Не сум задоволен, не гледам многу ТВ, повеќе ми е позадински пуштен ТВ-то дур сум на ПЦ, но факте дека нивото на квалитет на ТВ-програма е толкууу многу паднато во овие неколку години, тоа е страшно.
Додуша вината не е во нашите ТВ, туку во достапноста на се и сешто на интернет.
Повеќе нема амерички серии и ситкоми оти сите ги гледаат (и тоа новите сезони) на интернет. Има помалку спорт оти повторно некои странски ТВ ги откупуваат правата.
Но, ја нема ни домашната продукција, 80% од програмата на главните ТВ се некакви турско-индиско-срање серии. Каде отидоа многу авторски емисии ( не дека беа сите гледани и интересни, ама сепак имаше домашна продукција).
Мометално само Алфа и за чудо МТВ донекаде се обидуваат да направат нешто, да излезат од концептот дека на ТВ мора 80% од времето да има некакви ефтини надсинхорнизирани серии.
А да не зборувам за тешката исполитизирансот на ТВ- тоа е веќе друга тема, доволно е да го спомнав фактот дека двете најгледани Тв имаат газди коалицони партнери на владејачката партија, а башка и двајцата се тешки сељандури.
Генерално, не е само кај нас, телевизијата е медиум во опаѓање, тоа е еволуција, како што ТВ го прегазила радиото на времето, сега истото интернетот и го прави на ТВ, а тек ќе и го прави според мене.