Дали сајбер-сексот надвор од врска е изневерување?

  • Креатор на темата Liberation
  • Време на започнување

Сајбер-секс надвор од врска?


  • Вкупно гласачи
    48
L

Liberation

Гостин
во врска сте, но партнерот практикува сајбер-секс со други или бара дозвола од вас да го прави тоа. како би (ќе) реагирате на ова?

општо земено, има неколку мислења за сајбер-сексот: еднио велат дека тоа е неморално, втори дека е во ред доколку тоа е фетиш, трети одобруваат само со партнерот, четврти дека баш со партнерот е понижувачки, петти дека тоа е чисто изневерување од емоционален вид, пострашно дури и од физичкото, некои пак иако се во врска сметаат дека се додека остане на камера, нема “опасност“ ни причина за љубомора и чувствување повреденост.

еве конкретно: еден од бившите очигледно имаше проблем со тоа. иако знаеше дека тоа ме повредува, практикуваше сајбер-секс, па потоа демек му тежело на душата, ми кажуваше со кој што направил и што се’ зборувал и правеше да се осеќам многу повреден, измамен, понижен. искрено не знам зошто, ама најверојатно што сметам дека ако имаш партнер, со кој имаш нормален секс и можеш да си кажуваш најинтимни работи, од типот на фантазии и “прљави“ муабети, нема причина да сакаш да си го покажуваш алатот и да разменуваш такви интимни фантазии со друг.

така, со тек на време сфатив дека тоа му е фетиш, и колку да се осеќам повреден а тој тоа да го знае, нема реални шанси да престане, зошто тоа му е завист, потреба, нешто како зависта од порно, цигара или наркотик. покрај тоа, беше невозможно да не помислам дека има егзебиционистичко-воајерски склоности, што дополнително ја умртви врската, по што, нормално, следуваше раскинување.

е сега, не барам ваше мислење за конкретниот случај (ма да, кој сака може да си пише :) ), туку ме интересира:
1. дали сметате дека е во ред вашиот партнер да си го покажува своето тело и интимните делови на некој/а си таму и да ги дели најинтимните фантазии со некој непознат;
2. дали за вас тоа е изневерување;
3. како би реагирале во ваква ситуација;
4. дали ви е во ред да имате ваков вид возбудување со партнерот со кој сте во емоционална врска?

инаку, како позитивни работи на сајбер-сексот се наведуваат можноста за развивање на сексуалните фантазии, безбеден начин на сексуално возбудување (од аспект на болести), можност за одржување на еротско-емоционална врска со партнерот кога сте одвоени географски и сл., а негативните се дека прераснувањето на овој вид возбудување во завист и навика, може да ја одвои реалноста од виртуелноста, па личноста да постане неспособна за одржување реална врска, зошто преку сајберот се добива возбуда а се нема никаква обврска (што за некои е особено примамливо и посакувано), дека ваквиот вид на сексуално задоволување може да прерасне и во повозбудливо од реалниот секс, дека партнерот ги пренасочува емоциите и сексуалните фантазии од партнерот кон друг, кон кој дури може и емоционално да се приврзе, па се до појава на егзебиционистички и воајерски склоности, кои се пореметувања на сексуалните желби според сзо.

и да, знам дека има теми за сајбер-секс, ама тоа е општо (дали сте имале, дали би имале, дрн дрн). мене ме интересира: имате врска, партнерот практикува. што ќе сторите?

сполај ви.
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
Изневерување е кога ќе си го стави органот преку кој уринира во тродимензионална не-виртуелна дупка.
Вакви сајбер-секс глупости се применуваат само ако на некој премногу му е досадно, па реши да ремети малолетнички кои би му се соблекле на некој што не го знаат.
 
M

Mussolini

Гостин
Изневерување е кога ќе си го стави органот преку кој уринира во тродимензионална не-виртуелна дупка.
Вакви сајбер-секс глупости се применуваат само ако на некој премногу му е досадно, па реши да ремети малолетнички кои би му се соблекле на некој што не го знаат.
ja majkata? A kak ke se osekas ak na primer tvojata tipka se dogovore preku nekoj IM chat client da organot za urniranje na licnosta od drugata strana na monitorot vleze vo nejzinata trodimenzionalna vagina? Dali ti misles ti oti takvi nesta ne se slucuvat? Daj ne zafarkavaj... Da se ima cyber sex za mene e ednakvo ma izneveruvanje gledano na 1 ili na dr nacin
 

\m/arko

A place where the beer flows like wine...
Член од
15 јануари 2008
Мислења
6.357
Поени од реакции
789
Кои нрдови прават сајбер секс уште -.-?
 
L

Liberation

Гостин
ок, различните ставови најверојатно потекнуваат од различното восприемање на тоа што е изневерувањето.

за едни, изневерување е ако партнерот физички има сексуален однос со друго лице, покрај тоа што постоел своевиден договор за ексклузивитет.

за некои, не е изневерување ако партнерот додека води љубов со вас, си прави филм дека е со друг/а или ако на камера дели емоционално-сексуални интимни желби кои по логиката на нештата би требало да ги дели само со тој/таа со кој/а е во врска.

има луѓе кои велат: нека мисли што сака, нека се соблака пред кого сака и нека зборува со кој што сака се додека јас ја “онадам“. на таквите најверојатно им е доволно партнерот да биде со нив само телесно, а емоциите не им се битни...
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
ja majkata? A kak ke se osekas ak na primer tvojata tipka se dogovore preku nekoj IM chat client da organot za urniranje na licnosta od drugata strana na monitorot vleze vo nejzinata trodimenzionalna vagina? Dali ti misles ti oti takvi nesta ne se slucuvat? Daj ne zafarkavaj... Da se ima cyber sex za mene e ednakvo ma izneveruvanje gledano na 1 ili na dr nacin
Прво, женско сум.
Второ, ако ме изневери дечкото, и има сајбер секс/обичен секс со некоја друга ќе му барам логично и искрено објаснување зошто го направил тоа.
Трето, ако ми одговори, тоа го напраив пошто сакав и досадно ми беше со тебе, барав промена, ми дојде онака итн. и го сакам, ќе му простам, затоа што се случува.
 
L

Liberation

Гостин
Прво, женско сум.
Второ, ако ме изневери дечкото, и има сајбер секс/обичен секс со некоја друга ќе му барам логично и искрено објаснување зошто го направил тоа.
Трето, ако ми одговори, тоа го напраив пошто сакав и досадно ми беше со тебе, барав промена, ми дојде онака итн. и го сакам, ќе му простам, затоа што се случува.
значи, немаш ништо против дечко ти да си го покажува алатот на други девојки преку камера?
 

Chapstick

Сам свој психолог
Член од
7 август 2009
Мислења
2.986
Поени од реакции
311
Да, мислам дека е изневерување.Зошто?Па бидејки не му/и е доволна вашата посветеност кон него/неа па ке го покажува алатот на непознати лица.Тоа е исто како да те изневерил во реалноста.Како би ви било да го фатите дечко ви/девојка ви само да се бакнува со некого?Би му/и раскинале нели?Па нормално...се бакнува со друг/а.Ова е и полошо.Посебно ако знае дека со тоа ве повредува(го направил тоа еднаш се покажало дека ви смета и продолжи да го практикува).Тоа е прво непочитување кон вас самите!Бидејки сте му/и даделе на знаење дека ви пречи и не сакате да го прави тоа повторно а тој/таа си продолжува по старо како да не му/и е важно дека ве повредува.Да не и е важен вашиот збор.И тоа би го нарекле врска?А што би било ако двата партнери го практикуваат тоа.Секој на своја страна прави шо сака, флертува и излегува со кого сака....исто како да не сте во врска.Но битно има дечко/девојка..Глупо е.Треба партнерите меѓ себе да се задоволуваат а не да бараат некој друг тоа да го прави.И те како е изневерување.
 

Vespertine

The Ugly Duckling
Член од
22 септември 2009
Мислења
2.932
Поени од реакции
3.386
Штоќети виртуелен секс кога имаш лајв секс. Виртуелен секс е измислен од оние кои немале секс, немаат доволно секс, или мала настраност.
А во врска со изневерување што е работа мислим делите секс и љубов, кога е исто.
Да би било различно ондак ако имам девојка и ебам друга некоја, девојка ми ке каже ‘‘епа добро де ти си имал секс а не љубов со неа‘‘ и ке ме свати како да сум се возел на тобоган, а тоа е интересно нели, адреналин.
 

statusQuO

Модератор
Член од
18 јуни 2008
Мислења
13.038
Поени од реакции
7.615
Трето, ако ми одговори, тоа го напраив пошто сакав и досадно ми беше со тебе, барав промена, ми дојде онака итн. и го сакам, ќе му простам, затоа што се случува.
се случува по грешка да го извадиш патлакот и да го маваш на Chat Roulette...на друго место не баш...
 
M

Mussolini

Гостин
Прво, женско сум.
Второ, ако ме изневери дечкото, и има сајбер секс/обичен секс со некоја друга ќе му барам логично и искрено објаснување зошто го направил тоа.
Трето, ако ми одговори, тоа го напраив пошто сакав и досадно ми беше со тебе, барав промена, ми дојде онака итн. и го сакам, ќе му простам, затоа што се случува.

Прво, се извинувам длабоко и широко шо не видех твоите постови за да знам дали си машко или женско :cuc:

Второ, тоа шо ти го имаш напишано како трето биди сигурна дека шансите да го слушнеш тоа од него се доста мали од проста причина шо, кој е тој шо сака да изгубе нешто шо на некој начин може да го има на некој начин кажано кога сака. да не се рабереме погрешка: не те правам нешто со не си туку едноставно полесно кее за него да те задрже сеште да сте заедно со било какво извинување отколку да те оставе и да почне да тере друга

Трето, ак сите со кои шо до саа сум бил ми ги прифакаа тие извинувања коо ке одаах со друга, јас до саа ке си имаах свој харем на жени :smir: как и да е, јас как машко не би ги кажал тие работи со ти мислеш дека би ти ги кажал твојот дечко и ти би му простила под тие извинувања туку би измислил нешто шо е попознато од типот на пијан бев, издрогиран бев (не дека се дрогирам ама тка ми идаше зборот да кажам) и сл... :salut:

и ке се надоврзам на тоа шо ти кажа Liberation: нема да ти пречи да твојот дечко го мава пред камера со други?
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
Секој искрен флерт надвор од врската ми е изневерување.
 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
дефинирај ми искрен флерт?
Не ми смета да флертува од досада и ради реда, да шмека пошо е интересно.
Али ми смета искрен флерт. Односно ми смета флерт во кој се појавуват и други симпатии осим надворешната му негова привлечност.
Ми смета флерт со цел да се ќари, а не да се забавува. Тоа е изневерување. Тоа е доказ на непочитување и показател дека љубовта згаснала, или љубов не ни постоела.

Исто ми е дал го смувала, или умира од желба да го смува. Во главата нејзина, партнерот и е во втор план, а тоа не се цени. Бар не кај мене.

Истово се однесува и за реален и за виртуелен свет.
 
Член од
6 јануари 2010
Мислења
1.120
Поени од реакции
104
значи, немаш ништо против дечко ти да си го покажува алатот на други девојки преку камера?
Дали се самозадоволува на некој нискобуџетен порнич или на некоја курва што е спремна да се соблече пред камера, и не го сметам за нешто различно. А да, самозадоволувањеето е нормално кај машкиот род. И во врска, и во брак, тие ќе дркаат на девојки кои ги тераат тоа да го прават со нивното експонирање во јавност.

Доколку и он вклучи камера, секако дека нема да ми биде сеедно. Но ако дрка на некоја што ќе му се соблече, нема зошто да го сметам тоа за изневерување.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom