Дали сте биле бељаџија како помали ?

Член од
15 јули 2007
Мислења
14.893
Поени од реакции
7.569
Не знам дали има ваква тема но ајде ќе ја отворам тука а ако има модераторите нека ја спојат со веќе постоечката.

Дали како помали сте правеле бељи ? Дали сте биле мирно дете/девојче или сте биле првак во правење бељи ? Испукајте си ги вашите бељи тука што сте ги правеле.

Јас како помал бев многу мирно и доста срамежливо дете (дури и сега сум таков) но во друштво кога ќе се опуштам сум знаел и бељи да правам кој за среќа лесно сум ги поминувал повеќето.

Сум имал пред нова година многу пати "професионално" крадено од тезги лампиони и балони :pos: без да ме фатат.

Од денешна гледана точка не знам како сум го правел тоа и како сум имал храброст за такво нешто.

Паметам дека како малк уште додека одев основно училиште од дома на балкон имам фрлено со тегла со јајце и погодив во една кола. Доле во продавницата ме видоа и дојдоја на врата да ми ѕвонат. Јас не им отворив и кога слегов доле пред зграда тие ме сретнаа и ми кажаа дека ме снимиле со мобилен малку бев уплашен дека ќе ме кажат дома на мојте но се спасив од таа дешавка нити ме кажаа на мојте нити ништо.

Еднаш гаѓав со најлонче вода од балкон право доле во еден кафиќ и се скрши ќерамидата па за беља тој ден заврна и им прокиснало малку. Исто и ова заврши добро како да не се десило ништо.

Паметам имав дома пиштоли и пушки играчки а имав и еден пиштол кој беше упаљач (запалка литературно да појаснам) али изгледаше како реален затоа што беше од железо и доле под зградата имаше една барака со роми кој живееа таму и јас ги зезав нив дека ќе ги пукам. Сиротите они се уплашија што почнаа да се кријат :icon_lol: и така се уфилмав јас јако па ги зезав многу.

Најголема беља (не знам дали се смета за беља) ми е дека се имам јавувано на телефонски броеви за тв игри како Изи, Бело глувче. исто имав и на секси хот линии и така им потрошив многу пари на мојте. Сметката не се сеќавам колку беше но беше доста солена, па расправии па казни и слични други мерки. Ова со телефонскиве јавувања мислам дека многумина го имате доживеано.
 
Член од
24 октомври 2014
Мислења
2.803
Поени од реакции
2.446

Јас со таа Изи-Мизија што убава казна си добив од моите, баш околу мојот роденден бев пун со ќеш ( пун за мојата тогашна возраст, едно 100тина евра имав ) и морав пола на моите да им дадам за сметка за телефон, 2-3 илјади сметка сум направил за јавување на реприза ( ДА, на реприза) на Изи Мизија.. Шта речи :D
 
Член од
4 јануари 2015
Мислења
1.151
Поени од реакции
512
Да,мн бев немирна се тепав,се закачав со сите,крадев чоколади
 
EDCer

No Kitty, this is my pot pie!
Член од
19 ноември 2015
Мислења
1.043
Поени од реакции
813
Да, на 4-5 години зимав памук и сламка за сок и пукав кај баба ми во станот каде ќе ми текне, посебно таму каде што е тешко за чистење, исто и на школото се пукавме со оние топчињата од липа, друго, многу ја тепав сестра ми како мал (а и како поголем, прва-втора средно и имам пуштено крв од носот), најчесто за глупости, како на пр: кој да гледа телевизија, кој што да слуша на системот и колку гласно да пушти... Друго, имам скршено прозорец од собранието бидејќи ми е во двор во паркот и таму пораснав. А и прилично цело маало бевме забегани, мававме кучиња со камења, убивавме мачки, желки, лесна жртва, чисто онака од занимација, мававме со чатали прилично каде што сакавме, крадевме цреши, зелени ѕенѕери (кајсии), сливи и сл. но не бевме до толку да крадиме други работи по куќите. Пукавме со пушки и пиштоли на (пластични) дијаболи по кучиња и мачки (јас бев главен, дури и на прекар ,,убиец'' ме викаа некое време), па и понекогаш сами се гаѓавме со камења/стапови. Кога бев многу мал, некои 3-4г. го влечев еден мотор потшрен на ѕидот, од оние големите тробрзинките ако ги знае некој и ми падна врз мене. Да не пишувам многу, цела лекира има за мене за пишување :D, но генерално тоа е.
 
Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.537
Поени од реакции
14.670
за да се напраам фраер пред другарите, го упукав татко ми со пушка на дијаболи.
уште ме зафркаваат за ќотекот кој го изедов пред нив од татко ми.
 
Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
...мававме кучиња со камења, убивавме мачки, желки, лесна жртва, чисто онака од занимација...
Боже, што се постои.....:eek:

Иначе секое дете, помирно или понемирно има по некои такви бељаџиски моменти во своето детство, но воглавно децата се делат на мирни/бајчиња или немирни/бељаџии. Јас бев од оние првите, бев премногу мирно и срамежливо дете, но секако имаше и некои бељаџиски моменти, но да речеме во 100 случки тоа било само една. За разлика од мене, имав другар кој беше многу живо и немирно дете. Буквално дете створено за беља. Само да се степа, да се скара, да испровоцира, да скрши нешто, да наштети некому, ама сепак бевме добри другари:D
 
DonRistovski

Peace Disturber
Член од
1 септември 2009
Мислења
3.431
Поени од реакции
4.019

ako brat ubavo od tvoa strana
 
Miss.Independent

Me,Myself & I
Член од
26 јуни 2013
Мислења
1.362
Поени од реакции
3.345
Оу..... мило ми е што ко мала до кај 13 години имам дивеено барем сега сум тип топ :D
Не знам од кај да почнам...што им внесував прасиња, јариња, мачки, кучиња во соба...што бев прецизна па мавав со камења во прозори(отворени), шо ѕвонев по врати и се качував на врв дрво цреши да берам или шо тепав се живо и диво при прво пререкување :D
У глобала да, бев доста немирно палаво дете и машкоданка..не сум давала некој да ме закачне или да ме навреди одма се тепав па дури и да ме тепаа не се жалев ама дома го јадев ќутекот од мајка ми :D Во соба од животни нема што немам внесено си имам и слики од јаре и мене на кревет :D Качување по дрва нешто омилено а тоа уште ме држи, и ден денес знам негде да се испентерам да скинам нешто :P Другово се е во игри правено битно жива здрава сум останала ама саглам времиња ми беа тоа...мераци
п.с со брат ми уште знаеме да станеме и да се затепаме онака од кејф :P
 
AAbrat

*******
Член од
28 октомври 2015
Мислења
703
Поени од реакции
1.584
Сите сме биле немирни како мали. Баш тие денови се причината ради која е отворена темава. Време на младост , време на растење , време на цут на младоста . Баш затоа сите се сеќаваме на убавите времиња на безгрижното детство. :) Затоа молба до сите родители немојте да ги ОГРАНИЧУВАТЕ своите деца ако сака да игра на дрвото остајте го нема да се отепа, ако сака да си игра со водата нека игра нема да се удави... Не земајте им ја слободата затоа што ЕДНАШ СИ ДЕТЕ . :)
 
P

Patience

Гостин
Тенка е линијата помеѓу: нека има слобода, еднаш е дете и испуштање на тоа дете од раце.
Мајка ми, ми има кажувано дека на 5-6 години се имам фрлено со стаклена чаша по комшивката, две години постара од мене. Девојчето завршило со крвави посекотини на главата. Јас на овој настан не се сеќавам. Претпоставувам добар ќотек сум добила како лекција. После тој настан - бубаче, еве веќе 20 години...
 
Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.058
Поени од реакции
19.752
А и прилично цело маало бевме забегани, мававме кучиња со камења, убивавме мачки, желки, лесна жртва, чисто онака од занимација
4NHK0, ја отсекогаш знаев дека има нешто психопатски-болно во тебе. Туку, ме интересира, сега вака како поискусен, снимаш ли snuff филмчиња? Или строго си фокусиран на јадење црви, скакулци и бубашваби?
 
Член од
1 јануари 2010
Мислења
1.913
Поени од реакции
1.422
Тенка е линијата помеѓу: нека има слобода, еднаш е дете и испуштање на тоа дете од раце.
Мајка ми, ми има кажувано дека на 5-6 години се имам фрлено со стаклена чаша по комшивката, две години постара од мене. Девојчето завршило со крвави посекотини на главата. Јас на овој настан не се сеќавам. Претпоставувам добар ќотек сум добила како лекција. После тој настан - бубаче, еве веќе 20 години...
Настанот да го заборавеше ќотекот ќе го памтеше...
Ова адвокатска амнезија. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom