Од сите важни работи во постот кој си го цитирал си ја одбрал најмаргиналната.
Па ова е за форумот религија останатите може во друг подфорум да се дискутираат.
--- надополнето: 26 јули 2013 во 03:55 ---
Веруваш во ова и зошто?
Не постои спиритуалност. Не постои спирит.
Религиите се пречка за напредокот во секој случај.
Тоа е мојот став околу темата.
Сите три се парцијално точни.Искрено не сакам да генерализирам ама за жал има доста вистина во цитатот.
За научниците не знам што да кажам немам доволно податоци за да кажам теорија или став.За масовните медиуми потполно се согласувам ние(Македонија) сме најдобар пример за уништување на информации и дезинформации, а и на глобално ниво сликата не е розева.
И на крај за последното исто се согласувам полека, но сигурно се покажува вистинското лице на т.н демократии единствена разлика е дали народот ќе застане и ќе се бори против тиранијата.(Сега во скоро време на пример Сноуден кој според мене американците треба да го величаат како херој, треба да си ептен луд или ептен храбар за да се решиш на таков чекор)
Ова малку оф-топик ама се надевам ти одговорив на прашањата.
Понатаму врската помеѓу спиритуалноста и религијата.
За спиритуалноста нема дефинитивна дефиниција додека за религијата има.
За среќа прогуглав и кој и да ја напишал статијата ми ги скрати маките.
Ако не те мрзи читни ја не е долга е отприлика една страна и мислам дека ќе сфатиш што сакам да кажам, воедно текстот го рефлектира и мојот став на темава и е одговор на твоето прашање.
http://www.bibliotecapleyades.net/mistic/mistic_10.htm
Just as a candle cannot burn without fire, men cannot live without a spiritual life.
П.С Во врска со последниот дел дека религиите се пречка за развојот би сакал да го споделам следниов цитат.
Посебно го потенцирам последниот дел.Пречки за човековиот развој има многу од кој религијата е далеку подоле на скалата во спореба со античките зла.
Омраза, Гнев, Алчност, Љубомора, Завист, Користољубивост, Лаги, Арогантност, Его, Инфериорност, Лажна гордост итн...
Кажи ми сега треба да ја фокусираме енергијата на едукацијата што е нешто фундаментално за човековиот прогрес и кое воедно придонесло најмногу за човештвото или пак да ги отстрануваме горе наведените пречки една по една кои се составен дел од секој еден од нас и нема напредок во нивното искоренување од почетокот на човековото постоење?