Дали постои нешто како искрено пријателство?

  • Креатор на темата Samurai_Sk
  • Време на започнување
S

Samurai_Sk

Гостин
Се повеќе што остарам се повеќе се убедувам сам себеси дека искрено пријателство нема, луѓето се дружат помеѓусебе зошто имаат заеднички интерес или затоа што нешто заедничко ги поврзува во одреден период од животот, ова го кажувам од искуство, никогаш во живото не сум имал многу пријатели но сум имал двајца другари кои ги сметав за добри искрени доживотни другари но дојде момент кога и на нив не им одиш во прилог и одма те сметат за не другар, значи ако не си марионета не чиниш, треба секогаш да бидеш достапен и таквите "другари" обично не трпат кога има случаи како мојот напредувам во животот дали финансиски дали во кариерата па се повеќе сум зафатен, тие сами во своите глави прават филмови не дека јас стварно сум сменет, и ваква ситуација ме убеди дека верувањето во искрено пријателство е глупаво и губење време, кое е вашето мислење?
 
Член од
20 април 2014
Мислења
5.239
Поени од реакции
5.820
Za zal u pravo si. Se pomalku i pomalku ima iskreni prijatelstva. I u tie retki iskreni koa ke letnat malku luti iskri i tie se rasipuvat. I ja veke neznam sho da mislam...
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Се повеќе што остарам се повеќе се убедувам сам себеси дека искрено пријателство нема, луѓето се дружат помеѓусебе зошто имаат заеднички интерес или затоа што нешто заедничко ги поврзува во одреден период од животот, ова го кажувам од искуство, никогаш во живото не сум имал многу пријатели но сум имал двајца другари кои ги сметав за добри искрени доживотни другари но дојде момент кога и на нив не им одиш во прилог и одма те сметат за не другар, значи ако не си марионета не чиниш, треба секогаш да бидеш достапен и таквите "другари" обично не трпат кога има случаи како мојот напредувам во животот дали финансиски дали во кариерата па се повеќе сум зафатен, тие сами во своите глави прават филмови не дека јас стварно сум сменет, и ваква ситуација ме убеди дека верувањето во искрено пријателство е глупаво и губење време, кое е вашето мислење?
Постојат. Од описов на другариве ми делува дека не ти биле баш најдругари. Некад се дешава да мислиш дека имаш другари ама тоа е повеќе сопствена илузија.

Со вистински другар и цела година да не се видиш кога ќе се сретнете ќе биде како вчера последен пат да сте се виделе.

За жал и за пријателството и за многу други работи реалноста не е секогаш еднаква на нашите замисли.

Инаку „пријател“ не е пријател ако очекува да не се промениш и да не пораснеш и успееш. Јас лично би избегнувал вакви особи.

Исто така понекогаш во животот со некои луѓе едноставно идеме по различни патишта и тоа е тоа.

Мој совет е да се дружиш со различни карактери пошто пријателство е на некој начин коцка и не секогаш го наоѓаме таму кај што очекуваме.

П.С Памтам една приказна од еден член на форумов кога во 3 часот навечер му се расипала колата и ги барал прво „пријателите“ кои сите по ред наоѓале изговор и на крај свртил на некој познаник кој му помогнал т.е си го нашол вистинскиот пријател.

Така да уште еден совет не се плаши од време на време да ги тестираш пријателите дури и ништо реално да не ти треба. Ако наоѓаат изговор тогаш можеби треба да подразмислиш кој ти е пријател.
 

ShakaZulu

" Тој Сум Бре "
Член од
29 јули 2008
Мислења
3.257
Поени од реакции
3.608
Според онаа брат за брат сирење за пари одиме исто со другар за другар ама сирење за пари. Чест на исклучоците но после 3 и кусур децении живот знам дека не вреди некого да сметаш за другар. Пријател, комшија, роднина... се е тоа ок но другар или по мое брат/сестра од друга мајка не постои.
 
S

Samurai_Sk

Гостин
Веќе не вреди ни да ги тестираш, со самиот факт дека не сум во можност цело време да се дружам во последно време па одма не чека многу ме шутира од нашето "пријателство" е голем доказ со какви луѓе сум имал работа
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Веќе не вреди ни да ги тестираш, со самиот факт дека не сум во можност цело време да се дружам во последно време па одма не чека многу ме шутира од нашето "пријателство" е голем доказ со какви луѓе сум имал работа
Тука повеќе е муабетот дека уствари не си ни имал прав другар. Според мене доволно е да имаш еден или двајца прави другари се над тоа е екстра и среќа.

Мислам дека ептен треба да си баксуз да не најдеш еден вистински другар. Тоа дека вистинските се ретки отсекогаш било исто, не се мењаваат толку луѓето од генерација во генерација.

Татко ми го зеам како пример на човек со доста пријатели. Низ годините им помогнал на еден куп луѓе од најобични до доктори на науки.

Денес некои од тие му направиле штета без да заслужи, а он им ставил леб на маса ама од друга страна многу му помогнале и нему. Така да можеби ќе испаднат некои од „другарите“ најголеми гомна ама од друга страна ќе ги имаш и оние што ти го прават животот вреден за живеење.

П.С Најпрост совет, зачлени се некаде да волонтираш како црвен крст или нешто слично, таму ќе се дружиш со луѓе кои свесно одвојуваат од своето време за некој непознат па голема е шансата некој таков човек да испадне прав другар.

П.С2 Таков е животот некад сив некад жут.
 

Sungerot Bob

Живеј го животот
Член од
7 август 2012
Мислења
32.391
Поени од реакции
36.504
Искрени пријателства малку има, другарства уште помалку. Се е сведено на корист и од ради реда, за жал.
 
Член од
18 март 2017
Мислења
42
Поени од реакции
65
Добро е ако се сфакаме итн а за очекување на нешто од другиот, тешко тоа. И јас сум на таа мисла, оти многу ретко веќе искрени пријателства.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
975
Поени од реакции
1.890
Така да уште еден совет не се плаши од време на време да ги тестираш пријателите дури и ништо реално да не ти треба. Ако наоѓаат изговор тогаш можеби треба да подразмислиш кој ти е пријател.
Или ако некој од време на време ме тестира, може треба да подразмислам дали ми е пријател.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Или ако некој од време на време ме тестира, може треба да подразмислам дали ми е пријател.
Зошто да подразмислиш, ако те тестира значи те гледа како пријател само сака да се осигура дека другарството е двострано. Ако те користи тоа веќе е друг муабет.

Инаку ако сакаш да дознаеш каков е некој човек, не прашувај други, туку седни до него и слушај што зборува за другите.
 
Член од
19 август 2010
Мислења
975
Поени од реакции
1.890
Зошто да подразмислиш, ако те тестира значи те гледа како пријател само сака да се осигура дека другарството е двострано.
Ме заебаваш?
Темава е за искрено пријателство. Ако некој мене ме тестира, тој само сака да се осигура дека кога ќе му требам, нема да го заебам, што само по себе повлекува дека тој мене ме користи.
Ако некој ти е пријател, нема потреба да те тестира. Пријателство се гради врз доверба, не тестирање на истата.
 

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.668
Поени од реакции
4.397
Ме заебаваш?
Темава е за искрено пријателство. Ако некој мене ме тестира, тој само сака да се осигура дека кога ќе му требам, нема да го заебам, што само по себе повлекува дека тој мене ме користи.
Ако некој ти е пријател, нема потреба да те тестира. Пријателство се гради врз доверба, не тестирање на истата.
Океј тоа е јасно дека довербата е од суштинско значење. Според мене лично нема ништо лошо во тоа да ги тестираш пријателите.

Што е уствари тест? Бараш услуга која можеби не ти е потребна во моментот. Реално пријателот не трпи штета,а ти го зацрврстуваш пријателството.

Ова што го велиш до некаде е точно, но според мене битни се задните намери т.е од која причина го тестираш. Ако е како што спомнав т.е ти го/ја сметаш за другар и би направил се за да му/и помогнеш нема ништо погрешно во тоа дело.

Од друга страна имаш случаеви на слепа доверба каде мислиш дека имаш пријатели како дечково и после испаѓа дека не им било гајле за тебе.

И нормално дека долгогодишни пријатели нема потреба на било кој начин да ги тестираш, но што е со новопечени другари во кои можеби сеуште немаш изградено доверба.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom