- Член од
- 4 мај 2012
- Мислења
- 183
- Поени од реакции
- 90
Добро што праша. И покрај универзалното мислење за Холанѓаните како либерални и отворени, тоа е така само во Амстердам бидејќи тоа е некој вид на европски Ерусалим. Холандија е всушност конзервативна земја, особено во провинцијава кајшто живеам. Главно се интровертни, а оние од повисоката класа и прилично тврдоглави, самоуверени и обично религиозни. Индивидуалци. Љубопитни. Имаат мислење за све.Какви се со странците ?
Какви се трошоците за храна,комуналии,облека и сл...?
Во Холандија се цените едни од повисоките во Европа а платите не се баш . Мислам дека просечната е околу 35 илјади годишно бруто. Во Германија стандардот е поарен. Швајцарија убедливо води.
Пример бензин 1.6 еуро/литер, околу 120 месечно за здравствено, кирија за 100тина квадрати стан/куќа од 700 овде во Твенте, 1000 во голем град и до некаде 2000 во Амстердам, кафе/пиво околу 2 евра итн. Гасифицирано е сегде така да тоа е огромен плус (има сопствени наоѓалишта и е ефтино).
Облека и останат потрошен материјал има за апсолутно секакви цени. На попусти е и поефтино од Македонија ама и поквалитетно. Работиве што ги купувам се далеку поарни од во Македонија.
Даноците се исто така многу високи. За кола оди до 100 евра месечно само за осигурување и патишта.
--- надополнето: 31 мај 2012 во 00:35 ---
Ах, заборавив да ти одговорам .
Со странците се такви како што самиот се однесуваш со себе и со другите. Односот зависи од тоа колку сакаш да се вклопиш. Дискриминација, мачо однесување, балканштини се големо no-no и никогаш не би ти направиле нешто директно, иако се благо ксенофобични. Секој зборува англиски и го употребуваат. Ама и очекуваат да научиш холандски, ако не се потрудиш тогаш се ставаат на дистанца.