршам цела....и за се тоа знам да наградам. Ама исто ако некој знае да се испонаша знам и да се јавам во станица и да го пријавам.
Така да, сума сумарум, на услужни дејности каде што некој ви дава добра услуга, ви исполнува желби ( да, вашето барање за пица во кое 90% од состојките се различни од тие на менито е исполнување на желби ) , сметам дека треба да се остава бакшиш и се надевам дека голем број од луѓето ќе го сфатат тоа побрзо.