Дали сте крстени во црква?

Дали сте крстени во црква?

  • Да.

  • Не и не планирам.

  • Не, но планирам.

Резултатите може да се погледнат само после гласање.

**Buli**

засекогаш дете!!!
Член од
3 декември 2007
Мислења
125
Поени од реакции
2
Не сум крстена во црква и немам намера да се крстам.....не дека не верувам во Господ, туку дека не верувам во црквата ни во поповите што зимаат пари за крштевка....не сум стипса, ама лично сметам дека верата не се прима преку плаќање на одредена сума на пари, што правиме ако некој нема да има да плати, Господ нема да го сака?? :toe:

....крштевањето е ок ритуал, само не и единствен начин за да докажеш дека си припадник на религијата....
 
Член од
4 јануари 2015
Мислења
1.151
Поени од реакции
512
Да сум,од бебе
 
D

dARK_ElementaL

Гостин
Да крстен сум во црква. Демек баба ми сакала јас и брат ми да бидеме крстени така ќе сме го примеле христијанството. Шо уствари нема врска. Ете пак не сум христијанин туку атеист.
П.С. за време на крштевањето како што ми кажуваа моите сум го помочал попот
 
Член од
25 декември 2011
Мислења
404
Поени од реакции
185
крстен сум да, ама мислам тоа треба да се забрани со закон, стварно измачување и голем потрес за мали бебиња е да се крстат, само како вриштат ((
како не им е жал да прават тоа со своите мали бебиња не ми е јасно, зарем религијата толку ви ги затвора очите и паметот....
 
Се согласувам дека треба да се забрани. Секој треба да одлучи кога ќе порасне во што ќе верува. А не на бебето кое уште не знае што е тоа Бог, религија, духовност. Уште не знае дека е човек дека постои како битие, ќе му ставаат етикети.
Освен тоа нема везе дека со покрстување се станува христијанин. Христијанство е мирољубива религија. А има толку луѓе во светот кои се покрстени а пак прават работи против христијанството. Покрстувањето е само очистување на гревови. Ова го објаснуваше и свештено лице дури.

Кои гревови ги има новороденче. Апсурд.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
20.772
Поени од реакции
36.469
крстен сум да, ама мислам тоа треба да се забрани со закон, стварно измачување и голем потрес за мали бебиња е да се крстат, само како вриштат ((
како не им е жал да прават тоа со своите мали бебиња не ми е јасно, зарем религијата толку ви ги затвора очите и паметот....
... да видиш како вриштат кога ја добиваат т.н. прва вакцина ( всушност не е вакцина туку витамин али тоа е др приказна) најкасно за 24 ч и тоа во газето пааааам, замисли бебче со 3, 4 кг тукушто родено цела игла во газето? а? го знаеш тој стрес и вриштењето? што е малку вода, велиме капење со топла вода и тоа веќе попораснато? ал дома, ал во црква бебето вришти ако има страв од вода, мама крива не го спреми ....
нека биде христијански ! (y)
 
Член од
25 декември 2011
Мислења
404
Поени од реакции
185
... да видиш како вриштат кога ја добиваат т.н. прва вакцина ( всушност не е вакцина туку витамин али тоа е др приказна) најкасно за 24 ч и тоа во газето пааааам, замисли бебче со 3, 4 кг тукушто родено цела игла во газето? а? го знаеш тој стрес и вриштењето? што е малку вода, велиме капење со топла вода и тоа веќе попораснато? ал дома, ал во црква бебето вришти ако има страв од вода, мама крива не го спреми ....
нека биде христијански ! (y)
Не може еден апсурден акт како крштевање да се споредува со вакцинација - научно докажен ефективен начин на заштита на здравјето кај децата(новородени).
 
redfogv

Царица
Член од
10 мај 2017
Мислења
2.258
Поени од реакции
1.967
Јас сум крстена во црква.Крштевањето е убав чин на примање во Христијанството.Но,според мене,треба да биде бесплатно.
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
Крстен сум, не еднаш,туку два пати.Првиот пат како бебе,по православни обичаи,со кумови,со платена такса во црква.Вториот пат,како возрасен,дваесетина години,со исповедање на верата,по библиски,бесплатно,по протестантски обичаи.
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.665
Да, крстен сум во црква, а неколку пати се имам и прекрстено во црква.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
44.299
Поени од реакции
81.489
Крстен сум, не еднаш,туку два пати.Првиот пат како бебе,по православни обичаи,со кумови,со платена такса во црква.Вториот пат,како возрасен,дваесетина години,со исповедање на верата,по библиски,бесплатно,по протестантски обичаи.
ох, не се праи така
два пути нема крштевање
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.397
Не може еден апсурден акт како крштевање да се споредува со вакцинација - научно докажен ефективен начин на заштита на здравјето кај децата(новородени).

alekso.mk

дај „научно докажи„ дека крштевањето е апурд и дај изнеси „научни докази„ дека вакцинирањето е навистина ептен ефектно, а ефикасноста посебно изнеси ја пред родителите чии деца имаат неповратно тешки и непоправливи последици од вакцинацијата.

Ќе можеш?...
 
Член од
3 јуни 2013
Мислења
1.944
Поени од реакции
1.192
ох, не се праи така
два пути нема крштевање
Така е,првиот пат не го помнев,па затоа морав и втор пат.Но добив и огнено крштевање а со тоа и гратис зборување на јазици.За неупатените тоа е,слегнување и исполнување со Светиот Дух, како на апостолите за Педесетница.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom