Дали треба да се остава бакшиш?

Дали треба да се остава бакшиш?

  • Да

    Гласови: 106 73,6%
  • Не

    Гласови: 38 26,4%

  • Вкупно гласачи
    144
Член од
3 март 2013
Мислења
2.654
Поени од реакции
1.355
Ова. Сите што работат во угостителство а јас ги познавам, го делат истиот став. Се познава кога некој е фин према сите и искрено се труди да си го заработи лебот. Сите други прават лице или се арогантни до бескрај, па затоа и луѓето си враќаат 10 денари :)
Поентата на постот ми беше дека и келнер е работа како и сите останати, си има своја тежина како и сите други, и тој се труди да заработи за леб, и јас се трудам, зошто бакшиш да го гледа како обврска од мене? За што? за услугата? и јас со мојата работа правам услуга, и ти правиш, и сите други што работиме.

Во др. држави точно е дека има бакшиш, но таму платата на вработените во угостителство зависи токму од тоа, а тука келнерите зимаат иста плата како и поголем дел од народот во државава,па така и неможе да бидат исклучок од останатите..
Зошто да не им се остава бакшиш на пазар? во пекара, на бензиска? или било каде? зошто на друго место не се потенцира туку баш за келнер со плата како и сите останати??
 
Последно уредено:
Член од
3 мај 2019
Мислења
1.787
Поени од реакции
1.407
Оставам бакшиш само на оние конобари кои се однесуваат љубезно, знаат да ти понудат што е подобро, сакаат да се потрудат, на тие што се брзи, насмејани, не се намуртени, а и сакам да изгледаат убаво, мислам да бидат чисти а не како некои што се запотени и замирисани, да ми турат пијалок у чаша а не да ми го бапнат шишето пред фаца.
Бакшишот обично ми е околу 50 ден. спрема стандардот, инаку неможам по оној некој си бонтон каде требало да се остави 10 % од вкупниот износ :rolleyes:
 
На врв Bottom