Дали родителите треба да бидат казнети за злосторствата и грешките на своите малолетни деца?

Член од
13 април 2021
Мислења
3.129
Поени од реакции
10.474
Сите сме сведоци на случаи во кои размазени тинејџери го прекршуваат законот, а често пати тоа завршува и со фатални последици. Во нашата држава, за жал многу од нив (нечии синови и ќерки) поминуваат неказнето, а често пати и лично сум била сведок на изјави на родители од типот "тоа се само деца, кои прават грешка". Да, деца се и прават грешки, но на крајот на краиштата тие се сепак рационални и разумни човечки суштества кои точно знаат што прават.

Родителите се одговорни за воспитувањето на нивните деца. Дали секое лошо постапување значи вина на родителите и пропуст во воспитувањето на децата? Дали тоа што е малолетно го прави помалку виновно човечко суштество, дури и ако за година/две/три ќе стане полнолетен граѓанин? Кој е виновен кога малолетници го прекршуваат законот и кој треба да одговара за нивните постапки? Како кај нас функционираат законите за родителска одговорност? Дали и како кај нас малолетниците одговараат за своите грешки пред законот?
 

interlove

Die with memories not dreams
Член од
14 ноември 2014
Мислења
2.425
Поени од реакции
3.679
Да треба.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Ова ми е едно од прашањата каде не би одговорил со да или не. Во глобала би рекол не. Прашањето е тешко само по себе и би рекол дека најлогично е да се одлучува од случај до случај во зависност од околностите.

Улогата на родителот е да го заштити и да го насочи потомокот во правилна насока, но тоа е полесно кажано отколку направено. Животот е во голем дел несреден, хаотичен, збунувачки и сите патиме од ретроспективна пристрасност.

Кога нешто ќе се случи многу е лесно да погледнеме наназад и да кажеме требаше да се направи вака или онака поготово ако се работи за животот на некој друг.

Децата од една страна треба да бидат заштитени, а од друга страна треба да се научат на самостојност.

Во зависност од размерот изјавата „тоа се само деца“ има различна тежина. Една работа е некоја полесна конфронтација наспроти кога едно дете му забило нож на друго или пак го осакатило на било кој начин.

П.С Законите мислам дека се океј, а нивното спроведување е сосем друга тема.
 
Член од
13 септември 2007
Мислења
5.782
Поени од реакции
4.011
Замисли ти како дете 15-16 годишно, направиш некоја беља и ги затвараат твоите во затвор. Како тоа ќе ти влијае на психа?

Не казнуваме деца затоа што знаеме дека центарот за донесување на одлуки во мозокот не им е развиен. Не знам кои деца се рационални и разумни, особено тинејџери на кои хормоните им вријат. Возрасни луѓе во години не размислуваат секогаш рационално, а не па деца.
Кога малолетници прекршуваат сериозни закони, одат во казнено поправна установа
Идејата е да имаат консеквенции ама да им се поправи однесувањето за да можат да се вратат и функционираат во општеството.

Мислам дека треба да постојат часови за луѓе што сакаат да имаат деца, да научат развојна психологија за да знаат што да очекуваат од децата.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.129
Поени од реакции
10.474
Замисли ти како дете 15-16 годишно, направиш некоја беља и ги затвараат твоите во затвор. Како тоа ќе ти влијае на психа?

Не казнуваме деца затоа што знаеме дека центарот за донесување на одлуки во мозокот не им е развиен. Не знам кои деца се рационални и разумни, особено тинејџери на кои хормоните им вријат. Возрасни луѓе во години не размислуваат секогаш рационално, а не па деца.
Кога малолетници прекршуваат сериозни закони, одат во казнено поправна установа
Идејата е да имаат консеквенции ама да им се поправи однесувањето за да можат да се вратат и функционираат во општеството.

Мислам дека треба да постојат часови за луѓе што сакаат да имаат деца, да научат развојна психологија за да знаат што да очекуваат од децата.
Родителството е клучно за обликување на детето. Родителот е тој кој што треба преку своето воспитување да му ги всади основните вредности на своето дете и да се осигура дека детето ќе стане совесен и одговорен граѓанин, а не млад делкивент.

Иако сто постотна гаранција нема за ништо во животот, сепак најчесто младите делкивенти потекнуваат од дисфункционални семејства. Така да, се согласувам дека е неопходно психолошко тестирање, пред бивање родител (иако, не знам колку би било изводливо и спроводливо во пракса истото).

Ако детето е сеуште во развој, не значи дека не може да разликува добро од лошо. Значи јас не зборам за грешки кои се резултат на комбинација од животно неискуство и влијание на хормони кои сите сме ги правеле кога сме биле тинејџери, туку зборам за сериозно криминални дела, како кражба, силување, убиство итн.
 
J

joli1

Гостин
Дали секое лошо постапување значи вина на родителите и пропуст во воспитувањето на децата?

- Не би рекол. Секое лошо постапување на детето не е резултат на лоши родители, но одредени лоши постапувања се резултат на лоши родители.


Дали тоа што е малолетно го прави помалку виновно човечко суштество, дури и ако за година/две/три ќе стане полнолетен граѓанин?

- Бунтовноста која се јавува у тие години, кризата на идентитет, лошите друштва кои можат да те повлечат, нездравото општество во кое живееме, влијанија од други луѓе, итн, можат да бидат причина за неговите постапки. Сметам дека е правилно казните да се поблаги за постарите малолетници. Поаѓам од себе, кога би бил затворен на 16-17 години за срања што сум ги правел дур сум бил љут и бесен на светот, тек кога би излегол би правел уште поголеми срања, знаејќи дека сум доживотно обележан во одреден компјутер и мојата иднина (легална) е однапред уништена.

Во нашето општество, па и во другите, затворот е контрапродуктивен. Ретко кој излегол од затвор ,,рехабилитиран", баш спротивно, најчесто од затвор (бар тука) излегуваат дополнително ментално пореметени со бес во себе, само со повеќе контакти за соработка надвор. Замисли што би се случувало тогаш со дете во затвор опкружен со постари криминалци.

Кој е виновен кога малолетници го прекршуваат законот и кој треба да одговара за нивните постапки?

- Виновници се системот, родителите и самото дете.

Системот е крив, т.е самата држава поради тоа што треба да овозможи здрава средина за растење на младината, како и внимателно да пази што тоа и се сервира на младината секојдневно. Сепак на младината светот останува, нели?

Јас тоа пробував да го објаснам во друга тема, кога самата држава дозволува коцкарници до школи, двоцифрен број коцкарници у мал радиус, повеќе коцкарници него библиотеки, паркови, игралишта, настани, тогаш не е детето ниту родителот крив што детето почнало тајно да му се коцка. Како беше онаа ,,out of sight - out of mind", тоа поготово важи за младите.

Родителите реално, у денешно време поготово, не ги ни кривам. Грижејќи се за сопствената како и фамилијарната егзистенција, по цели денови се на работа и живејќи екстремно стресен живот не ги приметуваат драстичните разлики во понашањето на сопственото дете, а у најголем број случаеви, веќе кога ќе ги приметат, касно е.

Детето е најмал кривец од сите според мене и ретки се случаевите кога само детето е виновно за неговото понашање.

Како кај нас функционираат законите за родителска одговорност? Дали и како кај нас малолетниците одговараат за своите грешки пред законот?

- Функционираат како што функционираат сите закони во државава. У друг превод, не функционираат.

Постојат два вида на малолетници, постар и помлад малолетник. Ако не се лажам, само од годините зависи дали и како ќе одговара пред законот. Но не сум сигурен, сепак ќе оставам на некој правник да објасни повеќе.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.659
Поени од реакции
38.843
Не треба, пошто не секој родител е виновен за тоа што направило детето. Имаш деца што се добро воспитани и све, али идат по лош пат. И родителот е најмалце виновен за тоа што направило детето. Не викам дека нема лоши родители, но не можеш сите да ги ставиш на купче и да ги судиш.
 
Член од
21 јуни 2021
Мислења
1.100
Поени од реакции
3.471
Ако родителот е примерен и ако го воспитало и детето така, а детето стане бандит тогаш вината е во детето. Родителот не е должен да плаќа за грешката на детето.

Има и случаи на пример каде што едното дете секогаш е покултирно, помирно, со помалце(или без) пороци, а другото е класичен идиот од створење. А сепак се родени и воспитани од исти родители. Обично имам приметено дека првите/најстарите спаѓаат во второво, но и не мора да значи секако.

Од трета страна има и родители кои постојано се расправаат меѓусбе или се понашаат диктаторски према децата. Оноа класичното од времето на комунизмот ,,ја’ како ќе кажам така ќе биде”.
Ради фрустрации после децата кога ќе идат на улица се тепаат, прават бељи, аздисуваат.

Да има институции у државава што работат како што треба да видиш како ќе си зимаат сите на време апчињата и деца и родители и пензионери и се.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Не треба. Барем не со затворски казни. Најмногу од причина што не секогаш однесувањето на родителите има пресудно влијание на однесувањето на децата. Тука е околината, друштвото, бунтовниот период, па понекогаш и постојаниот притисок од секојдневието да се биде популарен или забележан меѓу врсниците.

Има еден куп примери каде малолетник знае да направи нешто лошо, а родителите се почитувани и примерни луѓе. Па дури има случаи каде малолетници направиле престап во афект или во самоодбрана, па по некое време сами се свесни за грешката. Други ја поминале таа лоша фаза и подоцна станале сосема нормални луѓе. Ако виделе дека родителите им завршиле во затвор, тоа повеќе би делувало негативно на нив и можеби би потонале уште подлабоко, би направиле нешто полошо или би се повредиле самите.

Подобро е малолетникот да добие соодветна казна за делото, а со родителите да поработат стручни лица во правец на подобрување на нивната воспитна улога во иднина.

Секако, овде зборам за посериозни дела и затворски казни. За дела како на пример вандализам, нормално е родителот да ја подмири материјалната штета, пошто малолетникот нема ни од каде да плати.
 

Ingvar

MONAD
Член од
28 март 2020
Мислења
3.619
Поени од реакции
8.487
Ако направи материјална штета треба да ја плати родителот, исто како он да го направил делото. Ако не може треба да се одземе детето и во дом да се однесе каде ќе се грижат институциите. За било која ситуација мора да постои обештетување, од причина што ако не постои тоа приморани се оштетените сами да преземат мерки.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.988
Ако направи материјална штета треба да ја плати родителот, исто како он да го направил делото. Ако не може треба да се одземе детето и во дом да се однесе каде ќе се грижат институциите. За било која ситуација мора да постои обештетување, од причина што ако не постои тоа приморани се оштетените сами да преземат мерки.
И да и не. Децата немаат деликтна способност до својата 14-та година. Зависи од случај до случај, од степен на вина, висина на штета, па и возраст на детето. Правото прави 3 квалификации, дете до 7, 7-14 и деца над 14 години кои веќе имаат деликатна способност.

Друг проблем се јавува кога детето не може да оцени и процени дека со неговите постапки прави штета на друг.

Дали детето треба да биде одземено од родителската грижа поради направена материјална штета? Не. Постојат механизми за присилна наплата. :)

Дури и може да се причини незначителна материјална штета.

И да, не гледам причина зошто постарите малолетници, над 16 год, не би можеле да завршат во затвор! Сега сме на полето на кривичното право. Гледам некои членови се противат на таа идеја.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.129
Поени од реакции
10.474
Па да, темава и беше наменета на некој начин за постари малолетници +16 години. Не гледам како година/две/три го прават малолетникот помалку виновен за стореното убиство на пример, во споредба со дечко кој тукушто наполнил 18 години и станал полнолетен граѓанин.
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.304
Поени од реакции
4.651
...родителите во ова време кога социјалната матрица е комплетно изместена имаат маргинална улога во развојот на нивниот потомство
...да не зборуваме за тоа дека човекот во насока на својата потреба за создавање на потомство е сеуште во неандртална фаза(што би значело правиме деца затоа што сите останати тоа го прават)
...иднината на малолетниците е во рацете на системот,системот нема визија за нивната иднина,а светот на парите ја превзеде улогата на "воспитувач"
...убава слика нацртав,нели?:D
 

Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.271
Поени од реакции
27.712
Vie sto planirate da sprovedete evgenika preku testiranje koj moze da e roditel koj ne, dali imate nekoj logisticki plan, ideja, kolku bi chinelo toa?
Dali gi imate ubavo sogledano prednostite i nedostatocite na ova?
Dali se imate osvrnato na primeri od istorijata za vakvi evgenisticki potezi, i dali sepak ima raboti od Rajhot koi se dobri idei?
:coffee:
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.304
Поени од реакции
4.651
...оние што се научени да мижат пред вистината и фактите,имаат добар смисол за пишување на убави бајки
...само што убавите бајки остануваат да бидат...само бајки :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom