Дали се исплатува замена на обичните со штедливи сијалици!?

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Дали се исплатува замена на обичните со штедливи сијалици!?

19/01/2013 // Пред 3 часа // АНАЛИЗА // Коментирај

Класичните сијалици повеќе ги нема на европскиот пазар, се заменуваат со новата, еколошка и штедлива варијанта. Дел од српските медиуми, пренесоа неколку факти кои ценат дека би требало да се знаат за штедливите сијалици.
Имено, Европската унија ја заврши тригодишната акција за повлекување на класичните сијалици од своите пазари во септември оваа година. Забраната на продажба на нови количини на старите сијалици со волфрамово влакно не важи за земјите надвор од ЕУ, но со зголемувањето на цената на струјата оваа пракса полека почнува да се практикува и во Србија. Ако во јануари во 2013 година ЕПС ја поскапе струјата уште за 25 отсто, за сијалици ќе плаќаме уште повеќе.
Оваа пракса се темели на два неоспорни факти. Првиот е дека постои глобална потреба за намалена потрошувачка на електрична енергија, поради ефектот на стаклена градина (т.е. емисии на јаглен двооксид), а вториот факт е дека флуоресцентните сијалици енергетски се поефикасни од класичните и трошат помалку струја. Но она што политичарите и некои еколошки активисти го забораваат, а производителите и трговците не сакаат да го кажат, се негативните ефекти од производството и употребата на штедливите сијалици, како што популарно се викаат компактни флуо цевки (ЦФЛ) кои одат во класично сијалично грло.
Да појдеме од економските фактори. Штедливата сијалица за да дојде до потрошувачите за нејзино производство се троши од 6 до 40 пати повеќе енергија и дополнително за нивен транспорт (бидејќи се потешки и поголеми од класичните, а во светот се дистрибуираат од Кина).
Иако на кутиите на штедливите сијалици пишува дека тие заменуваат класична одредена сила, во стварноста состојбата е поинаква. Познавачите на состојбите посочуваат дека на кутијата со наведени 11 вати (W) сила на новата сијалица која свети како 60 вати класичната, нема да добиете 60 вати и да купите најквалитетни од нив.

Исто така праксата покажала дека декларираниот век на сијалиците од 6.000 до 8.000 часа е можен само во идеални- лабораториски услови. Дури и на кутиите честопати е наведено дека ваквата сијалица гарантирано ќе работи шест години, но (со мали букви) ако просечно работи 2,7 часа дневно.
Според истражувањата, секоја втора од вкупниот број на флуо сијалиците од реномирани производители откажува многу порано пред декларираниот број на часови на работа. Кај поевтините редовна е појавата да работат во просек од 10 дена до три месеци.
Во анализата што ја пренесува спски „Мондо“ стои следново: Ако во дневната соба класична сијалица од 100 вати ја замениме со штедлива од 25 вати (декларирана како замена за 125 вати) ќе добиеме од прилика иста светлина или малку послаба. Колку сме заштедиле струја?
Да речеме дека едно домаќинство за струја месечно троши 3.500 динари. Анализите велат дека од вкупната потрошена струја во еден дом на трошок за осветлување на просториите троши само 5 отсто, тоа во нашиот случај е 175 динари месечно, т.е. 4.200 динари за две години, колку што просечно трае штедливата сијалица купена и користена во Србија.
Ако сакаме да ставиме штедливи сијалици на пет места во станот, тоа ќе не чини околу 2.750 динари. Со тие сијалици во следните 24 месеци ќе потрошиме струја за 1.400 динари. За тоа време на тие 4.200 динари потрошени на обични сијалици мора да додадеме трошок околу 1.000 динари за 20 обични сијалици. Со обичните ќе бидеме со широки раце, иако е познат случајот дека една таква сијалица може да работи и неколку децении со повремена употреба.
Кога се ќе се собере и одземе, заштедата е 45 динари месечно, што и не е многу, но лобирањето на производителите е големо, а профитот на штедливите сијалици е неколку пати поголем од профитот од класичните.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.149
Ове штедливи сијалици се најобични неонки кај кој придушницата и стартерот се заменети со електронски компоненти, кои за разлика од обичната неонка траат многу пократко и се поподложни на расипување. И во едните и во другите има живина пара така да толку од екологијата. За потрошувачката можеби трошат помалце но и даваат светлина помлаце така да кога ке видиш тука се некаде со таа разлика што една обична сијалица кошта 20 -30 денари додека штедлива над 150 денари.
Инаку кога веке сме кај тоа лед сијалици му е мајката, сега се стварно скапи но со тек на време цената ке им падне сигурно.
За потрошувашка и за трајност воопшто и да не правиме муабет.
 

Stefus Corp.

Рационална Коза
Член од
22 август 2012
Мислења
2.097
Поени од реакции
1.821
Ове штедливи сијалици се најобични неонки кај кој придушницата и стартерот се заменети со електронски компоненти, кои за разлика од обичната неонка траат многу пократко и се поподложни на расипување. И во едните и во другите има живина пара така да толку од екологијата. За потрошувачката можеби трошат помалце но и даваат светлина помлаце така да кога ке видиш тука се некаде со таа разлика што една обична сијалица кошта 20 -30 денари додека штедлива над 150 денари.
Инаку кога веке сме кај тоа лед сијалици му е мајката, сега се стварно скапи но со тек на време цената ке им падне сигурно.
За потрошувашка и за трајност воопшто и да не правиме муабет.
Од искуство последниве 5-6 години користиме само од овие штедливите груба проценка е дека траат 3-4 пати подолго и светлината е во ред. Додуше сосема се во право кога велаат дека малку е превара тоа на колку Вати е еквивалнет во светлина на волфранска сиалица напремер ако сакаш свелина еквивалентна на обична наместо 80 Вати еквивалент ти треба 100-120 вати. така да најверојантно грубо трошат 50-60% помалку струја по Кандела. Викаат дека се исплати ама некоја детална математика не сум правел. Само треба и од тие штедливите да купиш од пасалните и кој чинат и до 10 пати поскапо од обичните. Ако паднат цените на ЛЕД или овие неонкиве би требало уште повеќе да се исплати иако сега за сега не се штеди баш многу. Лично сега мислам дека не се исплати баш многу ама тоа е тоа. Инака најверојатно најголема добивка е што немораш често да ги менуваш и изгледаат поубаво така да лустери немора да се користат а и некако светлината им е подобро дистрибурана немаат шари чудни.
 
Член од
17 април 2012
Мислења
2.335
Поени од реакции
2.095
Завчера ми прегоре една штедлива а подолго од 3 години сигурно не ја користев како 4 сијалица на сликата беше сега само со една терам заборавив да купам деновиве:D
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Тие пари што ќе ги заштедиш на струја, ќе ги потрошиш на анти-депресивни средства, бидејќи овие светла прават голема депресија. Слични се и оние уличните светла што многу депресивно делуваат. Светилките со волфрам жичка жарат убава и пријатна светлина, џабе ве лажат бирократите од ЕУ
 
Член од
22 февруари 2007
Мислења
7.076
Поени од реакции
1.940
Тие пари што ќе ги заштедиш на струја, ќе ги потрошиш на анти-депресивни средства, бидејќи овие светла прават голема депресија. Слични се и оние уличните светла што многу депресивно делуваат. Светилките со волфрам жичка жарат убава и пријатна светлина, џабе ве лажат бирократите од ЕУ
Сериозен си? Волфрам природна светлина? За она гнасното жолто збораме.
 

DéJà Vu

hehehehe
Член од
6 мај 2012
Мислења
813
Поени од реакции
446
матер му ебам лага е све, какви штедливи какви црни камења...
1 месец 2 максимум терат и послем то ај нови, а скапи се изгор. купвај си обични и крцкај си.
 

ION

Член од
27 јули 2011
Мислења
460
Поени од реакции
836
Ја дома имам три сијалици како првата на сликата.Ги заменив пред 4 год по препорака на продавачот зашто обичните ми го чадеа ѕидот демек обичните грееле повеќе (ме виде женско продавачот па ми ги тутна :D ). Ѕидот сепак решив да го офарбам бордо пошто помалце се приметува чаденото :) ама сијалиците ми траат еве до сега.
 
Член од
27 декември 2011
Мислења
591
Поени од реакции
508
Ако купите асална сијалица (Осрам, Филипс) би требало да трае долго. Имам Осрам веќе 5 и пол години. Се приметува потрошувачката особено зиме кога денот е кус. Точно е дека белата светлина е непријатна и затоа се продаваат и warm white сијалици. Лед сијалиците се многу подобро решение, но дури и на интернет сеуште се околу 30 долари

Sent from my ST21i using Tapatalk 2
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.683
Поени од реакции
12.078
Даваат млечна боја потемна од обичните сијалици што не ми одговара на видот ниту за децата за учење. А за штедењето не ми вршат работа затоа што главните потрошувачи се термо, бојлер и шпорет. Треба да заменам 100 сијалици по 60 вати за да добијам потрошувачка од едно термо 6-ка. Термото ќе гори половина ден, а сијалиците само навечер. Башка прилично брзо за пола месец едната другата за месец прегореа, а не беа ефтини. А и за здравјето не знам колку е точно неонката не била баш препорачлива барем каде што се престојува.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.149
Сериозен си? Волфрам природна светлина? За она гнасното жолто збораме.
Па имаш ладно бело и топло бело. Погоди кое е поприродно за окото. Но тоа и не е толку битно пошто би требало да има штедливи кои имитираат и таква и ваква светлина, исто како и лед светилките.
Искрено имам неколку дома и светлината ама воопшто не ми е природна( мислнам на ладно бело). За трајноста нема што да коментирам, моите не се покажаа баш најдобро, а имав и од скапите и од најевтините, така да кога ке ја додадам и цената, па светлината која ја даваат и уште некој фактор мислам дека се промашена инвестиција и никогаш нема да си ги вратите парите кои сте ги вложиле или да заштедите сеедно. Едноставно споредбено со обичните светилки се премногу скапи и премогу нетрајни. Мене ме вади што си ги поправам, инаку оддамна би биле во канта.
Од друга страна имав земено и лед лента од 5 метра топло бело( имав и ладно бело ама не ме бендиса светлината) и осветлувањето барем како позадинско светло се покажа одлична. Троши помалце од ич, трајноста му е незнам неспоредливо поголема а и нема што посебно да се расипи.
И ако го пратам малце трендот со лед светлата за многу брзо време ке ги заменат и едните и другите како по потрошувачка, осветлување така и во цена во многу блиска иднина.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.821
Поени од реакции
2.911
Сериозен си? Волфрам природна светлина? За она гнасното жолто збораме.
ако ви пречи жолта светлина тогаш постојат обична сијалица со бела боја поубаво делува и убаво што вика над тебе тие скапите сијалици
депресивно делува и не е за чудење што во бардовци тие затворени соби има бела светлина и се околу е бело за да ги истера депресија и шизофренија;) :)
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.683
Поени од реакции
12.078
Имено, Европската унија ја заврши тригодишната акција за повлекување на класичните сијалици од своите пазари во септември оваа година. Забраната на продажба на нови количини на старите сијалици со волфрамово влакно не важи за земјите надвор од ЕУ, но со зголемувањето на цената на струјата оваа пракса полека почнува да се практикува и во Србија. Ако во јануари во 2013 година ЕПС ја поскапе струјата уште за 25 отсто, за сијалици ќе плаќаме уште повеќе.
Оваа пракса се темели на два неоспорни факти. Првиот е дека постои глобална потреба за намалена потрошувачка на електрична енергија, поради ефектот на стаклена градина (т.е. емисии на јаглен двооксид), а вториот факт е дека флуоресцентните сијалици енергетски се поефикасни од класичните и трошат помалку струја.
ако сакаат глобално да заштедат, нека ги исклучат тие светила по нивните градови. Половината им светат како Лас Вегас. Куде нас је темно, рано си легињамо
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
А слушнав дека се и канцеригени,овие штедлививе!
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.342
Цела куќа ми е со оние штедливките, во различни форми и ватажа.
Како ќе се покажат ќе видиме.
Досега (4 месеци) ниедна не цркнала. Светлината ми е ОК.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom