- Член од
- 23 октомври 2011
- Мислења
- 887
- Поени од реакции
- 2.207
Засиленото политичко и економско соперништво меѓу САД и ЕУ од една и Русија и нејзините истомисленици од друга страна во последните неколку години во јавноста се почесто се толкува како вовед во нова студена војна. Особено во 2014 г. по припојувањето на Крим кон Русија, интервенцијата во Украина и меѓународните санкции кон Русија што произлегоа од тоа.
По речиси повеќе од две ипол децении од падот на железната завеса, студената војна како да доживува ренесанса таму каде што, всушност, и беше нејзиниот епицентар - во Европа, а преку некои развојни настани се шири и на блискиот исток , особено во Сирија каде што се нарекува посредничка војна .
Некои аналитичари ваквите воени и политички тензии помеѓу САД и Русија го нарекуваат светска прото - војна
Денешниот распоред на силите на светската карта
Чешката разузнавачка служба во своите извештаи од 2013 г. објавила дека невообичаено голем број на руски шпиуни влегле во нивната република под маската на туристи, експерти, академици, бизнисмени кои ја снабдувале руската амбасада во Прага со голема количина на информации од најразличен тип.
Американскиот магазин Њусвик во Декември 2014 г. објавил статија во која се тврди дека руската шпиунска активност во Европа се вратила на ниво од времето на студената војна.
Поранешниот прв човек на ЦИА Џејмс Визли во 2015 година за американските медиуми изјавил дека руската држава ги враќа старите тактики на шпиунажа како од времето на СССР, кога американски државјани биле врбувани од КГБ да работат како неофицијални шпиуни, ова особено биле изразено во енергетско-нафташкиот сектор.
Така што разузнавачките активности помеѓу Русија и Западот го достигнале зенитот и пред украинската криза, со тоа што како одговор на сите овие руски разузнавачки активности, ЦИА го дуплирала нејзиниот буџет уште во 2013 година.
Конфортациите на НАТО и Русија околу украинската криза се сметаат за директна последица од новата студена војна. За време на про-руските немири на истокот од Украина , по што следеше руска воена интервенција и посебно по уривањето на малезискиот авион на на 17 јули 2014 почна во стручната јавноста да циркулира терминот ,,втора студена војна".
Потоа следеа серија на економски, финансиски и дипломатски санкции кои едни со други ги воведоа. Западните земји на чело со САД воведоа силни рестриктивни мерки кон Русија, на што русите одговорија реципроцитетно.
Освен во Европа, западниот блок предводен од САД и евроазискиот блок предводен од Русија се судрија и на другите страни на светот. За сириската граѓанска војна се смета дека е прокси војна помеѓу американците и русите , затоа што главен подржувач на сирискиот претседател Баша Ал-Асад е Русија која јавно застана на негова страна против исламските милитанти. А додека според некои разузнавачки податоци се смета дека сириската опозиција и исламската држава се производ на американската разузнавачка агенција ЦИА кои ги создале за да ја бутнат проруската влада на Асад, како подоцна би можеле да ги завземат двете руски бази кои се наоѓаат на самиот сириски брег и да изградат гасовод од Катар до Италија и понатаму до централна Европа. Со таквиот катарски гасовод директно би конкурирале на рускиот гас во Европа, на тој начин рушејќи ја руската економија која е зависна од извозот на енергенси.
Втората студена војна засега има две тежишта Украина и Блиски Исток.
Тоа е што е многу интересно за оваа нова ладна војна е фактот дека Германија за првпат се јавува како голем играч на светската сцена, за разлика од првата студена војна кога беше поделена помеѓу сојузниците и двете Германии беа само сателитски држави на Москва и Вашингтон.
Покрај Германија, интересна е улогата на Кина, која исто така е голем играч на светската политичка сцена и со тоа учесник во студената војна II. Ако Германија важи за близок сојузник на Америка, тогаш Кина е близок на сојузник на Русија против НАТО. Кина заедно со Русија остро се спротистави на арапската пролет во Северна Африка , но од друга страна кинезите се јавуваат во двојна улога со тоа што се јавуваат како конкурент на Москва за ширење на својата сфера на влијание врз централно-азиските пост-советски републики, како и колонизацијата на Сибир. Сето тоа ја прави позицијата на Кина многу матна и нејасна.

Последно уредено: