Дали се гледаме во трето лице?

DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Дали се гледате себеси во трето лице. Да видите како изгледате во очите на другите?
Доколку да, дали го користите истото како еден начин за корегирање на вашиот карактер?

Јас лично, често се гледам себеси во трето лице, т.е како би изгледал кај другите. Сепак тоа е пак мое размислување, ама се трудам да бидам реален и самокритичен. Досега ми успева тоа, само проблемот е што тоа честпати го правам многу касно, т.е кога веќе сум зезнал, тогаш ми текнува, ама пак можам, и го користам за извинување, кога е потребно.
На истиот принцип анализирам цели ситуации, и извлекувам поуки од сам себе. Во главно, мене ми е многу корисна особина, ме интересира како функционира тоа кај вас?
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
Порано повеќе го применував ова, некако помага у некои ситуации да ја согледаш пореалната страна на целиот настан наместо да бидеш пристрасен и да реагираш бурно и непромислено.
Сепак, тешко е да се размислува така во моментот на случувањата и баш доаѓаме до моментот
честпати го правам многу касно, т.е кога веќе сум зезнал, тогаш ми текнува,
Ама сепак, ми користи тоа во иднина за да избегнам таква ситуациија.
Интересно е инаку, ретко кој успева без многу “попуштање“ да ја согледа реалноста, обично не успеваме да бидеме малце самокритолни или пак сме премногу самокриточни....
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
Порано повеќе го применував ова, некако помага у некои ситуации да ја согледаш пореалната страна на целиот настан наместо да бидеш пристрасен и да реагираш бурно и непромислено.
Сепак, тешко е да се размислува така во моментот на случувањата и баш доаѓаме до моментот

Ама сепак, ми користи тоа во иднина за да избегнам таква ситуациија.
Интересно е инаку, ретко кој успева без многу “попуштање“ да ја согледа реалноста, обично не успеваме да бидеме малце самокритолни или пак сме премногу самокриточни....
Се надевам јас успевам, во поголем дел од ситуациите. Со оглед на тоа што една ситуација е различна, зависно од тоа кој ја набљудува, за еден е една верзија за друг друга, јас пробувам да барам просек. Гледајки како би размислиле тие околу мене, што се разбира не секогаш е точно, ама бар приближно, ке се постигне бар некаков ефект. :)
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.212
Поени од реакции
78.776
Имаше тука на форумов некоја членка што дури и се изразуваше во трето лице еднина.
 
statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Гледајки како би размислиле тие околу мене, што се разбира не секогаш е точно, ама бар приближно, ке се постигне бар некаков ефект. :)
И најчесто ефектот е повторно наша перспектива за нивната перспектива што е макс 40% точна :) Никогаш неможеме да погодиме што моментално на личноста и се вртело низ глава, како ги укапирала нештата, дали имало емоции вмешано, дали имало трети емоции вмешано итн итн :)

Но да...помага до степен да се свестиш дека уствари можело и подобро. А да утврдиш кај си згрешил, па може ке погодиш ама никогаш нема да погодиш зошто :)
 
Natural-girl

Morphine
Член од
16 октомври 2007
Мислења
3.462
Поени од реакции
5.246
Убаво е да се анализира човек сам себе, помага за развој на самодоверба. Мене ми помага кога тоа го правам дома сама, свесно или несвесно, со дневник или без.

Ама во социјални ситуации, во моментот кога комуницирам со луѓе, гледам дека ми одмага тоа размислување каков впечаток оставам пред луѓето. Тоа замарање со тоа дали ги кажувам правите работи дефинитивно ме праи посрамежлива и понеопуштена.

Значи, коа си со луѓе, многу боље е способноста да се осврнеш на нив, отколку да бидеш self-centered. Коа си сам, обратно.
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
трето лице еднина женски род? :pos: Знам за марсовка, ама ова неможам ни да го формулирам :)

И најчесто ефектот е повторно наша перспектива за нивната перспектива што е макс 40% точна :) Никогаш неможеме да погодиме што моментално на личноста и се вртело низ глава, како ги укапирала нештата, дали имало емоции вмешано, дали имало трети емоции вмешано итн итн :)

Но да...помага до степен да се свестиш дека уствари можело и подобро. А да утврдиш кај си згрешил, па може ке погодиш ама никогаш нема да погодиш зошто :)
Ефектот ќе биде пак врз основа на наша перспектива, ама зависи од тоа колку ги познаваш луѓето околку, и колку можеш да процениш што би размислиле.

Убаво е да се анализира човек сам себе, помага за развој на самодоверба. Мене ми помага кога тоа го правам дома сама, свесно или несвесно, со дневник или без.

Ама во социјални ситуации, во моментот кога комуницирам со луѓе, гледам дека ми одмага тоа размислување каков впечаток оставам пред луѓето. Тоа замарање со тоа дали ги кажувам правите работи дефинитивно ме праи посрамежлива и понеопуштена.

Значи, коа си со луѓе, многу боље е способноста да се осврнеш на нив, отколку да бидеш self-centered. Коа си сам, обратно.
Ако активно се гледаш во трето лице ќе се изгубиш, ама одвреме, на време, не е толку лошо да погледнеш како изгледаш. Особено кога некој is eyeballing you. :)
 
Член од
13 август 2008
Мислења
1.144
Поени од реакции
893
Па види трето лице хммм. Ако збориме за дадена ситуација можам да гледам од мој агол ама можам да гледам и од аголот на дотичната личност. Како тој/таа ја перципира мојата реакција гест одговор итн... Е сега себеси се анализирам нормално, според мене треба секој бидејќи е начин на кој ги согледуваш своите маани, гледаш да ги неутрализираш и со грешките се соочуваш, расчистуваш и продолжуваш понатаму. Едноставно треба најпрво да се спознаеш себеси па останатите. Така пред себе ќе бидеш на чисто, а богами и пред другите:smir:
 
“цаката“ е да бидеш самокритичен, ама ни премногу ни премалку, онака средина. :)
 
delfybuba

Schatje
Член од
22 октомври 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
93
Многуи би сакала да се видам во трето лице,да видам како изгледам од страна.
За жал јас тоа не го правам,не знам да се видам самата себеси од далеку.
Секогаш ги исполнувам моите принципи и речиси никогаш не мислам како би изгледала во очите на другите.
Освен некогаш кога сакам да створам некоја слика за мене а некоја личност да ја забележи.Само тогаш се гледам во трето лице.
 
S

smart ass

Гостин
не се гледам во трето лице никогаш,

“цаката“ е да бидеш самокритичен, ама ни премногу ни премалку, онака средина. :)
тоа се вика правилно расудување етички и алтруистички вредности.
но не и трето лице.
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
не се гледам во трето лице никогаш,

тоа се вика правилно расудување етички и алтруистички вредности.
но не и трето лице.
Лол.

За да се видиш правилно себеси во очите на другите треба да бидеш самокритичен. Ако не си, ќе си мислиш дека си фраер цело време.
А кога се гледаш со очите на другите, се гледаш во трето лице.
 
S

smart ass

Гостин
те разбирам но самокритичен треба да бидеш врз основа на твоите постапки како и нивното влијание врз индивидуите или групите а ако се гледаш од трето лице тогаш тоа е крајно релативизација на пример да замислам како ти би ме гледал мене,па друг па трета личност....не оди таа:helou:
 
DonJas

Married and Happy
Член од
22 јуни 2008
Мислења
2.651
Поени од реакции
586
те разбирам но самокритичен треба да бидеш врз основа на твоите постапки како и нивното влијание врз индивидуите или групите а ако се гледаш од трето лице тогаш тоа е крајно релативизација на пример да замислам како ти би ме гледал мене,па друг па трета личност....не оди таа:helou:
Со доволно развиена перцепција и читање на карактер односно познавање на соговорникот, можеш да се видиш приближно, никогаш ептен точно, ама приближно како би изгледал во очите на другите.
 
Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Со доволно развиена перцепција и читање на карактер односно познавање на соговорникот, можеш да се видиш приближно, никогаш ептен точно, ама приближно како би изгледал во очите на другите.
А тоа лице кое што го избираш за да се гледаш ти во трето лице нели може да биде избрано субјективно од твоја страна па така да добиеш и погрешна слика за твојата перцепција од негова гледна точка. Или постојано избираш различни луѓе кои би биле потенцијални перцепатори, ако да, како успеваш да проникнеш во нивните карактери и да бидеш сигурен во нивната перцепција кон тебе. Некако ова сепак ми изгледа само некаков обид да си дадеш алиби за некои постапки што ги правиш во одреден момент. Барем така ми се чини.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom