Дали постои закон за информатичката технологија?

Дискусија во форумот 'Право и закони' започната од deXterche, 19 мај 2007.

  1. deXterche

    deXterche тадаммм

    Член од:
    12 февруари 2006
    Мислења:
    4.920
    Допаѓања:
    939
    Инспекциите ми се малце контрадикторни, одат во нет кафе, проверуваат дали се пријавени вработените, бараат фискални сметки а никогаш не побарале лиценца за софтверот што се користи! Па 99% од нет кафеата работат НЕЛЕГАЛНО, како ја издава државава таа дозвола за работа?! Да не зборам за филмови што издаваат, имаше акција пред некоја година, се испрска инспекцијата, им конфискува пиратските филмови на нет кафеата а не гледаат дека сите конфиграции им работат на нелиценциран Windows XP (да не навлегувам во детали за софтверот), па зошто тогаш не им ги конфискуваа конфигурациите? Дали фали министерство за информатика во Македнија што ќе се грижи за таа работа? Ми кажуваа другари дека во Германија ISP-ата дури имале ставено забрана за пристап до пиратските сајтови (katz.ws, serials.ws...), како стоиме на тој план, каде се ОН НЕТ, МТ НЕТ?
     
  2. mRnO

    mRnO И по mRnO,mRnO

    Член од:
    16 април 2006
    Мислења:
    6.263
    Допаѓања:
    50
    Не само закон,ни треба формирање цело министерство
     
  3. Jane

    Jane Кајганџија

    Член од:
    5 февруари 2006
    Мислења:
    3.394
    Допаѓања:
    114
    Еве мое мислење.
    Факт е дека не се глупи и не се паднати од Марс. Сите знаеме каква е економската ситуација во државава. Најлоша што може да биде. Пола од народов неможе да си дозволи да даде ~500 евра за да купи компјутер за дома, па иде во интернет кафе. Ако почне таквата инспекција да ги чисти интернет кафеата уште толку ќе замре државава. Технички нема никогаш да се описмениме ако таквата инспекцијаа проработе како што треба. Кај сме меѓу последните земји во светов по информатичка писменост, уште закон ни фали (претпоставувам дека го има али прогледуваат низ прсти:)). Е сега како што спомнав. Луѓето зимаат кредити, плаќаат на рати само за да земат еден компјутер децата дома да научат нешто да штракаат на него. А кај ќе биде крајот ако треба да плаќаме лиценциран софтвер????? XP, Office, и да не ги редам сите други потребни програми за нормално да функционира компјутерот. А игрите да не ги мешам, зошто и без нив пак испаѓа огромна сума кога ќе се собере колку кошта секо програм поединечно. Што ќе треба тогаш??? Колата да ја продадат за да земат компјутер + лизенциран софтвер (би немале друг избор ако ги затворат интернет кафињата)??? Значи тоа според мене е главната причина во врска со почитуваето на законов - Информатичката писменост која мора да ја подобриме на ниво на цела држава.
    Не ми е малце логично македонец да плаќа 150 евра за ХР кога имаме просечна плата од некои 200 евра и германец кој има просечна плата од 2-3000 евра да плаќа исто 150 евра за ХР. Односот е ко кај нас ХР-то да се продава за 10 евра па ај 600 денари ќе дадам барем ќе имам лиценциран софтвер.

    Само има уште еден момент и тоа многу важен момент. Ние сме македонци и секој македонец би рекол: ’’Зошто па и тие 600денари да ги давам кога можам да го имам безплатно’’. :toe:

    П.С. Може ви личи смешно ова за ратите или каматите, ама мајка ми работи во банка и знам колку се кредити се даваат за да купат компјутери. И тоа е факт дека сме сиромашни. Исто така јас продавам компјутери и знам од лично искуство. Бидејчи немам фирма и "работам" нелегално само со кеш:) имам изгубено милион муштерии кои компјутерот МОЖАТ да го земат исклучиво на кредит или рати.
     
  4. Volkswagen

    Volkswagen

    Член од:
    26 јануари 2007
    Мислења:
    2.703
    Допаѓања:
    23
    Формирано е...министер за информатика е битолчанец :)

    Министерство за Информатичко Општество
    Минстер: м-р Иво Ивановски
    Него муабетот ми е...

    Ако тоа го направат (иако е правилно) 90% од нет кафеата ќе одат јабана...оти само да тргниме од игрите...за секоја игра треба да плаќа по 20-30 па и 50$...
     
  5. deXterche

    deXterche тадаммм

    Член од:
    12 февруари 2006
    Мислења:
    4.920
    Допаѓања:
    939
    Се додека е ваква ситуацијата во Македнија, ќе бидеме црна точка во е-општеството и ќе тапкаме во место. Има и поевтини ОС, немора да користете производи од Microsoft. Место Microsoft office, користете Openoffice, има Linux дистрибуции кои се бесплатни, или се плаќа една симболична цена. Не го оправдувам постот на Јане, зошто се додека така размислуваме, ќе сме црна точка.
     
  6. Бејко

    Бејко unregistered user

    Член од:
    14 ноември 2005
    Мислења:
    222
    Допаѓања:
    1
    подобро црна точка, отколку бела маса (наместо сива)
    Види ваков (обратен) пример: одам во пошта да плаќам нешто и гледам компјутер со лиценциран уиндоус а службеничката си игра солитер. Компјутерот го користат за карти и тоа програмата за сметки... Зошто тука не стават линукс или ОС само за тоа што им треба?
    Ако профитирам од мојот компјутер, тогаш мора да поднесам и извештај дека користам лиценциран софтвер.
    Ако го користам за забава тогаш нека се трудат игропроизводителите да си напрат заштита.
    Ако го користам за едукација, пр. програмирање тогаш, типците од мајкрософт(пак пример) треба да се среќни дека програмирам на нивна платформа затоа што утре-другиден ќе правам можеби и софтвер од кој тие ќе добијат мн. повеќе отколку со еден лиценциран ОС.
    Едукација пред профит!
     
  7. deXterche

    deXterche тадаммм

    Член од:
    12 февруари 2006
    Мислења:
    4.920
    Допаѓања:
    939
    Ако не постоеше тој закон во цел свет(освен балканов) што мислиш, дали ќе беше Мајкрософт ова што е денес, и дали технологијава ќе беше стигната до ова ниво што е денес?
     
  8. Jane

    Jane Кајганџија

    Член од:
    5 февруари 2006
    Мислења:
    3.394
    Допаѓања:
    114
    Дали на македонецотсо просечна плата ~200 евра му е проблем да плати ~1000 евра за софтвер?
    Дали на германецот со просечна плата ~2-3000 евра му е проблем да плати ~1000 евра за софтвер?
     
  9. deXterche

    deXterche тадаммм

    Член од:
    12 февруари 2006
    Мислења:
    4.920
    Допаѓања:
    939
    Ако бил Карл Маркс во право, денес на никој не ќе му требеа нашите кредити :pos:

    Шала на страна, е па користи линукс, поефтин е :wink:.
     
  10. Bacillus gagous

    Bacillus gagous Biohazardous

    Член од:
    21 јануари 2006
    Мислења:
    7.383
    Допаѓања:
    167
    Единствена негативна работа во користењето линукс и опен офис за работа (значи игрите ги баталуваме пошто се небитни за работа) е тоа што непосоти унфицирана екстензија за текст документи, односно ложото е во тоа што .doc неможе да се прави во Опен офис
     
  11. teneke

    teneke

    Член од:
    13 јули 2006
    Мислења:
    5.938
    Допаѓања:
    3.061
    Да уште тој закон ни треба и да си појди јабана Македонија и македончето како информатички кадар!
     
  12. deXterche

    deXterche тадаммм

    Член од:
    12 февруари 2006
    Мислења:
    4.920
    Допаѓања:
    939
    Постов воопшто нема врска, баш тогаш ќе сватат колку вреди тоа парче софтвер што некој се мачел да го напише, а ние го користиме нелагално. Тоа ти е исто како да го крадеш од продавница. А кога ќе размислиш малце подобро, Македонија ќе беше 80% на линукс(зошто е поевтин), што значи каде каде информатички пописмени ќе бевме!
     
  13. Струмикс

    Струмикс Еден...не го знаеш!

    Член од:
    9 декември 2005
    Мислења:
    13.792
    Допаѓања:
    3.309
    Софтверот подлежи на заштита според Законот за индустриска сопственост.
    Како што е секој производ заштитен, така е и тој.
    Е, тоа што никој не ги гони луѓето кои го употребуваат како и оние кои го продаваат, тоа е друга песна.
     
  14. Точкест

    Точкест I'm Awesome

    Член од:
    25 јануари 2007
    Мислења:
    7.641
    Допаѓања:
    450
    На почетокот кога почнаа со тоа демек лиценциран софтвер по продавниците за компјутери отидов со едно другарче да купи компјутер. И дечкото зашто бил „приморан„ да го продава софтверот ми кажува една цена за компјутерот и ми вика плус не ме фаќајте за збор ама мислам дека беше негде 2700денари +ДДВ? Викам WTF овие 2700денари, ми вика за Виндоус лиценциран:pos: ме изнасмеа најискрено за домашна употреба за дечко noob за компјутери шо само знае да игра солитер и MAME32 и нормално јас му реков дечко фала не ми треба Виндоус а дечкото ме убедува дека јас МОРАМ да го купам. Јас му реков дека користам Линукс и дека тој ми е гага, а дечкото немаше што да ми направи и ми рече „Ај со среќа да си го користиш новиот компјутер„ се насмеа и ми ја даде машината. А доколку збориме за закон мислам дека треба да биде ригорозен доколку се работи за места каде масовно се користат компјутери(играчници и слично)
     
  15. vmx

    vmx

    Член од:
    25 април 2005
    Мислења:
    5.749
    Допаѓања:
    200
    Точно е тоа дека во интернет кафињата и фирмите треба да користат лиценциран OS и софтвер. Зашто? Бидејќи со лиценцираниот софтвер добивате поддршка од авторот, додека со пиратскиов шо го користиме не добиваме никаква поддршка. А инаку за инспекторите нормално дека можат да отидат во интернет кафињата и фирмите и да им пишат казни зашто не користат лиценциран софтвер, а мене дома неможе да ми дојде никој и да ми рече „чекај да проверам дали користиш лиценциран софтвер”. :)
     

Сподели преку: