Дали некогаш сте слушале музика на радио?

Член од
20 јули 2021
Мислења
2
Поени од реакции
8
слушање музика на радио
Cметам дека е многу интересно, ве прави мелодичен кон музиката и се чувствувате толку олеснето, музиката нè тера да го опуштаме умот за да имаме повеќе идеи на работа, ни помага да ги зајакнеме вештините за слушање, читање и пишување, особено вештини за комуникација и презентација
 

placeb

place_b
Член од
21 јуни 2016
Мислења
3.129
Поени од реакции
2.850
Нема некој што не е слушал музика на радио(било дома, кола, итн)
...Инаку да, слушањето музика на радио е многу добра работа, права релаксација....Ем Ти Ви и остали канали - везе нема со оној филинг што го прави слушањето музика на радио.
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.203
Поени од реакции
12.923
слушање музика на радио
Cметам дека е многу интересно, ве прави мелодичен кон музиката и се чувствувате толку олеснето, музиката нè тера да го опуштаме умот за да имаме повеќе идеи на работа, ни помага да ги зајакнеме вештините за слушање, читање и пишување, особено вештини за комуникација и презентација
Не, сите овде сме родени после 2014.
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.217
Поени од реакции
1.601
Кое слушање музика на радио? Денес 50 % од програмата се реклами, а и коа има музика шо има еден добар од земја да се удриш, сега ја слушаш песната, за 5 мин јас забораваш, тексто ко 5 годишно дете да го пишувало, такви се поп песните денес
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
2.710
Поени од реакции
2.929
Јас немам кабелска ставено не гледам тв програми и кога сум дома поголем дел од времето ми е пуштено радио. Викса на сити радио си го поштувам насабајле со години, Ѓорги од прво македонско радио му ја поштувам емисијата за "животот" секоја недела од 10 до 11. После тоа и театарски приказни од 12, хикирику што ги слушав и пред 20 години како дете. Прво македонско радио му ги поштувам и вечерните програми, едни од ретките што имаат вечерни доцни програми со тивок глас, цитати, читања и говорења на разни теми проследена со соодветна музика. Life радио за радио со мн ретки реклами, кул лабави песнички. И други.. со тек на време некои фрекфенции повеќе ги слушам неки помалку и слично. Еј кога сме кај програмиве се потсетив пред 10тина години кога бев средно, факс стерео љубов имаше на фортуна со Ненад секој понеделник од 00 до 01 или 02 беше не ми текнува праќавме поздрави таму и нарачувавме песни мислам дека:D
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
13.534
Поени од реакции
17.706
Слушам Капитол, имаат добра музика 90ти,80ти рани 2000ти. Другиве радија ми се или модерни шабани како антена5 со тие нивните тралалајки или класика шабанарија. Немаме некој избор на радија реално, ретко кое радио има избалансирана плеј листа и саглам диџеј што знае да склопи нешто. Иначе онлајн пратам повеќе радија што вртат 80ти, 70ти и многу добра музика открив благодарение на нив.
 

TOT

sorcerer
Член од
2 јануари 2019
Мислења
183
Поени од реакции
154
Poglupo nema od radio, pa uste nasabajle da te remetat so random bljuvotini....fala ama ne. Pustas na sabajle na primer dancing galaxy od Astral Projection do daska i putues. Za nakaj doma Hot Since 82 da receme i taka nataka, radio nikako i TV nikako.
 
Член од
20 јули 2021
Мислења
2
Поени од реакции
8
слушање музика на радио
Cметам дека е многу интересно, ве прави мелодичен кон музиката и се чувствувате толку олеснето, музиката нè тера да го опуштаме умот за да имаме повеќе идеи на работа, ни помага да ги зајакнеме вештините за слушање, читање и пишување, особено вештини за комуникација и презентација
слушање музика на радио
Cметам дека е многу интересно, ве прави мелодичен кон музиката и се чувствувате толку олеснето, музиката нè тера да го опуштаме умот за да имаме повеќе идеи на работа, ни помага да ги зајакнеме вештините за слушање, читање и пишување, особено вештини за комуникација и презентација
radio luisteren ова е местото каде што научив и слушав
 

Scirea

Старата Дама
Член од
4 август 2010
Мислења
22.163
Поени од реакции
61.183
Антена 5, Сити, Метрополис, Бубамара даваат 2 песни, потоа пуштаат реклами 30 минути... Ебати таквата програма.
Лајф и Капитол цепаат само со музика, имаат реклами и тие али ги даваат многу ретко, а и кратко траат.

На работа пуштам интернет радиа, Бубамара, Накси или полското РМФ, имаат голем избор на жарнови за слушање.
 

Tyrael

Transhumanist
Член од
21 јуни 2021
Мислења
87
Поени од реакции
131
Не, не можам да слушам музика на радио. Да ми се погоди некоја песна што не можам да ја смислам па да треба да го акнам од земја радиото.
 
Член од
17 март 2015
Мислења
1.324
Поени од реакции
5.158
секој ден на работа, кога следуваат вестите го гасам.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
7.336
Поени од реакции
3.129
Јас слушам антена 5 од 9 до 10 сабајле.
СОУЛ РЕЛИ
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
3.522
Поени од реакции
5.800
Ех имаше едно време Багдад УХФ, нормално 81 ва и нормално во Ирак. На англиски беа дечките, врв музика цепаа.
Во Русија Радио Мајак го слушав. Трахемберг беше цар. Умре во емисија во живо :(
Од нашиве на времето Равел, сега чат пат втора.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom